Влатко Лозаноски

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Биографија


Влатко Лозаноски својата популарност ја стекна појавувајќи се во талент шоуто Мак Ѕвезди.

Во јуни 2008 година ја освојува Гран при наградата на првиот Mакедонски радиски фестивал наречен Ѕвездена Ноќ.

Песната "Врати ме" е неговиот прв официјален сингл.
Во октомври 2008 година ја добива Гран при наградата на најпрестижниот музички фестивал во Македонија - Макфест.
Интернационални Учества
- "Pjesma Mediterana” – Будва, Црна Гора 2009 година со нумерата “Душо Варљива” музика и арранжман на Лазар Цветковски, текст на Миодраг Врчаковски.
- “Slavjanski Bazar” – Витебск, Белорусија со две нумери: Блиску До Мене и Сонце Не Ме Грее. Постигнат успех: второ место.
- “Golden Wings” – Кишињев, Молдавија фестивал за дуети, заедно со Магдалена Цветкоска. Со две нумери: "Сонце Не Ме Грее" и "I'm Your Angel". Постигнат успех: втото место.

- Испеани се и две народни песни, кој се изработени за проект на општина Битола. “За Кого Ти Цути Дано Лицето” и втората е “Мори Моме Малој Моме” заедно во дует со пејачката Здравкица. Арранжманите ги направи Миодраг Нечак.
Неговиот прв албум е наречен “Лозано” и излезе на почетокот на 2010 година.

На неговиот албум се наоѓаат:

1. Нема да е крај на свет

2. Обичен без тебе

3. Dusho Varljiva

4. Врати ме

5. Зелена

6. Блиску до мене

8. Очи што тајни кријат

9. Биди тоа што си ти

10. За кого ти е срцето


 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
За мене најдобриот македонски пејач во моментов со супер песни
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Влатко зрел за солистички концерт




Пејачот, кој изминатава година беше мошне активен, издаде албум и настапи на повеќе фестивали, сега е преокупиран со подготовките за својот прв голем солистички концерт, но не сака да открива детали оти вели дека тие можат да доживеат промена

Првите денови од 2011 година Влатко Лозановски ги минува работно. Приоритет, покрај настапите, му се подготовките за солистичкиот концерт. Популарниот пејач ветува дека обожавателите ќе присуствуваат на квалитетен настан со врвна музика и пеење.

- Засега не можам да откријам повеќе детали за концертот бидејќи тие се разработуваат и можеби ќе доживеат промена. Би сакал да има што повеќе музика и пеење, а изведбата на музичарите што ќе бидат вклучени во овој проект да биде перфектна. Локацијата е одбрана, се очекува да се среди финансискиот дел, кој мислам дека за сите што се занимаваат со мојата работа е проблем. Се надевам дека ќе ни излезат во пресрет некои спонзори со кои преговараме и дека ќе ни помогнат во работата што сме ја почнале - вели Лозановски.

Одлични реакции

Влатко во 2010 година беше мошне активен. Во јануари го издаде деби-албумот „Лозано“, промовира интернет-страница и беше четврти на националниот евровизиски избор со темата „Летам кон тебе“. Тој учествуваше на фестивалот „Си сонгс“ во Украина , а од април до ноември беше заштитно лице на проектот „Позлати го животот“.

- Реакциите за албумот се одлични. Презадоволен сум што публиката ги знае сите песни и што во новите талент-шоуа што ги следиме на телевизиите учесниците ги пеат моите песни. Од ангажманите би го издвоил моето учество во „Позлати го животот“. Првпат бев вклучен во нешто толку големо и презадоволен сум од резултатот. Траеше шест месеци и мислам дека на крајот беа одбрани вистинските три идеи. Се надевам дека парите што ги добија трите најдобри идеи ќе ги искористат рационално, за она за што беа наменети - вели пејачот.

Добар тим околу себе

Лозановски ништо не остава на случајноста. Работи внимателно на секој сегмент од кариерата. Тој принцип ќе го почитува и при создавањето на вториот албум.

