Калиопи Букле

  • Автор на оваа тема Кате
  • Датум кога е започната темата
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #1


Биографија:
Музичката кариера, Калиопи(родена на 28 декември 1966 г.) ја започнува на 9 години, со победата на детскиот фестивал "Златно славејче". Својот прв голем успех и полуларност во земјите од поранешна Југославија го постигнува со групата "Калиопи", со која 1985 година учествува на фестивалот "Опатија" и од страна на акредитираните новинари на Југославија добива награда за најдобра интерпретација за песната "Лео". Својот деби албум групата го издава во 1986 година за РТВ Љубљана под ист наслов "Калиопи". Истата година учествува и на Сплитскиот фестивал и за песната "Да море зна" добива награда за најдобар деби изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните на радиодифузијата. Вториот албум "Роѓени", кој излегува една година подоцна, се снима во Загреб и постигнува огромен успех, пред сe се издвојува мегахитот "Бато" кој и ден денес важи за еден од најголемите хитови во поранешна Југославија. Останати хитови од времето на групата "Калиопи" се: Кофер љубави, Да море зна, Остани у мени, Лео, Небо ми сја, Болеро Лора,...
Следат голем број настапи, фестивали, show програми за ТВ Загреб, ТВ Белград, ТВ Сараево, ТВ Титоград, голема концертна турнеја во Советскиот Сојуз. Во време на својата најголема популарност, Калиопи заминува во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нејзината активна музичка кариера, но сепак цело време е присутна на електронските медиуми во Македонија и поранешна Југославија, со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали.
Својот голем comeback, Калиопи, но овој пат како соло изведувач, го најавува со учеството на Скопскиот фестивал во 1996 година каде освојува Granprix на фестивалот, за конечно во 1999 година и дефинитивно да се врати во Македонија презентирајќи го својот нов албум "Обои ме" снимен во Базел, Швајцарија. Албумот "Обои ме" предизвика вистинска еуфорија во Македонија и одличен прием кај македонската публика и се продаде во рекорден тираж. Во 2000 година Калиопи оснива своја сопствена продукциска куќа - Kaliopi Music Production, која се занимава исклучиво со проекти врзани со работата на Калиопи. Веќе во почетокот на 2001 година, излегува нејзиниот втор соло албум на кој таа е комплетен автор на музиката и текстовите. Од 1999 година па до денес, Калиопи има издадено 8 албуми, од кои 5 комплетно авторски, и секој од нив е прогласен за албум на годината во Македонија.
Творејќи за своите албуми и за многу други македонски и странски изведувачи, Калиопи стана еден од водечките композитори и текстописци. Покрај поп музиката, свој "издувен музички вентил" пронаоѓа работејќи на неколку други уметнички проекти. Во текот на 2004 година компонира музика за две театарски претстави и ја игра главната женска улога во првиот македонски мјузикл "Чија си", во 2005 година ја компонира музиката за современиот балет "Јас, Исидора" и истата ја издава на носач на звук, а во 2007 година ја компонира музиката за првиот македонски играно-поетски филм "Елегија за тебе".
Зад Калиопи се 9 поп албуми, албум за балет, "Best Of" компилација, ДВД од јубилејниот концерт "30 години музика", преку 100 концерти ширум Македонија и надвор од неа, 3 големи концертни турнеи, 28 видео изданија за своите најголеми хитови, 3 документарни филма и 6 видео снимки од своите најголеми концерти, многубројни настапи и show програми, како и музика за филм, театар и современ балет, и уште многу друго. Останувајќи да создава и твори во границите на Македонија, Калиопи постави високи стандарди и втисна траен печат во македонската и балканската музика и уметност воопшто, станувајќи миленик на својот народ и македонска и балканска поп-дива.
Во својата долга и плодна кариера, покрај специфичната боја на гласот, извонредната моќ на интерпретација и како автор на голем број хитови, Калиопи се истакнува и со својата несебична соработка со други музички имиња како и со своите хуманитарни активности и работа на полето на подобрување и заштита на авторските музички права во Македонија.
Прогласена е за Почесен Амбасадор на УНХЦР од Македонија, Почесен Амбасадор на македонската економија во светот, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост "Мајка Тереза".
Минатата година, Калиопи го објави албумот "Oblivion" со светски познатиот гитарист и лаутист Един Карамазов, наменет за светскиот музички пазар. Заедно со светските музички ѕвезди Стинг, Рене Флеминг и Андреас Шол, Калиопи се најде и на последниот албум на Един Карамазов "Лаутата е песна", кој излезе под етикетата на дискографската куќа DECCA.
Моментално, Калиопи го издаде својот нов поп албум "Порака", кој освен во Македонија ќе биде објавен и во регионот.

