Каролина Гочева

  • Автор на оваа тема Кате
  • Датум кога е започната темата
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #1


Биографија:
Каролина Гочева(родена на 28 април 1980) го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". На 14 годишна возраст од страна на 12 Величенствени (македонски пандан на Grammy Awards) е прогласена за најдобар женски артист во Македонија. Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени и повторно и побегна визата за Евросонг. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други. Албумот наоѓа на одличен прием кај публиката о критичарите, станува најпродаван за таа година и од тој момент нејзината кариера почнува да се движи по нагорна линија. Поради забележителниот успех на овој албум во Македонија, издавачката куќа BK Sound од Србија и Црна Гора лиценцно го објавува "Јас имам песна" за тамошниот пазар. Во текот на летото 2000, Каролина неколку пати ја обиколува Македонија, настапувајќи во речиси сите градови.
Веќе есента 2001 година го издава својот втор албум, "Зошто сонот има крај" и уште еднаш се потврдува нејзината голема популарност и статус на мега-ѕвезда. Набрзо по објавувањето на овој албум, Каролина повторно започнува со турнеја низ Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката секаде каде што настапува. Како круна на сето ова се нејзините концерти во Скопје. Во април 2002 година, Каролина три пати по ред ја полни Универзална Сала во Скопје, нешто што дотогаш не му успеало на ниту еден женски музички артист.
Следува две годишна пауза, период кој Каролина го користи за сериозна подготовка на својот следен албум.
Во овој период Каролина, како убедлив победник според изборот на гледачите, публиката и жирито на националниот избор за песна на Евровизија, со песната "Од нас зависи" ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал во Талин, Естонија од каде го добива епитетот на поп принцеза.
"Знаеш колку вредам", како трет студиски албум на Каролина, се појавува на пазарот пролетта, 2003 година. Концепциски поинаков повторно наидува на одобрување кај публиката и критиката.
Истовремено со македонското издание на територијата на поранешна Југославија под етикетата на City Records се појавува "Кад звезде нам се склопе... као некада", албум на кој се наоѓаат сите песни од "Знаеш колку вредам", испеани на српски јазик. Со овој албум Каролина и дефинитивно се вбројува меѓу најголемите музички ѕвезди на просторот на поранешна Југославија.
Овојпат промотивната турнеја ја започнува со два концерти во Универзална сала во ноември 2003 година, а завршува во август 2004 година со големите концерти во Прилеп, Гостивар, Охрид и спектакуларниот концерт во Хераклеа – Битола.
Во овој период, поради нејзината голема популарност, Каролина станува заштитно лице на Head and Shoulders, а во почетокот на 2005 година и на колекцијата Кара.
Фактот што Каролина е веќе голема музичка ѕвезда на територијата на поранешна Југославија ги привлекува најголемите музичари од овие простори да креираат песни за неа. Така, во подготовката на нејзиниот четврти студиски албум учествуваат: Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Момчило Бајагиќ – Бајага, Ивица Бричиоски, Џибони, Калиопи, Златко Ориѓански, Младен Марковиќ, Мирко Вукомановиќ и Весна Малинова.
Албумот со наслов, "Во заборав" на пазарот во Македонија се појавува во декември 2005 година. Истовремено City Records ќе го објави овој албум со наслов "У забораву" за територијата на поранешна Југославија.
Од овој фантастичен албум како пилот синглови пропратени со видео спотови се пуштаат "Се лажам себе" и "Ова срце знае". "Во заборав" е еден од најпродаваните албуми во Македонија на сите времиња. Со фантастичните дваесет и повеќе илјади примероци, Каролина и дефинитивно го потврдува својот статус на една од најголемите музички ѕвезди на овие простори. Во февруари 2007 година, со песната "Мојот свет" на Григор Копров, Каролина зема учество на националниот избор за песна на Евровизија и супериорно и уверливо го освојува првото место, со што уште еднаш ќе ја претставува Македонија на изборот за Евровизија во Хелсинки, Финска. По настапшот на Евровизија, Каролина добива многу понуди за соработки со балкански и европски продуценти, настапува како специјална гостинка на сите летни балкански фестивали и ја подобрува приватната состојба со нов дечко. Од почетокот на месец март до јуни 2008 година Каролина учествува како член на жирито и учесник во телевизиското шоу „Пеј со мене“ (бугарски: „Пей с мен“), кое се емитува по бугарската Нова телевизија.
Во јуни 2008 во соработка со авторот Златко Ориѓански, Каролина го издава својот петти студиски албум насловен како "Македонско девојче".
Ова ЦД, соработка со познатиот македонски композитор Златко Ориѓански (поранешен член на групата Анастасија), е сосема поинаков албум од се' што таа работеше претходно.
Сите песни поместени на овој албум се инспирирани од македонската традиционална музика, а првиот сингл од изданиево, „Птицо малечка“ стана огромен хит во Македонија.
Покрај Златко Ориѓански, на албумот свират неколку врвни македонски инструменталисти: Иван Бејков, Александар Секуловски, Дино Милосавлевиќ, Благојче Трајковски, Петар Христов, како и Мандолинскиот оркестар при МКЦ под диригентска палка на маестро Сашо Татарчев.
Албумот е комплетно снимен во музичкото студио „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски.
„Македонско девојче“ е најпродаваниот албум во Македонија за 2008.

