Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Известувања поврзани со членовите

  • Автор на оваа тема Крис
  • Датум кога е започната темата
Статус
Не е отворен за идни мислења.

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
4,016
Допаѓања
260
Поени
83
Тука сум! Конечно. 46464 Овие два-три дена пукнав! Немаше што да правам и си реков малку да покоментирам на Кајгана форумот. Е арно ама таму биле НАЈДОВРАТНИТЕ членови. Дали навикнати си сме ние овде на поинаков начин на коментирање или што беше работата не знам. :neznam: Битно знам дека се испокарав и си кркав бан. :lilee:

Дани, фала што се потруди. :namignuva:
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,676
Допаѓања
4,621
Поени
113
SomebodyUnique напиша:
Немаше што да правам и си реков малку да покоментирам на Кајгана форумот. Е арно ама таму биле НАЈДОВРАТНИТЕ членови. Дали навикнати си сме ние овде на поинаков начин на коментирање или што беше работата не знам. :neznam: Битно знам дека се испокарав и си кркав бан. :lilee:
Јас така правев во почетокот на кајгана. Но, сега ги полудувам. Ме мразат од дното на душата.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
4,016
Допаѓања
260
Поени
83
:haha: :haha: :haha:

Јас досега го посетував само ако имав да прашам нешто. Не се впуштав во дискусија и не знаев дека биле одвратни. Фуј! Полудувај ги, Дани, така им треба нив! :haha:
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
Па ако си изигравал дежурен кловн и си спамирал, деновите сигурно ти биле одбројани тамu. :406389:

Инаку welcome back.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
4,016
Допаѓања
260
Поени
83
Според мене, тие не функционираат како нас. Јас си коментирав како тука. Пишав нешто во врска со ГОТ дека Санса ми е омилен лик итн. и еден/една Ilumious ми вика бадијала пишуваш ко не ја гледаш серијата. И ја отерав у*м! Бев изнервиран и му реков на админот да ми кажи како да го избришам членството или ако нема таква опција да ме банира. И ни пет ни шест ми ја исполна желбата. :haha:
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,676
Допаѓања
4,621
Поени
113
Ама и тука еднаш го побара истото, ако добро се сеќавам.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
4,016
Допаѓања
260
Поени
83
:haha: Добро се сеќаваш. Минати времиња се тоа. Не сфаќав некои работи. Тогаш барав да ме банираат а сега едвај дочекав да ми се активира членството. :D На овој форум сме помалку и сите подобро се знаеме за разлика од Кајгана. Во ниту еден момент не се чувствував убаво додека го посетував. Ни членови знаев ни админи.
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,676
Допаѓања
4,621
Поени
113
Членот Марко е баниран на еден ден поради повторување на исти постови во иста тема, и покрај неколкуте предупредувања.
Во моментов и членот SomebodyUnique е баниран на неколку дена.
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,676
Допаѓања
4,621
Поени
113
Членот monostudio е баниран на еден ден.
Причина - спамирање во темата на А1 телевизија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,545
Допаѓања
289
Поени
83
Beauty напиша:
Членот monostudio е баниран на еден ден.
Причина - спамирање во темата на А1 телевизија.
monostudio ? Не е ли motionstudio најверојатно имаш грешка при пишување.

Не гледам дека месецов тој член спамирал, ако спамирал спамирал одамна а тебе ти текна сега да го банираш :406389:
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
4,016
Допаѓања
260
Поени
83
Чудни работи се случуваат во последно време на форумов. :neznam: Администрацијава малку избега од контрола.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Кога тогаш ќе ве доведеме во ред и форумов ќе функционира беспрекорно!
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,676
Допаѓања
4,621
Поени
113
M@RKO напиша:
Beauty напиша:
Членот monostudio е баниран на еден ден.
Причина - спамирање во темата на А1 телевизија.
monostudio ? Не е ли motionstudio најверојатно имаш грешка при пишување.

Не гледам дека месецов тој член спамирал, ако спамирал спамирал одамна а тебе ти текна сега да го банираш :406389:
Не е точно, сликите кои ги поставуваше денес се веќе којзнае колку пати поставувани, за вестите. И непрекинато ги поставуваше иако му беа избришани.


Она што мене не ми е јасно и кое не ми се допаѓа е банирањето на членот Бајрон од Србија кој е еден од секогаш квалитетните постери и чии постови секогаш беа добредојдени за сите.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Дани, со Бајрон да си се дружиш на српскиот фору ако ти прија. Овој форум е историја за тој член.
 

Gledy

Активен Член
Мислења
629
Допаѓања
91
Поени
28
LucasScott напиша:
Кога тогаш ќе ве доведеме во ред и форумов ќе функционира беспрекорно!
Интересно ;) само гледајте да не почнете и да тепате преку компјутерите .. позче ;)
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #199
Гледам дека сте кренале бунт против одлуката на Јовица (Лукаскот) да го избрише профилот на Бајрон, ми стигнаа милион пораки и меилови од анонимни членови на форумов, истите бараат Јовица да се тргне од позицијата, а меѓу нив беше и самиот избришан член.

Јас разговарав со Јовица и му кажав дека одлуката за целосно бришење на профил е погрешна, тоа не е дозволено на форумов и повеќе нема да се случи со ниту еден друг член, без разлика што направил истиот. Јас како администратор жалам за избришаниот профил и му дозволувам на Милош (Бајрон) да се врати тука со тоа што нема да влегува во конфликти со администраторите.

Знаете дека немам време да се посветам на овој форум сум го кажал тоа многу пати и жал ми е поради тоа, Јовица е поставен на местото на администратор на форумот и јас сум задоволен од тоа како го води, ако го тргнам овој случај на страна. Причината поради која што ја пишувам оваа порака е всушност молба до Дани и Дарко, (Бјути и Бароус) доколку се во можност да ја прифатат понудата да бидат управувачи на овој форум заедно со Јовица. Тоа го бараат и останатите членови. Не барам целосно посветување од никој од нив, само мислам дека ќе биде во посигурни раце доколку они бидат на тие позиции. Ги замолувам да размислат.
 
Статус
Не е отворен за идни мислења.