Кога денот немаше име l 2017

Мислења
782
Допаѓања
16
Поени
18
Автор на оваа тема #1

КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ
Режија: Теона Стругар Митевска
Улоги: Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Драган Мишевски, Иван Вртев

Синопсис:
Овој филм ја раскажува приказната за шест тинејџери. Милан и неговиот најдобар пријател Петар подготвуваат авантуристичка екскурзија со своите другари некаде на периферијата на Скопје. Тие се возбудени од претстојната ноќ на пиење и лудување пред раноутринската риболовна експедиција. Тие се типични тинејџери, полни со сексуални и романтични тензии и возбуда, вознемирени и оптеретени со пари и материјални нешта. Понекогаш се ѓаволести, понекогаш и ангелски; гладни за да бидат возрасни, а сепак со детско однесување. Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација која расте растргната од социјална несигурност и сомнителни вредности. Нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка и целосно е превртена со ненадеен конфликт