Дискографија:
- Мамо, пушти ме (1992)
- Јас имам песна (2000)
- Зошто сонот има крај (2002)
- Знаеш колку вредам (2003)
- Кад звезде нам се склопе... као некада (2003) (на српски)
- Во заборав (2005)
- У забораву (2006) (на српски)
- Македонско девојче (2008)
- Капка под небото (2010)

Веб сајт: http://www.karolinagoceva.net/
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Значи вака, да си го ископирам мислењето за новиот албум на Каролина од стариот ни непрежален форум:haha::haha::haha:
Ги тргам настрана песните кои и се веќе хит, ги имаме преслушано мал милион пати и се екстра- мислам на За година-две,Крај (со Скај Виклер), и во нешто поново време Не се враќаш (со Влатко Стефановски). Покрај нив мои фаворити од овој албум се
1. Сите тие дни (со Deep Zone Project) - јао Каролинче колку моќна песна, ќе рока оваа песна по клубови осеќам. Мој фаворит дефинитивно, најголем
2.Бои - типувам на хит, да. Некако ова песна најмногу влегува во уво, мислам од прва.
3.Ме љубиш ли и ти - оваа песна некако ми личи на песните од новиот албум на калиопи. Не знам точно на која песна, али некако ја имаа истата онаа меланхолија како кај Калиопи. Може дека е љубовна, у секој случај убаво и лежи на Каролина
4. Да можев да те погледнам - на оваа гледам како на типично женска песна ама у секој случај добра е.
Капка под небото нешто многу не ми се допадна по ова неколкукратно слушање на албумот, може друга песна требаше да биде носечка нумера на албумот. А може и дека сум одушевен од Сите тие дни па неможам да ја приметам
П.с. Сите тие дни ја ставив на репит, супер е пак ќе кажам. Има некој шмек како неповторливата Ајде да летаме.
На крај Каролинче:bravobravo::bravobravo::bravobravo::bravobravo:
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#4
И на милион форуми да се префрлиме, секогаш ќе имам волја да го пишувам мислењето на оваа тема.
Најдобра пејачка од многу аспекти. Единствена пејачка зад која стои сериозна продукција, единствена пејачка за која се грижи цел тим на стилисти и која е позната во земјите од бивша Југославија плус Бугарија од преклани и единствена по многу други работи. Но она по што ја ценам освен песните е затоа што никогаш не влегувала во никакви скандали, ниту некого оговарала и се препукувала по емисии и весници, а изјавите за секого и за се и се на место.
За музиката, немам зборови. Изненади со албумот Македонско девојче и мене ми се свиѓаат и тие песни, добра промена во кариерата. Сега повторно се врати со извонреден поп албум.
Забелешки немам. Тоа што не е скандалозна и не замара по емисии и настапи е она што ја одржа толку години на сцена.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#6
Моментално ми е најактуелна пејачка во Македонија затоа што новиот албум по цел ден ми свири, преубава музика.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Да и јас го слушам. Хит ми се Бои и Сите тие дни. Мислам и дека не пее толку лошо на снимката. Мене баш ми фалшираше кога пееше на изборот за песна на Евровизија. Али тоа мислам дека е нормална ствар му се дешава на секој пејач.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Ги слушнав на јутуб песните од албумот и морам да кажам дека текстовите се ужасни. Не знам кој е текстописецот, ама се толку површни и нелогични како да ги пишувало некое дете.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#9
ЛИСТА НА ПЕСНИ
1. Не се враќаш (со Влатко Стефановски)
Даниел Кајмакоски/ Весна Малинова/ Бертан Аслани
2. Не чувствувам страв
Марија Шерифовиќ/ Весна Малинова - Маја Сар/ Махир Сарихоџиќ
3. Капка под небото
Весна Малинова/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ - Дарко Тасев
4. Сама
Маја Сар/ Маја Сар - Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
5. Сите тие дни (со Deep Zone Project)
Мирослав Костадинов/ Мирослав Костадинов - Весна Малинова/ Deep Zone Project
6. Ме љубиш ли и ти
Елена Терлеева/ Весна Малинова/ Владимир Дојчиновски
7. Крај (со Скај Виклер)
Скај Виклер/ Скај Виклер - Весна Малинова/ Скај Виклер
8. Бои
Евгени Димитров/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
9. За година-две
Маја Сар/ Маја Сар - Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ
10. Да можев да те погледнам
Евгени Димитров/ Весна Малинова/ Евгени Димитров
11. Капка под небото (акустичен микс)
Весна Малинова/ Весна Малинова/ Махир Сарихоџиќ Капка под небото

