Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Евровизија 2020: Амстердам, Холандија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1




Во мај 2020-та година ќе се одржи 65-тото издание за Изборот за песна на Евровизија 2020
. Спектаклот се префрла во Холандија, која со Данкан Лоренс победи во 2019-та и ја донесе Евровизија во својата земја.

- мај, 2020 година -
Избор за песна на Евровизија 2020
 
Допаѓања: Steff

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#2

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#3
Косово не може да учествува на „Евровизија“
Косово (сè уште) не може да учествува на популарниот европски фестивал, одлучено е на генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) што се одржа во норвешката престолнина Осло. На собранието се разгледувале можни промени во статутите на Унијата и секој од претставниците на националните сервиси можел да гласа, меѓу другото, и за можно проширување со нови членки. Една од темите била за косовскиот национален сервис РТК да добие полно членство во ЕБУ, вклучувајќи го и правото за учество на „Евровизија“.

Имено, за една земја да биде членка на ЕБУ треба да исполнува неколку критериуми, меѓу кои членство во Меѓународната телекомуникациска унија (International Telecommunications Union), па на денешната седница на дневен ред било и евентуално отстранување на овој критериум, со што би се овозможило РТК да поднесе барање за полно членство во ЕБУ. За време на состанокот, повеќе земји, вклучувајќи ги Кипар, Грција, Србија и Шпанија, побарале тајно гласање и истото било одобрено од ЕБУ, така што крајниот резултат бил добиен во тајност. Според резултатите, 400 гласале за, а 673 против, додека 113 останале воздржани, така што правилото останува исто – секој национален сервис што ќе аплицира за полно членство во ЕБУ, мора да биде дел од Меѓународната телекомуникациска унија и од Обединетите нации. Косово засега не е член на ниту една од овие унии.

Сепак, иако вратата за РТК засега останува затворена, околностите можат да се променат. Генералното собрание на ЕБУ се одржува секоја година, па доколку во меѓувреме статусот на Косово се промени, РТК ќе може да добие полно членство. Исто така, ЕБУ може во секое време да одлучи да ја покани РТК на „Евровизија“, како што беше случајот во 2011 за евровизискиот натпревар за млади танчери (Eurovision Young Dancers). Ова правило им овозможи учество на евровизиски настани и на националните сервиси на Австралија и на Казакстан.
Извор: escxtra.com / Radiomk.com
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#4
Не знам кај да го пишам па ќе го пишам тука.

На Јуниорската Евровизија во ноември во Полска ќе нè претставува Мила Москов. Честитки за Мила!

Мила е од Прилеп и има 14 години. Нејзиниот професор по соло пеење, Денис Димоски, ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија 2005 со „Роденденски бакнеж“, со која го зазеде осмото место.