Дискографија:
(група Калиопи)
- Kалиопи (1986)
- Роџени (1987)
(како соло артист)
- Обои ме (2000)
- Ако денот ми е ноќ (2001)
- Најмила (2002)
- Не ми го земај времето (2004)
- Probudi me (2007)
- Zelim ti reci (2008)
- Oblivion (2009)
- Порака (2010)

Веб сајт: http://www.kaliopi.com.mk/
 

emma-chan

Нов Член
Мислења
85
Допаѓања
0
Поени
0
#2
има многу убава боја на гласот многу ми се допаѓа и е многу убава :) :) :)
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#3
Песните од последниот албум имаат прекрасен текст, ама звучат како да се снимки во живо. Страшно.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#4
Не и требаше изјавата на Евровизија дека никогаш повеќе нема да пеела во Македонија, ми беше симпатична отсекогаш, но ете по таа изјава не ја мирисам баш многу. Што очекуваше она, дека ќе ја молиме? Пфф, :rolleye: како поп си се врати самата да пее кога виде дека никој не реагира.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#5
И мене не ми се допага кој знае колку многу. Има многу причини една од тие ја спомена и Крис во врска со Евровизијата. Ме нервира секогаш и тоа нејзино лигавење кога збори,таа театралност што ја носи со себе. Новиот албум и е добар али мислам дека првиот и незаменлив
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Мислам дека подобро и е во Хрватска, а не знам и што се враќа во Македонија кога толку се испонаша дека во Хрватска ја почитувале повеќе од Македонија и дека таму повеќе ја ценеле, а сепак тука прави промоции на албумот. Но добро, ова е нејзина територија и ја ценам како и да е. Поранешните песни ми беа хитови во целост, сега на прсти се бројат и нејзините хитови.
 
Мислења
217
Допаѓања
0
Поени
0
#7
КАЛИОПИ е кралица! Неверојатно музикална жена, музичарка во вистинска смисла на зборот.Не може со никоја друга македонка да се мери во пеење.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#9
Се развела оваа, така прочитав во еден весник денеска.
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#10
Па што збореше по интервјуа дека и цветаат рози? И тоа пред некоја недела кажуваше.
Отсекогаш ми било иритантно тоа глумење од нејзина страна. Тоа што се случи со Евровизијата мислам дека е единствено поради тоа што предвреме се создаде слика дека Калиопи ќе победи, а таа слика ја создаде она. Песната беше ужасна а не ми се допаѓаа и песните од претходните албуми минативе години.
Она што најмногу ми се допаѓа се првите албуми на Калиопи и првите песни по враќањето во Македонија, а и новиот албум и е навистина супер.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#11
На почетокот на овој брак сите збореа дека е само најобична фарса ( Васил беше на тапет дека е со неа само од корист не од љубов, дури и го биеше глас дека пред да биде со Калиопи работел како жиголо) . На крајот најверојатно и испадна така. Ништо од големата љубов. Како и да е они двајца најубаво си знаат.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Леле како никој да не го очекуваше ова. Мислам дека Зафирчев конечно ќе може да излезе од плакарот. Инаку дали мислите дека Калиопи беше трудна, во спотот за 1000 божју цветови така ми изгледа. http://www.youtube.com/watch?v=6ZpP4DA2dQ0
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#15

Еви ви слика од автомобилот на Опи со лисици :haha: откако заборавила да испрати смс порака на зонско паркирање. :haha::haha::haha:
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#17
Навистина малку заличува на турбо фолк. Прекрасен текст во рефренот, ама многу мизерен во останатиот дел.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#18
да малку и е накај турбо фолк ,а исто слушав пред некој ден на радио уште една нејзнина песна ама и таа некако турбо фолк делови во музиката и пеењето имаше
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Не ми се допаѓа песната. Се надевам дека некои други песни од албумот ќе вредат малце повеќе.
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#20
Интересен е новиот албум на Калиопи. Овде ги има сите песни во 12 минути.
http://www.youtube.com/watch?v=8IIV9dh6gjs

Локомотива веќе се издвои на радио станиците. Сите имаат нешто турбо фолк, екс ју во себе.