- Подолго време работам на новиот материјал, на кој има убави песни и верувам дека ќе им се допаднат на тие што ја сакаат и ја почитуваат мојата работа, пред с`, на фановите. Меѓутоа, внимателен сум и не сакам да избрзам со селекцијата на песните. Искрено, имам голем избор на нумери, но треба да се одберат вистинските. Претпочитам мелодиската линија да е добра, композициите да имаат добар текст и аранжман. Значаен ми е секој детаљ од темата. Реално, за оваа работа имам добар тим околу мене и се надевам дека на крај с` ќе биде добро, за да не ги разочарам фановите, а ни себеси - вели Лозановски.

Промената во музичкиот израз е неизбежна и во неговиот случај. Но, тој најавува дека нема да побегне од себе и својот стил.

- Премногу се трудев околу тоа во кој правец да продолжам и се надевам дека најдов еден, кој е вистински. Во тоа ми помага и мојот продуцент Лазар Цветковски. Сакам да експериментирам и да понудам нешто ново и различно од мене. А тоа ќе биде видливо во новата песна што ќе ја промовирам по празниците - завршува Лозановски.

Истече договорот со „Продукција Република“

Влатко Лозановски од неодамна не е дел од „Продукција Република“, под чија закрила работеше и снимаше повеќе од една година.

- Од соработката со „Продукција Република“ имам позитивно искуство. Благодарен сум им за с` што направија за мене. Реално, договорот ми заврши пред извесно време, но тоа не значи оти нема да соработуваме во иднина. Напротив, расположен сум за секаква соработка со нив - вели пејачот.​

Dnevnik.com.mk
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#4
Преубави песни. Моментално ми е еден од најомилените. Веќе спремал значи нов албум.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#5
Ме иритира со самата појава. Порано повеќе го ценев. Откако видов дека на живи свирки доаѓа само ради реда без да направи асално шоу не го ценам веќе. Истото важи и за Тарабунов, кој на последната жива свирка дојде со изјава дека му бил полу-дигнат, може беше заматен али не доликуваше таквото однесување.

Срамота. :off:
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
Мене Влатче ми е (по милионити пат) ќе кажам дечко со најголеми хитови и најдобри песни моментално. Малце го глеав беше кај Жаре Бербер ама дека овој ногу се сељачеше не успеав многу да го пратам. Од тоа што слушнав дека си призна да не го бива за шоу на сцена али работи на тоа. Потполно се согласувам, прекрасен вокал, преубави песни му фалат само подобри сценски настапи. И одвај го чекам новиот албум
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,945
Допаѓања
6
Поени
38
#7
Прочитав дека Влатко си заминал од Република.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#8
Burrows напиша:
Прочитав дека Влатко си заминал од Република.
Да кажа и во емисијата Кој те шиша сега нема нитит менаџер нитит екипа која се грижи за него ,ама по настапи оди со тетовскиот бенд Офсајд
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Да и ептен се јаки баш пред некој ден му бев на свирка ( беше придружуван од Офсајд), лудници се. Очи што тајни кријат ни беше хит
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#12
Убав спот и убава песна. Супер е таман за пчетокот на летото календарски.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#14
Песната се вика Мандарина, а во спотот портокали :406389:

Го гледам сега пак спотов и стварно можело да се направи и подобро . Требало на крајот да има бар неоја сцена Влатко со девојките .
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#15
Зошто ваква песна за камбек? :okokoren: Спотот е добар, ама песната воопшто не ми се свиѓа и не може да се спореди со негови претходни.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#16
По Мандарина пак Влатко има нова песна во летен период. Како тебе нема друга се вика песната и спотот е сличен како оној на Мандарина со базен.

Моментално пишувам од мобилен кој ми е премногу спор и затоа не ќе можам да го ставам тука спотот и песната.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#18
Супер му е новава песна.

Иначе fi-bi користи го кодов за подобар преглед на видеото,
Код:
[MEDIA=youtube][/MEDIA]
во средина на кодот пиши го делот од јутјуб линкот што е после watch?v=
 

fb-bi

Нов Член
Мислења
36
Допаѓања
0
Поени
0
#19
M@RKO напиша:
Супер му е новава песна.

Иначе fi-bi користи го кодов за подобар преглед на видеото,
Код:
[MEDIA=youtube][/MEDIA]
во средина на кодот пиши го делот од јутјуб линкот што е после watch?v=
Океј