Македонски филмови

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Ова не е американски филм
Филм на Сашо Павловски

НАСКОРО! Премиера во Кино Милениум!

Големиот шеф е средовечен човек, водач на банда ситни криминалци, коишто живеат од ситен криминал. Додека тој и неговата банда сонуваат за гламур, нивниот живот е исполнет со беда, пиење бесконечно многу кафиња и приказни за американските филмови. Шефот како и останатите членови на бандата имаат посебни филмски моќи, со кои можат да влијаат на филмот.

Но шефот е на умирање. Сепак спасителот наскоро пристигнува од Америка: една млада жена, Маја, која се враќа во својата татковина. Подготвена и школувана за правење филмови во Америка, таа им ги нуди своите услуги на шефот и неговата скептична банда заедно со план за голем грабеж. Нивниот план е да се преправаат дека се снима филм со цел да се добие пристап до Америкаската Амбасада во Скопје. И конечно, кога стигнуваат до тајната просторија во Амбасадата, која е седум спрата под земја, ги чека непријатно изненадување.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Кога сме кај македонските филмови, драми и серии на Фејсбук има неколку групи со такво име и во нив можат да се најдат линкови за симнување за тие што собирате.

А за овај филм можеби Долина на волците му е инспирација :).
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Missy напиша:
Кога сме кај македонските филмови, драми и серии на Фејсбук има неколку групи со такво име и во нив можат да се најдат линкови за симнување за тие што собирате.

А за овај филм можеби Долина на волците му е инспирација :).
Таман работа, филмот одамна беше во продукција, баш ми е мило што заврши. И според трејлерот очекувам добро филмче.

http://www.thisisnotanamericanmovie.com/
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Така ми заличи по содржинава. Инаку не знам ништо за филмов не следам многу вакви информации и најави по ТВ освен на форумов
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#5
МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ЌЕ УЧАТ ДА ИГРААТ ФУДБАЛ

Македонскиот дел од кастингот ќе биде направен во април, кога режисерот Дарко Митревски ќе ги избере актерите што ќе ги толкуваат фудбалските играчи на клубот Македонија. Актерите ќе бидат подложени на напорни тренинзи за да стекнат соодветна фудбалска техника и физичка кондиција, најавува режисерот




НАПРОЛЕТ КАСТИНЗИ ЗА ФИЛМОТ „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“

Долгонајавуваниот филм на Митревски „Трето полувреме“ комплетно ќе се снима на локации во Македонија, а правата клапа се очекува да падне некаде кон крајот на летото, и тоа на битолскиот стадион. Поголемиот дел од кастингот ќе бидат домашни актери, со исклучок на трите главни улоги, кои и во приказната се странци.

Македонскиот дел од кастингот ќе биде направен во април, кога режисерот Митревски повторно ќе дојде од САД во Македонија за да ги избере актерите што ќе ги толкуваат фудбалските играчи на клубот Македонија.

- Овој дел е доста специфичен. Откако ќе биде направен кастингот, актерите ќе бидат подложени на напорни тренинзи за да стекнат соодветна фудбалска техника и физичка кондиција. Сметам дека македонски те актери се сосема „кадарни“ за една ваква задача. Нема да има потреба од ангажман на натуршчици, но ќе има потреба од напорни тренинзи - вели режисерот Митревски.

Што се однесува до странскиот дел од кастингот, во неколку наврати се шушкаше дека носечките ликови ќе ги толкуваат странски актерски имиња од А-листите како Кристоф Волц и оскаровецот Карл Маркович. Митревски вели дека и покрај шпекулациите со имињата на овие актерски ѕвезди, се уште не се знае кој ќе ги толкува носечките ликови во приказната.

- Сé уште не можеме да зборуваме за конечен кастинг, бидејќи преговорите се во тек. Ликот на тренерот Шпиц, кој во нашата приказна не е унгарски, туку германски Евреин, најверојатно ќе го толкува актер од германско- австриско потекло или можеби и американски актер со германско потекло - вели Митревски.
Тој деновиве престојува во Македонија, каде што работи на финалното „полирање“ на сценариото заедно со косценаристот од Малта.

- Би сакал сценариото да содржи повеќе елементи од македонската историја и да внесам што е можно поавтентични ликови. Конечната верзија нема да биде битно изменета, само збогатена со детали - вели Митревски.

Инаку филмот „Трето полувреме“, кој е американско-германско-македонска копродукција со вкупниот буџет од 3 милиони евра влегува во групата на високобуџетни филмови. Тој од Филмскиот фонд на Македонија ја доби максималната поддршка од 500 илјади евра, како и еден милион евра директно од македонската влада, а милион и половина евра се обезбедени од странски продуценти.
Повеќе тука.

Инаку, интересно е што на Facebook можете да „аплицирате“ за статист во филмов. Еве линк за заинтересираните: http://www.facebook.com/event.php?eid=137361442973597
 

Игор

Нов Член
Мислења
493
Допаѓања
0
Поени
0
#6
И навистина е долгонајавуван. :)
Одвај чекам да го направи.
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Missy напиша:
Кога сме кај македонските филмови, драми и серии на Фејсбук има неколку групи со такво име и во нив можат да се најдат линкови за симнување за тие што собирате.

