Концерти ( информации и најави )

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #1
ИЗАБЕЛ ЏЕФРОЈ - ЗАЗ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Познатата француска пејачка Изабел Џефрој, позната како Заз, на својата интернет страница објави дека на 28 мај ќе одржи концерт во Скопје.



Првата средба на македонската публика со младата џез- изведувачка ќе се случи во скопското Сајмиште.

Гордоста на Монмартр, како што ја нарекуваат Заз, со музика почнала да се занимава пред 10 години, пеејќи во блуз-бендот „Фифти фингрс“. Деби-албумот Zaz од 2010 година предизвика огромно внимание кај светската музичка критика, а голем број познавачи почнаа да ја споредуваат со Едит Пјаф.

Настапот во Македонија е дел од нејзината светска турнеја што ги опфаќа и Јапонија, Kанада, Германија, Швајцарија, Хрватска, Србија и други. Во регионот, освен во Скопје и Белград, младата пејака ќе настапи во Загреб и во Софија.

На „Јутјуб“ нејзините песни уриваат рекорди на гледаност.
Превземено од fakulteti.mk
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Еве ви го „Величествениот“ :smeenje:

Официјално: Лени Кравиц доаѓа во Скопје

Четири години по одличниот концерт во Охрид, еден од најдобрите во македонската концертна историја, Лени Кравиц повторно доаѓа во Македонија, а овој пат со концерт во Скопје. Настапот на гитаристот е закажан за 2 октомври во арената Борис Трајковски.



Неговиот концерт во Скопје е дел од турнејата за промоција на албумот Black and White America кое е негово деветто студиско издание.

Организаторот Авалон продукција најавува дека концертот на Лени Кравиц ќе биде првиот настап во комплетно архитектонско решената акустика во салата Борис Трајковски, која ќе се поставува летово по примерот на акустиката поставена во Белградска Арена.

Извор: http://kajgana.com/oficijalno-leni-krav ... -vo-skopje
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#3
Авалoн не престанува да изненадува!
DURAN DURAN на Скопско кале OPEN AIR на 7 јули!

Концертот е закажан за 7 јули. Легендите доаѓаат во рамките на големата светска турнеја, а ќе настапат на Скопско кале, open air!



Вчера го најавија Lenny Kravitz, денес Duran Duran. Авалонци продолжуваат со величествените имиња. Лени ќе го гледаме и слушаме на есен, а летово ќе уживаме во музиката на легендарните Duran Duran. Концертот е закажан за 7 јули. Легендите доаѓаат во рамките на големата светска турнеја, а ќе настапат на Скопско кале, open air!

Сега засега тоа е се што се знае за најголемиот концерт ова лето. Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени на 16 мај. Дотогаш уживајте во музиката на Duran Duran. Слушнете го хитот "Girls Panic" и погледнете ги супер моделите Naomi Campbell, Helena Christensen, Cindy Crawford и Eva Herzigova кои се дел од овој видо запис.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#5
На 2 август на Охридско лето ќе настапи хрватското дуо 2CELLOS кое стекна светска слава во изминативе месеци!

Штета што сум во Грција тогаш :( :(


 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #6
Откажан концертот на Лени Кравиц во Скопје
Поради продолжување на обврските за снимањето на филмот „The Butler“, Лени Кравиц е принуден да ја откаже европската турнеја и концертот во Скопје.

Наместо да настапува низ Европа во септември и октомври, кравиц најверојатно ќе ја одржи турнејата во текот на 2013-та година, а тогаш може да го очекуваат и скопските фанови.
Сите што имаат купено влезници ќе можат да си ги повратат средствата од понеделник (27-ми август) на местата каде што ги купиле влезниците.
Концертот првично беше закажан за 2-ри октомври, а беше најавено дека тоа ќе биде првиот концерт со комплетно архитектонски решена акустика во салата Борис Трајковски.
Превземен текст од On.net.mk
 

Beauty

Администратор
Мислења
17,425
Допаѓања
2,180
Поени
113
#7
Whitesnake во Белград

Две години по гостувањето на прошталната турнеја на Judas Priest, легендарните Whitesnake се враќаат во Белград. Благодарение на Авалон Продукција, на 14-ти јуни годинава и Калемегдан ќе биде дел од нивната турнеја.



Се зборува дека ова можеби е и последната турнеја на Whitesnake и дека токму поради тоа го носи името Greatest Hits – live tour!
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од четврток 07.02. по цена од 1.150 денари ПАРТЕР и 1.600 денари ФАН ПИТ и ВИП ТРИБИНА во ½ Југотон. резеравции на тел.02/3213 – 264 и on-line на http://www.kupikartizase.com.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #8
ROBBIE WILLIAMS во Виена 17.07.2013 организиран превоз од туристичката агенсија Papillon


15.07.2013 СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15:00 часот. Тргнување за Виена во 15:30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

16.07.2013 ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот:

Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот…Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, идеална можност да се проба вистинска виенска шницла во некој традиционален ресторан. Ноќевање.

17.07.2013 ВИЕНА – ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор.

Почеток на концертот на Robbie Williams во 18:30ч. По завршувањето, состанок на групата на договорено место и тргнување кон Македонија.

