Евровизија 2018: Лисабон, Португалија

  • Автор на оваа тема Hook'O
  • Датум кога е започната темата

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,391
Допаѓања
43
Поени
48
Автор на оваа тема #1

8, 10 и 12 мај 2018

63-то издание на Евровизија се оддржува во Лисабон, Португалија со 43 земји учеснички,
повторувајќи го рекордот од 2011.




Одамна требаше да се отвори темава, чекав Боби традиционално да ја отвори, ама го нема. Да не коментираме веќе во ланската тема. :)
 

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,391
Допаѓања
43
Поени
48
Автор на оваа тема #2
Изгледа МРТ ќе си тера по старо со сценографијата и ќе ја уништи и овогодинешната шанса за финале. :off: :off:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#3
Антониа Гиговска, Дина Јашари, Валери Димовска, Јана Андреевиќ Лазарова се дел од тимот како пратечки вокали.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#4
Супер. Квалитетни млади вокали кои поради ужаснава економска ситуација на земјава, не може да просперираат.
 
Мислења
113
Допаѓања
0
Поени
16
#5
Јана ги правеше сценските настапи на Ѓоко 2010, Влатко 2011, а и помагала и на Јана лани. Тимот што губи кај нас не се менува.

Не очекувајте нешто добро или оригинално.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#6
Тоа и без да се каже, се знае. Од друга страна, само првите песни што ги праќавме на Евровизија, се памтат и слушаат и ден денес.
100 посто те љубам, Од нас зависи, Нинанајна... другите ги памти некој?
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#7
Јас ги памтам и Мојот свет, Русинка, Нешто што ќе остане и Црно и Бело :)
 
Мислења
113
Допаѓања
0
Поени
16
#8
„Црно и бело“ е дефинитивно запаметена. „Мојот свет“ исто така многумина ја памтат. За другите зависи, некои песни се запаметени од поединци, а некои пак тотално заборавени.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#9
Оставете вие што памтите, кој уопште памти Русинка, Мојот свет, Тијана, Јана и итн.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#10
Ја слушнав „Империја“ на Есма и Лозано пред некој ден после толку време и се шокирав колку звучи подобро и современо отколку во 2013-та. Тогаш звучеше како заостаната песна, сега баш делува како светски хит.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#11
Империја за мене е нешто најлошо што можеше тогаш да се направи. Фала богу прпадна таа песна и не отидоа со таа на Евровизија.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#12
А другиве што не претставувале па едни квалитетни, затоа и сите станаа "хитови" :406389:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,533
Допаѓања
72
Поени
48
#13
За мене најдобра Евровизиска песна од наши претставници е на Владо Јаневски Не Зори Зоро.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#15
M@RKO напиша:
Империја за мене е нешто најлошо што можеше тогаш да се направи. Фала богу прпадна таа песна и не отидоа со таа на Евровизија.
Таа со која отидоа беше далеку полоша, што го покажува и самиот пласман таа година.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#17
Ни јас. Хаха. Ни на крај памет, без да гуглам. Ниту онаа на Тијана ја знам, ниту на Јана...
 

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,391
Допаѓања
43
Поени
48
Автор на оваа тема #18
На Јана песната мислам дека подобро помина кај европската публика отколку кај нас. Меѓу најпопуларни би ги издвоил Нинанајна, 100% те љубам и Црно и бело. Евровизија следам од Од нас зависи, ама таа мислам дека лично ми остана запаметена. Во најлоши би ги ставил Ѓоко Танески, Влатко Илиевски и триото од 2008.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#19
Даниел Кајмакоски имаше убедливо најкатастрофален настап од сите македонски учесници во историјата.