А за овај филм можеби Долина на волците му е инспирација :).
Да, сигурен сум дека филмов е инспириран од Долина на волците. Исто како и сите работи кои биле создадени пред оваа „култна“ турска серија. Сигурно и Џејмс Бонд бил инспириран од ликот на Полат, само што креаторите тоа не го воочиле се до овој миг. :ehh:

On-topic: филмов не ме интересираше се’ до последната реченица. Што ли ги очекува во амбасадата? :) Ме интересира што ќе испадне од ова, може ќе ме изненади. На прв поглед, содржинава не нуди нешто ново, ама тоа не мора ништо да значи.

Што се однесува до „Трето полувреме“, после толку многу хајп, т.е. по нашки „џева“ по медиумиве... искрено се надевам дека филмот ќе вреди. Само се плашам да не испадне иста ситуација како со „Мајки“, многу фалби, а на крај ништо...
 

Ana-Marija

Нов Член
Мислења
378
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Losteech напиша:
Што се однесува до „Трето полувреме“, после толку многу хајп, т.е. по нашки „џева“ по медиумиве... искрено се надевам дека филмот ќе вреди. Само се плашам да не испадне иста ситуација како со „Мајки“, многу фалби, а на крај ништо...
Hype не е џева,сосема друго е:namignuva:

Он-топик: Што се деси со филмот „Панкот не е мртов“? Излезе или уште не?
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#9
Веќе реков дека немам појма за филмов ни од кога се спрема ништо такво. А и Долина на волците не ја гледам ама тоа ми беше прва асоцијација кога прочитав. Не дека Џејмс Бонд или слични такви не се таа содржина

За успех на овој сеуште е рано да се прогнозира ама ајде да се надеваме на добар прием посебно во Македонија, па со тоа и понатаму
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #10
Ме интересира филмот. Ова ќе дојде нешто како новиот српски филм кој моментално е хит во Србија "Montevideo, Bog te video", чие дејство се работи за српската репрезентација за Светското првенство во Уругвај, 80те години.

Едвај чекам!
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Коментари на германските весници за Мајки

Магазинот „Сити” го смета филмот за „драматичен, морничав и трогателен”.

Списанието „Берлиниен”, пак, пишува: „Режијата на Милчо Манчевски е навистина убедлива. А во сценариото се препознава ракописот на Манчевски. Ако живеете во Берлин или неговата околина и сте љубител на драма, ќе се забавувате со овој филм во текот на неговите 123 минути траење. Прекрасни часови поминати во кино!”.

Фон Макс-Питер Хајне во ”Маркише Оберцајтунг” пишува дека во три различни епизоди Манчевски прикажува една иста земја среде политички и општествени немири.

“Франкфуртер Рундшау“, пак, во уводот вели: „Пред дождот беше монументален филм”. Во завршниот дел весникот сумира за „Мајки”: „Мајки е како раскинување на разочаран љубовник – разочаран во својата татковина”

Во интервјуто што го даде Милчо Манчевски за “Скрин Дејли“ тој најавува нов проект, засега насловен како Сонце. Весникот го цитира во најавата дека овој проект ќе се работи во некој од западноевропските градови, а не во неговите татковини САД или Македонија, додавајќи дека Манчевски се уште размислува за јазикот на којшто би се снимал новиот филм – англиски или еден од западноевропските јазици
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Распродадени се сите карти за премиерата на „Ова не е американски филм“. Имало спас за нас, сепак!
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #14
Losteech напиша:
Распродадени се сите карти за премиерата на „Ова не е американски филм“. Имало спас за нас, сепак!
Ќе се гледа на тоа! Патем има нешто датум за Black Swan? Ако одам, барем и двата да ги изгледам во еден ден :haha:
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#15
Bobi напиша:
Ќе се гледа на тоа! Патем има нешто датум за Black Swan? Ако одам, барем и двата да ги изгледам во еден ден :haha:
Мислам дека се’ уште пишува наскоро. И јас планирам да го гледам во кино.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #16
Новиот филм на Теона ќе биде драмски трилер

"Жената што ги избриша солзите" е поддржан од "Еуроимаж" и од фондовите на уште три земји, покрај Македонија



"Жената што ги избриша солзите" е новиот македонски филм, и трет игран на Теона Стругар - Митевска, кој од 28 март, во наредните 5 недели ќе се снима во Радовиш. Веќе беше најавено дека европската ѕвезда Викторија Абрил, позната по филмовите на Алмодовар, ќе игра во филмот, а тоа ни го потврди и продуцентката и актерка Лабина Митевска, која ќе ја игра втората главна женска улога. "Приказната е за две мајки и за нивниот однос со нивните семејства. Едната е од јуручка заедница од околината на Радовиш, а втората е со семејство во Франција. Нивните животи ќе се сретнат кога француското семејство ќе дојде на лов во Македонија. Филмот, кој има елементи на драма и на трилер, ќе се обиде да направи осврт на општествата во кои живеат двата главни лика и да направи компарација меѓу Западот и овдешната средина", вели Лабина.

