Евровизија 2017: Киев, Украина

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


9, 11 и 13 мај 2017

Потврдено учество (23 засега):

Австрија
Белгија
Германија
Грција
Данска
Ерменија
Естонија
Израел
Ирска
Летонија
Норвешка
Полска
Португалија
Русија
Словенија
Украина
Унгарија
Финска
Франција
Холандија
Швајцарија
Шведска
Шпанија
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
Re: Евровизија 2017: Украина

Евровизија 2017 во трката за избор на град домаќин како Олимписки игри!

По првата средба на Националната украинска телевизија и ЕБУ оддржана на почетокот на јуни годинава, веќе на 23 јуни Националната телевизија и Владата на Република Украина формално го објавија процесот на пријавување на заинтересираните градови за домаќин на 62-то издание на Евровизија.

поважни датуми околу изборот на град домаќин

24 јуни – 8 јули: Заинтересираните градови може да ги праќаат своите апликации.
8–15 јули: Работната група на НТУ и организациските комитети ги разгледуваат апликациите и нивната формална презентација.
18–22 јули: Градовите кандидати ги презентираат своите апликации пред комитетите; три градови кандидати се избираат за во финалната фаза.
22 јули - 1 август: Финалните градови кандидати ќе бидат разгледувани од страна на ЕБУ и членови на организациските комитети за да ја истражуваат инфраструктурата на градовите и нивните апликации. Кога одлуката ќе биде донесена, прес-конференција ќе биде оддржана да ги објави резултатите од изборот и да го именува градот домаќин.
услови за избор на град домаќин

- Арената мора да има покрив и да биде со капацитет од најмалку 7,000 гледачи, најдобро сценарио до 10,000 гледачи.
- Хотелски сместувања кои што мора да бидат според европските стандарди и разумни цени на хотелски соби кои се идеално лоцирани во однос на релацијата на арената и центарот на градот. Градот домаќин мора да биде спремен да понуди најмалку 2,000 соби; 1,000 за делегациите на учесниците јавните сервиси и уште 1,000 за акредитираните медиуми и фановите.
- Градот домаќин мора да гарантира за безбедност и сигурност на учесниците, членовите на делегациите и гостите.
- Градот домаќин мора да има модерна транспорт инфраструктура; интернационален аеродром, достапност на регуларен транспорт помеѓу аеродромот, градот и хотелите како и безбеден сообраќај во градот.
- Интернационалниот прес центар мора да биде направен така што ќе овозможи присуство на не помалку од 1,550 новинари.
- Локациите за свеченото отварање како и сите останати настани мора да овозможат присуство на најмалку 3,000 гости.
- Градот мора да понуди социјална програма покрај нивната апликација, која што треба да вклучува оригиналност, културни вредности, идентитетот на градот и Украина како и пријатно гостопримство.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Re: Евровизија 2017: Украина

Шест градови ги испратија своите апликации до 8 јули:
Днепар, Харов, Херсон, Киев, Лавов и Одеса.


Киев, Одеса и Днепар во потесниот круг за избор на град домаќин!

Од конкуренција за избор на град домаќин на Евровизија 2017 излегоа градовите Харов, Херсон и Лавов. Сепак, како што истакнува Викторија Романова, заменик генерален директор на НТУ и шефица на евровизиската делегација на Украина, ниту еден од шесте иницијално пријавените градови не ги исполнува 100% од зададените услови сепак има подрачја на кои треба и понатаму да се работи. Меѓутоа, после внимателно разгледување на понудените пријави, арената, безбедносната ситуација, достапноста на хотелските капацитети, аеродромите, финансиската издржливост и сл., работната група се определи во понатамошната “борба“ за град домаќин да продолжат три градови.

Киев и понатаму се смета за главен фаворит, а за фаворит од сенка се смета Одеса, додека Днепар полека почнува да се наметнува како сериозен кандидат, со оглед на тоа што градските власти најавуваат завршеток на големата арена EuroArena, која беше планирана за EuroBasket 2015, чиј капацитет би бил 9,500 гледачи.

Киев има две опции за арена, Palace of Sports (10,000 гледачи) која беше домаќин на Евровизија 2005, и Интернационалниот конгресен центар кој има капацитет од 13,000 гледачи, но сепак се смета за резервна арена.

Одеса го понуди Chornomorets Stadium кој би требало да добие покрив доколку самиот град биде избран за домаќин. Неговиот капацитет изнесува од 10,000-12,000 гледачи.

