Услови и правила

Форумот на ТВ Пакет, не сноси одговорност за содржините и мислењата кои се објавени од страна на регистрираните членови. Објавените содржини ги изразуваат само ставовите на нивните автори.

Форумот е достапен за лица над 13 години. Ако сте помали од ова, ве молиме не се регистрирајте на овој форум. Ако се регистрирате на овој форум, вие потврдувате дека сте на оваа возраст или постари.

Сите објавени, качени, споделени содржини можат да бидат разгледани од членови на администрацијата. Сите содржини што ги објавувате или качувате можат да бидат испратени на потврдување со цел да се спречи спамирање. Не објавувајте содржини за кои сметате дека се доверливи или приватни.

Вие се согласувате дека нема да го користете форумот за да објавите врска (линк) кон некоја содржина со клевета, навреда, омрза, закана, спам, содржина за возрасни, содржина со лични податоци за други лица, кршење на авторски права. Вие сте целосно одговорни за содржината и за било каква штета што произлегуваат од таа содржина или однесување.

Ние можеме да ги отстраниме или измениме сите содржини поднесени во секое време, со или без причина, со или без известување. Барањата за отстранување или промена на содржината ќе бидат преземени само по наше дискреционо право. Ние можеме да го прекинеме пристапот до сите или било кој дел од Услугата во секое време, со или без причина, со или без известување.

Вие ни давате право на нас со неисклучива, постојана, неотповиклива, неограничена лиценца за користење, објавување или повторно објавување на вашата Содржина во врска со форумот. Вие ги задржувате авторските права над содржината.

Овие услови може да се променат во секое време без претходна најава.

Ако не се согласувате со овие услови, немојте да се регистрирате или да ја користите Услугата. Употребата на Услугата претставува прифаќање на овие услови. Ако сакате да го затворите вашиот акаунт, ве молиме контактирајте со нас.

Top