Новиот филм на продукцијата на Митевски, покрај во Радовиш, ќе се снима и во националниот парк "Јасен", и две недели во Германија. Машките улоги ги играат познатиот француски актер Жан Мари Гале, кој играл во "Комди Франсез", Фирдаус Неби од Македонија и Арбен Бахтарај, словенечко-француски актер. Директор на фотографија е Унгарецот Матијаш Елдеру, чии последни три филма се селектирани на Канскиот фестивал, а негов асистент е истиот од "Јас сум од Титов Велес" Али Черкау, кој работел со Оливер Стоун и со Скорсезе. Задоволна од екипата, Митевска вели дека имаат и одличен инженер на звук од Белгија Фред Меерт, како и дека костимографката и шминкерката се истите од "Велес" - Моника Лорбер и Мојца Горогранц. Дизајнер е Вук Митевски.
"Жената што ги избриша солзите" е македонско-белгиско-словенечко-германска копродукција и е поддржан од "Еуроимаж". Македонија, преку Филмскиот фонд, го поддржа со 500 илјади евра, а филмот ќе чини еден милион и осумстотини педесет илјади евра. (М. За.)

Абрил веќе 10 години работи само со жени

Викторија Абрил со Теона Митевска веќе една и пол година работи на улогата. И откако е сe испробано, таа доаѓа на еден ден пред снимањето. "Минатата недела имавме камера-тест во Љубљана, и задоволна сум како поминавме. Напорно работевме на глумечки проби, како и на тест на шминка и на светло. Викторија е целосно влезена во филмот, и работи многу посветено. Таа во моментов снима филм, а по нашиот, има уште четири, и се однесува високо професионално. Абрил е задоволна од сценариото, и вели де*ка во последните 10 години работела само со жени. Сфатила дека мажите не знаат да напишат доволно добар карактер на женски лик на нејзини години", ни открива Лабина.

Извор: Вест​
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#17
глуости и беше предходниот Јас сум од Тито Велес не верувам овој филм да и биде итересен
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Мајки“ на Милчо Манчевски влезе меѓу петте номинирани филма за регионалните Ем-Ти-Ви филмски награди (MTV Movie Awards), кои оваа година ќе се доделат првпат.

Меѓу номинираните филмови, освен „Мајки“, се и: словенечкиот „Гремо ми по своје“ на Миха Хочевар, српските „Тилва Рош“ на Никола Лежаиќ и „Монтевидео, бог те видео“ на Драган Бјелогрлиќ и хрватскиот „Сума сумарум“ на Иван Горан-Витез. Наградите ќе се доделат на 6 јуни во Белград.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #19
Монтевидео ќе ја лапне наградата, најзаслужено!
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
Со душа го чекам овој проект. :se poklonuva::

Катарина Ивановска ќе глуми во „Трето полувреме“



Манекенката Катарина Ивановска (23) ќе ја толкува главната улога во филмот „Трето полувреме“, што режисерот Дарко Митревски ќе почне да го снима на 10 септември, дознава „Дневник“ неофицијално. Деновиве треба да биде потпишан договор со нејзиниот менаџерски тим. Ова ќе биде прво филмско искуство за Ивановска, која веќе неколку години ги освојува светските модни писти. Во филмот таа ќе му биде партнерка на популарниот српски актер Сергеј Трифуновиќ, кој ќе ја толкува главната машка улога. До крајот на неделава треба целосно да се формираат авторската и актерската екипа што ќе работат на филмот. Најновото дело на Митревски според жанровската определба ќе биде комбинација на драма и романса.

Филмот „Трето полувреме“ е приказна за Евреинот Иљеш Шпиц, тренер на историскиот фудбалски тим „Македонија“, кој во текот на Втората светска војна станал шампион на Националната фудбалска лига што ја контролирале фашистите. Филмот е приказна за старо Скопје, за упорноста, љубовта, заедништвото и борбата, за времето кога навивачите го извикувале забранетото име Македонија и го бодреле тимот, го објаснува Митревски проектот.

Актерите што ќе ги толкуваат улогите на фудбалерите од тимот „Македонија“ повеќе од еден месец тренираат во Скопје. Филмот ќе се снима на локации во главниот град, Охрид и во Битола. Продуцент од наша страна е „Кино око“.

Македонскиот буџет на филмот изнесува 1.500.000 евра. На конкурсот на Филмскиот фонд од 2010 година на проектот му беа одобрени 500.000 евра. Тоа е максималната сума што Фондот може да ја даде како поддршка. Дополнително, оценувајќи го како проект од национален интерес, Владата одобри 1 милион евра.

„Трето полувреме“ ќе биде трет игран филм за Дарко Митревски по „Бал кан кан“ од 2005 година и „Збогум на 20 век“ (1998), кој го режираше со Александар Поповски. Митревски во последните неколку години работи во САД.

Извор: Дневник​