Книги: новитети

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Што би правел јас без тебе
Автор: Гијом Мисо
Издавач: Топер
Година на издавање: 2010
Цена: 240,00 ден.

Габриел во животот има двајца мажи - првата љубов и таткото. Едниот од нив е угледен полицаец, а вториот е познат крадец. Со игра на судбината, обајцата одамна исчезнаа без трага, оставајќи голема празнина во нејзиното срце. Еден ден, и тоа во исто време, тие ненадејно се враќаат во нејзиниот живот. Тие двајцата се познаваат, а во исто време толку се мразат што се подготвени на борба до смрт.​
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2


Краткиот втор живот на Бри Тарнер
Автор: Стефани Мајер
Издавач: ТРИ
Година на издавање: 2010
Цена: 250,00 ден

Гледав како му се менува телото. Лазеше по покривот, дофатувајќи го работ со едната рака. Целото чудно пријателство исчезна, и тој беше ловец. Го исклучив умот. Беше време за лов. Вдишав длабоко, вдишувајќи го мирисот на човечка крв од луѓето доле. Тие не беа единствените луѓе во близина, но ни беа најблиску. Кого ќе ловиш, беше одлука што мора да ја донесеш пред да го насетиш пленот. Сега беше предоцна за каков било избор.

Обожавателите на сагата Самрак ќе бидат фасцинирани од оваа возбудлива приказна за Бри Танер, лик кој за прв пат се појавува во Помрачување, и за мрачната страна на светот на новородени вампири во кој таа живее. Низ уште еден неодолив спој на мистерија, опасност и љубов, Стефани Мајер ја раскажува неверојатната приказна за Бри и армијата новородени вампири што се подготвуваат да ги опколат Бела и Каленови, по што следува нивниот судир кој кулминира во незаборавен крај.​
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
#3

Девојката која играше со оган е вториот дел од трилогијата Милениум на Стиг Ларсон.

Овој навистина возбудлив криминалистички трилер е напнат и со неочекуван крај.

Само една од многуте предности на авторот е секако феминистичкиот пристап и истиот се огледа во една реченица - Ги мразеше мажите кои мразеа жени.

Светот на Ларсон е свет во кој е оправдана одмаздата на жената за неоправдана агресија од страна на мажот, свет во кој постојат луѓе кои не затвoраат очи пред нечовечките гадости какви што се трговијата со жени, силувањата на жените и стигматизацијата на општествените одметници.

Неколку реченици и за самото дејство на книгата...

Во центарот на вниманието се повторно парот Блумквист-Саландер, иако можам слободно да речам дека тие двајца се сѐ освен пар...

Саландер на почетокот на книгата ужива на Карибите задоволна со нејзиното најново хоби-математиката и нејзините мистерии, односно Последната Теорема на Ферма, која никој, дури ни најбистрите математички умови не успеваат да ја решат од 1637 сѐ до крајот на минатиот век.

После низа на настани кои секако нема да ви ги откријам, Саландер преку ноќ од најтаинствената личност која живее во Шведска ќе стане најбараната. И кога го кажувам ова не мислам во позитивна смисла... Ако ви се допадна првата книга, оваа книга ќе ги надмине очекувањата.

Вистината е дека Ларсон на моменти непотребно навлегува во детали, непотребни конверзации и објаснувања, но финалниот производ е одличен.

Останува само да видиме дали холивудската екранизирана верзија на книгата ќе е успешна како што е шведскиот филм.


"МИЛА МОЈА ОЛЕНКА, ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, НАШИОТ СИН ЌЕ СТАНЕ ЧОВЕК. ТЕ САКАМ."

Приказна за животите на четворица млади луѓе израснати во ист кварт. За да се заштитат меѓусебно од секакви надворешни проблеми, а и за да останат заедно - тие ја создаваат БРИГАДАТА...

Какви се всушност тие? Влегуваат во криминалниот свет, се издигаат најгоре на неговата хиерархија.

Што значи криминалот за нив? Дали занает, бизнис? Кога капиталот се прераспоредува и патот на приватизацијата е посеан со трупови, љубовта и пријателството само пречат, а чесноста е луксуз.