Капка под небото (Авалон Продукција, 2010)

Снимено во: Long Play - Сараево, БМА - Скопје и Blue - Скопје
Продукција и мастеринг: Махир Сарихоџиќ - Long Play - Сараево
Фото: Дејан Пановски
Дизајн: КОМА
Извршна продукција и менаџмент: АВАЛОН Продукција


Како што можеш да видиш повеќето се на Весна Малинова
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Дали и ти имаш таков впечаток, дека текстовите се пишувани ради реда.
Не знам други песни од Малинова за да споредам. Ќе побарам на гугл.
 

Mulholland

Нов Член
Мислења
383
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Текстот е Бои е кажи-речи превод на текстот на оригиналот (Нели Петкова-Цветове).
За другите не знам.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Па мене и не ме воодушеви албумот во целост. Се издвојуваат само некои песни, од кои 'Не се враќаш' ми е #1 хит и најдобра од сите.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Добро за тие што го имаат купено албумот пишува ли дека Бои е преработка?
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#15
Се работи за препев и самата Каролина го кажа тоа дека и е понудена од авторот. И на кајгана некој упатен во тоа објасни дека препевот не е ништо страшно, песната се купува од авторите и нема врска со пејачот кој пред тоа ја пеел, нормално ако се оди по легален пат, а не се краде како што тоа го прават Анабела, Карлеуша...


Ќе го цитирам мислењето од кајгана од некој постер
Па сите песни си се потпишани од авторите кои ги напишале,и сите песни и се дадени од страна на самите автори кои сами и ги понудиле,како што самата Каролина вели не ги барала таа сама песните туку песните ја пронајдоа Каролина. Владо песните ги крадеше и ги присвојуваше како свое авторско дело,како и Здравко Чолиќ, овде е сосем друг случај,самите автори и ги имаат понудено на Каролина и се со потпис на авторите,и не знам што тука ви пречи нешто или ви се допаѓаат песните или не,трето нема. Каролина не е композитор па да украде од ваму и од таму и да спакува и да каже јас го напишав ова,а и сите песни таа ги добива готови ги преслушува и ако и се допаѓаат ги зема и ги снима,притоа потпишува договор со авторот.Инаку песната на Каролина-Ти можеш од Кристина Ковач и покрај тоа што Кристина имаше потпишано договор со Авалон за песната,Кристина без знаење на Авалон си ја продаде истата на Дин и тој си ја отпеа на српски и што има тука страшно.
Јас кога слушам некоја песна не ми е битно кој ја напишал тука дали ми се допаѓа или не.Она што е најбитно во целата оваа приказна дека песните се екстра и дека Каролина ги има отпеано маестрално и дека сите авторски права се регулирани како што треба.Па и албумот на Тоше од 2002г. беше целиот со познати грчки песни и не му пречеше на никој негов обожавател, за да на крај испадне дека всушност тој албум му беше најпродаван до неговата смрт. Или албумот на Шерифовиќ кој е со песни кои ги има пеено Александра Пилева.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Ни Каролина, ни Владо не ги краделе песните, знаеме дека се е по легален пат, ама оригиналните песни ја крепат и ја унапредуваат кариерата. Со препеаните песни ги воведува неупатените фанови во недоумица и можат да бидат темел за гласини, како што беше за Владо дека крадел (што не е точно) па дури и ти мислиш дека ги има крадено песните.
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#17
Па затоа и тој на кајгана а и Каролина убаво си кажаа за да нема недоумици кај неупатените фанови. Фановите доколку се фанови нема да дозволат да останат неупатени.
За Владо се слушаа муабети дека биле крадени, а и сега постеров од кајгана потврди. Ако пишува на неговите песни дека музиката е на Владо, тогаш се крадени. Ако го посочува авторот, тогаш ќе верувам.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Владо Јаневски исто не ги кради ниту ги припишува дека се негови. Еве ви едно интересно видео погледнете http://www.youtube.com/watch?v=nLfp22IT26s
Инаку за Каролина, се согласувам дека песната ја прави тој што ја пее, што ја оживува таа песна и мене затоа ме интересираше дали на албумот е истиот автор напишан или барем дали е нагласено дека е преработка.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Сепак има огромна разлика помеѓу препеана и оригинална песна. Каролина има изградена кариера и не се плаши дека некако може да и наштети. Ама има пејачи кои сакаат да изградат кариера со препеани песни, ама тоа не бива.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,949
Допаѓања
9
Поени
38
#20
Каролина во сабота од 13 до 15 ќе се дружела со фановите и ќе потпишувала цедиња во Југотон, барем така пишува на нејзината Фејсбук страница.