Промотивни видеа на трите градови-кандидати >



 

Taki252

Активен Член
Мислења
2,634
Допаѓања
0
Поени
36
#4
Re: Евровизија 2017: Украина

Ќе биде убаво ако ја одберат Одеса, убав крајбрежен град. :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#5
Re: Евровизија 2017: Украина

Боби, ова е твој текст или од некаде превземен?
За да знам дали да објавам на сајт.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
Re: Евровизија 2017: Украина

Beauty напиша:
Боби, ова е твој текст или од некаде превземен?
За да знам дали да објавам на сајт.
Дел од мене, дел од escserbia.com
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #7
Re: Евровизија 2017: Украина

Во тек е состанокот за Македонија на Евровизија 2017.

Член на ESCForum-от со први информации наскоро.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#8
Re: Евровизија 2017: Украина

Боби Андонов е првиот на сликата во таблетот. Е тој ќе биде одличен избор, дај боже да се одлучат за него.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Веста на Марко превземена од македонските медиуми беше целосно неточна, па еве нови информации.

Домаќинот на 62. издание на Евровизија ќе биде украинскиот главен град Киев! За време на своите пријави, Киевчани како место за оддржување на изборот го избраа Меѓународниот изложбен центар, кој за потребите на Евровизија ќе угости 12 или 14 илјади луѓе. Во градот ќе бидат пет фан зони и тоа на плоштадот Софијска (каде што ќе биде сместено Евровизиското село), Контрактова, Михајливска, Поштова и Тројицка. Евроклубот ќе биде сместен во Parkovy Convention and Exibition Center, а свеченото отварање ќе се оддржи пред катедралата света Софија.

Ова ќе биде четврто натпреварување организирано од ЕБУ во Киев, по Евровизија 2005. и Детската Евровизија во 2009. и 2013 година.


Евровизиската сала:

 

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,391
Допаѓања
43
Поени
48
#10
Re: Евровизија 2017: Украина

Bobi! напиша:
Во тек е состанокот за Македонија на Евровизија 2017.

Член на ESCForum-от со први информации наскоро.

Има нешто новости од ова? :rolleye:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #11
Re: Евровизија 2017: Украина

Hook'O напиша:
Има нешто новости од ова? :rolleye:
Ништо засега, јас мислам дека до ноември веќе треба да го имаме бар претставникот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#12
Нема соодветна тема па тука ќе пишам.
На јуниорската или позната на балканов како детска евровизија покрај нашата Мартија и Дуња Јелчиќ од ланските Пинк ѕвездички ќе настапува за Србија со песната У ла ла
https://www.youtube.com/watch?time_cont ... d8klEqQaKA
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Дали ова мене ми е подобро од повеќето наши песни кои сме ги пратиле на “возрасната“ Евровизија?

:jupi: :jupi: :jupi:

Браво! Нека ова биде повод да се надеваме во 2017 дека ќе слушнеме нешто модерно и на сцената во Киев од нас.

 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#14
Не изгледа како песна која би поминала добро на Детска Евровизија (се надевам дека не сум право). АМА е одлична за дебито на Мартија и мене лично ми е на repeat овие денови. Многу ми се допаѓа. Девојчево има потенцијал за светска слава.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#15
Дај ви се молам, личи ова на песна на 12 годишно девојче? Па ја гледм како почнала да се облекува, со шминки, штикли, деколтеа, тоалети.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#16
Епа такви се повеќето денешни деца. Песната е предобра ама точно не деца од 12 години.

Најприкладни песни како за деца од 12 години на детска евровизија имаа Ања Ветерова Ео ео и Mартина со песничката Забава.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#17
Beauty напиша:
Дај ви се молам, личи ова на песна на 12 годишно девојче? Па ја гледм како почнала да се облекува, со шминки, штикли, деколтеа, тоалети.
Што фали на песната и спотот? Текстот е сосема на место.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#18
Ајде текстот и песната е сосема ок но толку шминки, деколте не баш за 12 годишно девојче. Тоа треба да и почека малку за кога ќе има 18, 19, 20, 21 па тогаш нека го носи овој стил. Али како што кажав повеќето денешни дева се такви со стилот.

Еве ја бугарската
https://www.youtube.com/watch?v=qMwjTU1T2W8

Децава на јуниорскава или како што е позната кај нас детска евровизија има многу таленти од деца пеат, растураат. Можам да кажам и песни имаат доста подобри од на евровизијата за возрасни.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#19
Кој што сака нека каже,Мартија е најдобра !
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
#20
Мене ми се допаѓа песната на Мартија, баш мислам дека е соодветна за една тинејџерка. Имам чувство дека ќе го добиеме третиот топ 5 пласман после осум години и тоа ќе биде сосема заслужено!