Кога станува збор за авторот на оваа книга, може да се каже дека тоа е целосна мистерија. Никој не знае кој лик се крие зад името Александар Белов, но се смета дека тој бил директен учесник на опишаните настани.

Сепак, да ја оставиме вистината да зборува сама за себе! Ова е драма на една загубена генерација која упатува морален предизвик. Таа е најотворената исповед на преминот на капиталот.​
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#4





A потоа - Гијом Мусо
Цена; 199 ден. (Топер)

Во продолжение е напишан текстот кој се наоѓа на корицата и на првата страна од книгата. Го потенцирам ова бидејќи не сакам да помислите дека ја откривам содржината на книгата што е целосно спротивно од нашите правила. Значи ова е текст кој ќе го прочитате веднаш штом ја земете книгата во раце.

„Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот тунел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт... А потоа, повторно, живот.“

Па кажете ми како би можела да одолеам на овие реченици и да не ја купам оваа книга.

Напнатост, неизвесност, чувства, страв, љубов... Тоа се главните емоции кои се чувствуваат и доминираат низ книгата.

Искрено, не знаев дали да ја сместам во категоријата на драми и романси или пак во трилери затоа што оваа книга не ве остава да го погодите нејзиниот крај додека не ја прочитате последната страна.

Нејтан, кој го живее својот втор живот по клиничката смрт, сега живее едноличен живот. Има жена и дете, но тој е разведен и живее сам. Има блескава кариера, многу пари и моќни пријатели, но ништо од тоа не може да го натера да го заборави својот поранешен живот, да го натера да заборави барем за миг кој бил некогаш и од каде доаѓа...

Болен од амбиција за богатство и слава, болен од желбата да докаже дека и тој вреди нешто и не е само син на една сиромашна помошничка - тој го запоставува своето семејство и прави жената која го сака вистински сепак да го остави.

А потоа... Се појавува една личност во неговиот живот. Не, тоа не е нова жена, не може да биде бидејќи тој уште е вљубен во својата жена. Тоа е еден човек кој го уверува дека неговата улога на земјата е да ги подготви луѓето за смрт, тој е еден вид гласник...

Но зошто е тој тука? Дали животот на Нејтан е завршен? Дали тој кој ги достигна своите најголеми амбиции сега смета дека неговиот живот бил исполнет доволно за да може мирно да умре?

Прекрасна приказна, убаво осмислена, преубаво напишана... Ве допира и Ве тера да се замислите за многу нешта, за љубовта, за работата, за амбициите, за желбите...за животот.​
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Марко што се глупираш? Зошто ставаш книга која не е преведена на македонски? И не туку копирај цели статии од Сакам книги, доволно е само кратка содржина. The Ghost ја нема преведено на македонски.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
#6
Bobi напиша:
Марко што се глупираш? Зошто ставаш книга која не е преведена на македонски? И не туку копирај цели статии од Сакам книги, доволно е само кратка содржина. The Ghost ја нема преведено на македонски.
Не ни знаев ок другпат ќе внимавам
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
#8

Џек Керуак
НА ПАТ
ISBN: 978-608-4577-39-3
формат: 125х195mm
број на страни: 358 стр.
издадена: 2010 год.Три издавачки центар
Цена: 450,00 ден.

На пат е ремек-делото на Џек Керуак и еден од најсилните романи на 20 век, кој го преживеа судот на времето. Овој автобиографски роман, како што се впрочем и другите книги на Керуак, е фреска на андерграундот на џезерска Америка од педесеттите години, едно вдахновено лирско-епско сведоштво за „голиот” живот на бит-генерацијата во почетоците на нејзиното осознавање, по патиштата на Америка, нејзините подруми, автобуски станици, споредни железнички колосеци, полноќни велеградски улици, ладни и евтини станчиња начичкани со млади луѓе желни за секс, во потрага по љубов, дружење, топол човечки збор во ноќта, замрачени ханки-тонк барови исполнети со џез и радосно-тажен живот, алкохол, дрога, кризи, падови, невидени екстази, љубов, отворени патишта, бескрајни прерии, богатство на внатрешниот живот наспроти материјализмот и хаосот на светот. А во средиштето на тој вител на младешко одушевување од животот, како моторна сила на генерацијата, танцува главниот јунак Дин Мориарти, или автентичниот Нил Кесиди, патник и мистик, жива инкарнација на бит-движењето​
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
„Хобит“ од Толкин на македонски јазик

Македонскиот превод на бестселерот „Хобит“ од Џ. Р. Р. Толкин од денеска може да се најде во книжарниците на „Икона“. Љубителите на чудесниот свет на Толкин денеска ќе може да ја набават книгата со попуст, а на подарок ќе добијат квалитетно испечатена мапа на Трор на македонски јазик.

