Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Медена земја l 2019

hakuna_matata

Активен Член
Мислења
816
Допаѓања
36
Поени
28
Автор на оваа тема #1

МЕДЕНА ЗЕМЈА

Режија: Тамара Котевска и Љубо Стефанов

Синопсис:
„Медена земја“ раскажува за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа – 50-годишната Атиџе која живее со својата мајка во едно напуштено село во централна Македонија. Таа се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата и медот го дели со тие што ѝ се ресурс – пчелите. Половина зема за себе, а половина им остава ним. Тоа, според режисерите, е и главната порака спротивна на општиот консумеризам. Филмот го снимале три години и, според нив, тој е повеќеслоен, а со поентата што ја носи и самите, како што рекоа, созреале и го промениле односот кон себеси, другите луѓе и кон природата.

Филмот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“ и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Реализиран е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#2
Документарецот „Медена земја“ влегува во трка за „Оскар“
Според правилата на американската Академија за филмска уметност и наука, „Медена земја“ го исполнува едниот од двата услова за директна кандидатура, а тоа е да победи на еден од фестивалите кои се на квалификациската листа на Академијата, Фестивалот во Тел Авив е еден од тие
Документарецот „Медена земја“ влегува во трка за „Оскар“
Документарецот „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котеска се квалификува за престижаната филмска награда „Оскар“ откако победи на 21. Интернационален фестивал на документарен филм ДокАвив во Тел Авив, Израел. Според правилата на американската Академија за филмска уметност и наука, „Медена земја“ го исполнува едниот од двата услова за директна кандидатура, а тоа е да победи на еден од фестивалите кои се на квалификациската листа на Академијата, Фестивалот во Тел Авив е еден од тие.

„Медена земја“ по триумфот на „Санденс“, го продолжува својот успешен пат на филмските фестивали во светот. Изминатиот период освои награди на фестивали во Полска, Шпанија, Грузија и во Њујорк.

Филмот минатата недела освои и четири награди на фестивалот „Докс агенст гравити“ (Docs Against Gravity) во Полска. Меѓу другото, документарецот доби Гран-при и парична награда на фестивалот. Минатиот викенд тимот на „Медена земја“ ја прими главната награда на фестивалот за документарни филмови „Докс Барселона“ (Docs Barcelona) во Шпанија.
Во почетокот на овој месец филмот го отвори фестивалот „Сине док“ (Cine Doc) во Тбилиси, Грузија, каде што доби и специјална награда од жирито. На 7 мај ја освои наградата за најдобар документерен филм на „Монтклер“ (Montclair FF) во Њујорк. Признанието што го доби „Медена земја“ го носи името на американскиот филмски режисер на документарци, Брус Синофски.

Покрај веќе споменатиот „Сине док“ во Тбилиси, „Медена земја“ отвори уште неколку фестивали како: ФИСМЕК (FICMEC) на Тенерифе (Канарските острови) и „ИсРеал“ (IsReal) на Сардинија.

Деновиве се прикажува и на интернационалниот филмски фестивал во Краков, Полска (KIFF) и на „ДокАвив“ во Израел. Почнувајќи од викендов и во текот на јуни филмот ќе биде дел од програмата на: Интернационалниот фестивал на Беркшир во Масачусетс, САД (1 јуни) и на „Шефилд док/фест“ (Sheffield doc/fest) во Шефилд, Велика Британија (6 јуни). Следуваат проекции во Нов Зеланд: на 2 и 4 јуни ќе се прикажува на фестивалот „Док еџ“ (Doc Edge) во Окленд, а на 16 и 18 јуни ќе го гледа публиката во Велингтон. На 10 и 15 јуни ќе биде емитуван во рамките на интернационалниот филмски фестивал во Сиднеј, Австралија.

Филмот досега беше прикажан на дваесетина други фестивали во Азија, Европа и САД. До крајот на летото се очекува да биде претставен на уште 20 други светски филмски фестивали. Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови кај нас – „Македокс“. Од септември го очекуваат и проекции во киносалите во нашата земја и во САД.

„Медена земја“ ќе има и кинодистрибуции низ сите поголеми земји во светот: САД, Канада, Англија, Германија, Австрија, Полска, Белгија, во скандинавските земји, Шпанија, Турција, Кина, Јужна Кореја, па сѐ до Австралија. Во преговори се сите останати поголеми кино-пазари.

Снимателот Самир Љума
Продуцент и монтажер на „Медена земја“ е Атанас Георгиев, а сниматели се Фејми Даут и Самир Љума. Зад музиката стојат членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а постпродукциски е поддржан и од Агенцијата за филм на Северна Република Македонија.
Преземено од Екран.мк