18.07.2013 Скопје

Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови

199€
промотивна цена
за уплата до 28.02.2013
МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

- Организиран разглед со локален водич на Виена

- 1 ноќевање во Виена, хотел Austria Trend Messe 3*

http://www.austria-trend.at

- Влезница за концертот – трибина категорија Б

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Влезници во музеите и културно – историските споменици

- Факултативна посета – Шенбрун со вклучена влезница 1.550 денари (25 евра )

- Патничко-здравствено осигурување 250 денари

ДОПЛАТА:

- Влезница за концертот – трибина категорија А (15€)

- Влезница за концертот – партер (10€ )

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #9


Почитувани,
Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека после година и половина од големиот концерт на Duran Duran, Авалон Продукција ги враќа големите концерти во Македонија.
Легендарните Simple Minds, својата две годишна светска “Greatest Hits”-турнеја, после настапите во O2 Арена - Лондон, Манчестер Ман Арена - Манчестер, Зенит- Париз, Хајнекен мјузик хол - Амстердам и други, ја завршуваат во Македонија, на 5ти Март со концерт во комплетно реновираниот СРЦ Кале.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во петок 8ми Ноември.
Најуспешниот шкотски рок бенд на сите времиња Simple Minds, во Скопје доаѓаат во постава:JIM KERR - вокал, CHARLIE BURCHILL - гитара и клавијатури, MEL GAYNOR - тапани, ANDY GILLESPIE - клавијатури, GED GRIMES - бас гитара и SARAH BROWN - пратечки вокал.
Како што веќе споменавме сет листата на оваа турнеја е составена од сите најдобри хитови на Simple Minds, како: ”Don’t You(forget about me)”, "Promised You A Miracle" , ”Waterfront”, ”Alive and Kicking”, "Glittering Prize", "All The Things She Said", "Sanctify Yourself", "Someone Somewhere (In Summertime)","Ghost Dancing", ”Kick It In" ,"She's A River", "Mandela Day”, "Beafast Child” и многу други.
Во својата долгогодишна кариера, Simple Minds имаат издадено 16 студиски албуми кои со својата продажба имаат достигнато мултиплатинест тираж.
Авалон Продукција, еден ден предходно на 4ти Март е организатор на концертот на Simple Minds во Загреб.
ВАЖНО: Како специјални гости, вечерта со едночасовен настап ќе ја отворат Мизар, еден од нашите најдобри бендови на сите времиња.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#10
На Фејсбук го најавија и Placebo во коментар но без дополнителни информации.

:mhhh: :mhhh: :mhhh:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #11
Авалон треба често да носат во Скопје бендови,пејачи/пејачки . И не само вака постари туку и овие поновиве поактуелни што се ,што ги вртат по радиостанициве низ македонијава.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#12
M@RKO напиша:
Авалон треба често да носат во Скопје бендови,пејачи/пејачки . И не само вака постари туку и овие поновиве поактуелни што се ,што ги вртат по радиостанициве низ македонијава.
Како да носат бе друже? Огромни суми барат такви изведувачи а кај нас нема доволно публика за нив. Си носат тие во Белград пејачи, плаќат огромни пари и вадат пари. А реални вистинските обожаватели и во Белград ќе отидат да го слушат и ќе си платат ако сакат омилениот пејач. Добро е да се носе кај нас, ама во сали со помали капацитети или како Simple Minds на Кале на отворено.
 

Beauty

Администратор
Мислења
17,425
Допаѓања
2,180
Поени
113
#13
Точно така. Кај нас не им одговара да ги носат, а вистинската публика ќе отиде и во Белгрд или Бугарија каде Авалон организира концерти.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
Автор на оваа тема #16
Што е ваков плакатов ? Сигурно е правен во паинт :D

Секоја чест за Авалон. Ама би било добро во пакет со овие да дојде некој од пеачиве/пеачкиве на кој им имаат Рудиментал направено песни .
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#17
M@RKO напиша:
Што е ваков плакатов ? Сигурно е правен во паинт :D

Секоја чест за Авалон. Ама би било добро во пакет со овие да дојде некој од пеачиве/пеачкиве на кој им имаат Рудиментал направено песни .
Ајде кажи едногласно, ЕМЕЛИ САНДЕ!

Не батка, за неа треба грст добра сума на евриња, доста ни се Рудиментал, ептен се трудат да донесат нешто и да мрдниме од мртвата точка со моменталната состојба на концерти во Македонија, секоја чест. Само јас мислам салата ќе биде мала за Рудиментал, ќе ги т.е ЌЕ НЕ има фановите повеќе на број :D
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#18
Ненормално се израдував кога видов, ама потоа доживеав meltdown кога прочитав дека е само DJ сет и дека не доаѓа целиот бенд. :(
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Burrows напиша:
Ненормално се израдував кога видов, ама потоа доживеав meltdown кога прочитав дека е само DJ сет и дека не доаѓа целиот бенд. :(
Е нешто и ова, вреди да се отиде на ваква журка :ehh: :ehh:
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,959
Допаѓања
19
Поени
38
#20
Не се сомневам дека ова ќе биде интересно за сите што ја слушаме музиката на Rudimental, но не може да се спореди со нешто како ова: :(