„Хобит“ е всушност првата книга на Толкин и е прв дел од „Дружината на прстенот“, почеток на една од најпознатите трилогии „Господарот на прстените“. Според „Хобит“ режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон, ќе снима два филма во 2012 и во 2013 година.

Преводот на книгата на македонски јазик го направи Вања Димитриевски, а илустрациите за македонското издание се на Михајло Димитриевски - Мичо.

„Хобит“ е една од бесмртните книги на дваесеттиот век. Полна со фантазија и возбудливи авантури, фантастични ликови и поезија, раскажувачки вдахната, веќе со децении го задржува вниманието и на младите и на повозрасните читатели.

Извор: Дневник​
 

Rebellious angel

Глобален модератор
Мислења
696
Допаѓања
0
Поени
16
#10
Баш чудно, книгата ја има на македонски уште од 2005, што им текнало пак да ја преведуваат? :stoo:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #11
Rebellious angel напиша:
Баш чудно, книгата ја има на македонски уште од 2005, што им текнало пак да ја преведуваат? :stoo:
И мене ме чудеше. Ваљда ново издание. Денеска кога бев во Веро и баш го видов, го имаше, некако чудна ми беше корицата, ептен детски изработено :) .

Еве уште еден новитет со кој ја комплетирав Милениум трилогијата. :se poklonuva::



Крајот на годината ќе го донесе и крајот на една од најуспешните и најчитани книжевни книжевни остварувања – трилогијата Милениум од шведскиот автор Стиг Ларсон. Големиот светски (и македонски) хит буквално го сврте умот на преку стотина милиони читатели, со што стана една од најуспешните книжевни дела на денешницата. Третиот дел, што носи наслов Девојката што го урна осилото, е уште една возбудлива епизода во која централни ликови се мистериозната Лизбет Саландер и репортерот Микаел Блумквист. Овојпат, тие е на мисија да ги разоткријат корумпираните политичари и институции што дозволија слабите во општеството да станат жртви на злоупотреба и насилство.
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Леле морам да ја прочитам „Милениум“. Неделава го земам првиот дел ОБАВЕЗНО! МОРАМ! Па ќе го симанм филмот и се така со трите дела. И после чекам со вас американската адаптација со Даниел Крег...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Мислам дека ова е најголемото изненадување кое досега се случило од кога постои Фејсбук. Една одлична фан страница која стана толку популарна да стане издавачка куќа на книги, и да ги исполнува желбите на фановите. Секоја чест.

Иако не ми се допаѓа првичниот избор што почнале со чик литература, со нетрпение ги очекувам и книгите што следуваат.

 

Игор

Нов Член
Мислења
493
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Јас мислам дека не е само првичен избор, туку така и ќе продолжат и само тоа ќе го издаваат. :) Ама добро, нека читаат бар тоа, ако не друго. :)
Интересен ми беше сајтот, мислев да пишувам и статии за некои збирки поезии и други книги, ама гледам дека не се многу заинтересирани за тоа, па и јас изгубив интерес за сајтот. Но добри се, мило ми е што се популарни и што сега се проширија.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #15
Игор напиша:
Јас мислам дека не е само првичен избор, туку така и ќе продолжат и само тоа ќе го издаваат. :) Ама добро, нека читаат бар тоа, ако не друго. :)
Интересен ми беше сајтот, мислев да пишувам и статии за некои збирки поезии и други книги, ама гледам дека не се многу заинтересирани за тоа, па и јас изгубив интерес за сајтот. Но добри се, мило ми е што се популарни и што сега се проширија.
Баш коментирав на ова, добив одговор дека ќе добиваме повеќе неиздадени дела кои биле популарни во светот, а богами и некои нови романчиња било трилер/драми итн.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #16
Најновиот каталог на Матица за нивниот јубилеен зимски саем кој ќе трае во текот на јануари и февруари.

http://matica.com.mk/

3.000 наслови
Одлични нови изданија!​
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #17
Новата книга на "Сакам книги" за престојниот саем!



