Дискусии за прајмтајм сериите

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
Сите дискусии за серии, новости за новонајавени серии во САД, трачеви за глумци и слично во оваа тема.​
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#2
Re: USA TV News

Еве една прегледна листа за тоа кога стартуваат новите и повратничките серии на националните мрежи во Америка:

04.01.2011
ABC V (2nd Season)

09.01.2011
FOX Bob's Burgers
NBC The Cape

12.01.2011
ABC Off the Map

17.01.2011
NBC Harry's Law

20.01.2011
NBC Perfect Couples
NBC Parks and Recreation (3rd Season)

07.02.2011
FOX The Chicago Code

09.02.2011
ABC Mr. Sunshine

16.02.2011
CBS Criminal Minds: Suspect Behavior

21.02.2011
CBS Mad Love

23.02.2011
CW Shedding for the Wedding

29.03.2011
ABC Body of Proof
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#3
Re: USA TV News

Еве една листа објавена во последниот број на Антена +, во која се пишува за 10-те најдобри серии за 2010-та според интернет-порталот Салон (мислам дека не се по некој редослед):

Community
30 Rock
Men of a Certain Age
Louie
Parks and Recreation
Bored to Death
Walking Dead
Modern Family
Mad Men
Broadwalk Empire
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #4
Re: USA TV News

FOX денеска објави дека Raising Hope ќе добие втора сезона.

ABC обнови шест серии: Brothers & Sisters, Private Practice, Grey's Anatomy, Modern Family, The Middle и Cougar Town.

Update: ABC Family ги обнови Pretty Little Liars и Secret Life of the American Teenager.​
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#5
Re: USA TV News

Кај ABC имаш набројано 7 серии, Desperate Housewives ти е вишок. :)
Всушност, прочитав дека имало шушкања за можно заминување на главните актерки после сезонава. Сеуште нема ништо официјално.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#6
Re: USA TV News

Само обновување на Домаќинките и ништо друго не ми треба. Зашто не е во листава, не знам. Нека тера серијата уште 10 сезони, најдобри се.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #7
Re: USA TV News

Beauty напиша:
Само обновување на Домаќинките и ништо друго не ми треба. Зашто не е во листава, не знам. Нека тера серијата уште 10 сезони, најдобри се.
Јас искрено би сакал уште сега да се знае дека осма сезона би бил крајот и барем да имаат добро смислен крај а не на сред сезона да мислат завршеток. Доволно се осум сезони.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Re: USA TV News

Chris напиша:
Па кога гледаш дека актерките веќе се изморени од серијата, и посакуваат излез, подобро е да се заврши со добро, а не да избегат уште оваа сезона :haha:
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#10
Re: USA TV News

А кои актери ќе напуштаат? Јас прв пат слушам.
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Re: USA TV News

Јас мислам дека е доволно од Домаќинки, може да завршат со седма сезона, евентуално уште една да направат. Епизодите сеуште се интересни да, но сезонава веќе се чуствува онаа истоштеност и неинвентивност кај креаторите што се одразува кај секоја серија во многу сезони.
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Re: USA TV News

Четрите главни актерки се уште немаат потпишано договор за понатаму. Не се знае дали ќе продолжат. Јас не ги гледам Домаќинкиве и ве разбирам дека не сакате да завршат, но искрено подобро со осум нормални сезони отколку 15 сезони со некои нови актерки што ќе пробуваат да ги заменат овие...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Re: USA TV News

Не сакам со седма затоа што нема да испланираат соодветен крај за серијата, сакам да се знае уште сега дека осма ќе е крајот, и целата последна сезона да биде таква за да се чувствува дека уште малку е крајот :ehh:
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Re: USA TV News

Не заборавајте дека серијата е на ABС, а на нив најважен им е рејтингот. Не би се изненадил да кажат сега дека ова е крај и набрзина да снимат и да се исподеси се како лани со Бети.
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Re: USA TV News

LucasScott напиша:
Јас мислам дека е доволно од Домаќинки, може да завршат со седма сезона, евентуално уште една да направат. Епизодите сеуште се интересни да, но сезонава веќе се чуствува онаа истоштеност и неинвентивност кај креаторите што се одразува кај секоја серија во многу сезони.
Сигурно е дека ќе има 9 сезони, само не се знае со кои актерки.. односно не се знае кои од оригиналната екипа ќе останат (ќе се испазарат), а кои не. :)

Инаку одлична вест за Биг бенг. :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#17
Re: USA TV News

А Домаќинки зар има мал рејтинг што мислите да ја укинуваат?
Што се однесува до промена на актерки, мене секоја нова домаќинка ми е нспоредлива со главните четири. Затоа е лошо ако некоја од тие четири напушти.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#19
Re: USA TV News

Ве читам и не ми се верува што читам, отсекогаш се плашев дека ќе дојде ваков период кога ќе се зборува за крајот на оваа серија, стварно не знам како би се справил со тоа, ептен сум приврзан за серијава.
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#20
Re: USA TV News

@муабетот за рејтингот на DH

Домаќинки е се’ уште една од 15-те најгледани серии во САД и после 7 сезони. Ерозијата на гледачите е нормална со ваквите драми и никогаш не е возможно да се избегне. Во секој случај, серијата со сегашниот рејтинг е далеку од опасната зона за укинување (ако се занемари проблемот со договорите).

Во другите вести, Мајкл Емерсон (Бен од LOST) ќе гостува во една епизода од драмата на NBC - "Parenthood".

http://darkufo.blogspot.com/2011/01/michael-emerson-to-guest-on-parenthood.html