Игрите на гладните - Сузан Колинс

Сакав добар трилер, сакав да прочитам нешто толку добро што ќе ме измести, сакав нешто што ќе ми покаже дека не се сите трилери слични, дека не сите приказни наликуваат една на друга. Па од таа желба го почнав патувањето по светските интернет портали. Рејтинзи, мислења на читатели, филмувани книги, што препорачуваат луѓето. Игрите на гладните, 102 недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, најчитана книга во моментов во светот според 5 светски портали за книги со над 300.000 членови, книга на годината според 40 различни весници, договор за филм следната година, опсесија на секој млад човек во светот, повеќе од 100 фан клубови основани на интернет за да се спојат љубителите, критика од Стивен Кинг дека не можел да ја остави, од Стефани Мајер дека ја носела со себе на вечери...

Си велам, ова е некоја преценета американска работа, но можно ли е да е до толку? Што толку посебно има во неа? Каква треба да е таа книга која ќе успее да го постигне ова? Ивана, ќе ја прочиташ, си мислам, па после ќе видиме дали се сите овие информации оправдани и точни. Дали се точни? 360 страни тресење од неизвесност, 360 страни читање со болка во градите, 360 страни возење како со некој смртоносно брз авион затоа што токму таков е стилот на авторката, липање како мало дете, ежење на кожата како да сум на -30 степени гола... Ова е книга која ги промени моите критериуми за тоа што значи добар трилер!

...во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.

Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.

Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.

Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената - ОСТАНИ ЖИВ!

Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.

Бура од гнев, тага, адреналин, бес, солзи... ќе се соберат во вас додека ја читате оваа книга. И да, ќе барате уште, ќе гребете со канџи за уште, исто како што и тие гребат за да преживеат. Она што мене лично најмногу ми се допадна кај оваа книга - завршувањето на секоја глава. Секоја глава завршува со една реченица која прави пресврт во книгата и од која ви се креваат влакненцата по целото тело, мислите дека ќе излезете од сопствената кожа!

Нема сомевање дека популарноста на оваа книга е доволна за таа да се филмува па токму поради тоа очекувајте го излегувањето на филмот во март 2012. Јас знам дека ќе го чекам со душа! А книгата... книгата можете да ја очекувате на саемот на книга оваа година, премиерно таму и со промотивна цена за секој што ќе го посети саемот!​
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #19
Во издание на Просветно дело се издадени две нови книги на Никола Спаркс:

Драги Џоне (Dear John)
Прибежиште (Safe Haven)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
#20
Не е новитет но книгава ја видов на фејсбук како дел од наградна игра

Низ годините, Доналд Трамп напишал многу бестселери, како и кратки есеи во кои ги резимира своите извонредно успешни принципи за тоа како да живеете добар живот, и на приватен и на професионален план. Во Размислувај како шампион, Доналд Трамп прави избор на есеи, во кои, низ своевидно неформално образование, дава лична перспектива за тоа како да се биде успешен во работата и во животот. Оваа книга е интересна, информативна и поучна, и ја дава досега најјасната претстава за мислите и срцето на оваа исклучителна личност.

„Мудроста на Трамп е непроценлива - ова е перфектна книга во перфектно време”.
Роберт Киосаки, авторот на бестселерот Богат татко, сиромашен татко

Доналд Трамп е светски синоним за успех, кој ширејќи ги своите страсни интереси во областа на недвижнините, казината, спортот и забавата, постојано поставува нови златни стандарди на успешност. Организацијата Трамп денес е еден од најпознатите и најмоќните брендови во светот.
Луѓето долго ќе го помнат по реалното шоу, „Изборот на Доналд Трамп“ - долгогодишниот телевизиски хит и по неговата омилена реплика: „Отпуштен си!”​