Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Музички фестивали

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
Овде ќе дискутираме за сите македонски музички фестивали.

Еве ја сценографијата за утрешниот Скопски фестивал 2012:







Многу се радувам поради тоа што фестивалот ќе биде ревијален, а не натпреварувачки. Листата на изведувачи е фантастична, се надевам ќе слушнеме доста квалитетни песни. Многу ја почитувам идејата на МТВ претставникот на Евровизија да го одбира интерно, а не преку Скопје Фест, но можеби пак да го одбере и некој од овие изведувачи, па додатно да ја одберат песната.

Изведувачи:

1. Јас сум само твој – Ѓоко Танески
Композитор: Зоран Алексиќ
Текстописец: Ѓоко Танески
Аранжер: Кире Костов

2. Би била твоја – Јана Бурческа
Композитор: Валентино Скендеровски
Текстописец: Јана Бурческа
Аранжер: Валентино Скендеровски

3. Срце од стакло – Арија
Композитор: Бојан Ѓошевски
Текстописец: Огнен Неделковски
Аранжер: Кире Костов

4. Ноќва е тајна – Наде Талевска
Композитор: Григор Копров
Текстописец: Јордан Данаиловски
Аранжер: Владимир Дојчиновски

5. Љубовта е авантура – Нико Георгиевски
Композитор: Драган Вучиќ
Текстописец: Миодраг Врчаковски
Аранжер: Кире Костов

6. Во пепелта на љубовта – Влатко Илиевски
Композитор: Љупчо Мирковски
Текстописец: Огне Неделковски
Аранжер: Љупчо Мирковски

7. Било кој – Драган Мијалковски
Композитор: Драган Мијалковски
Текстописец: Драган Мијалковски
Аранжер: Демир Имери

8. Залудно е – Тамара Тодевска
Композитор: Роберт Билбилов
Текстописец: Ксенија Николова
Аранжер: Живоин Глишиќ

9. Ланче под перница – Александар Тарабунов
Композитор: Кире Костов
Текстописец: Миодраг Врчаковски
Аранжер: Кире Костов

10. Во мене едно – Дани Димитровска
Композитор: Весна Малинова
Текстописец: Весна Малинова
Аранжер: Кокан Димушевски

11. Милица – Ристо Самарџиев
Композитор: Ристо Самарџиев
Текстописец: Демир Имери
Аранжер: Ристо Самарџиев

12. Ти не си таков – Верица Пандиловска и хорот Рустико
Композитор: Љупчо Мирковски
Текстописец: Јасмина Кантарџиева
Аранжер: Љупчо Мирковски

13. Живеам за нас – Ламбе Алабаковски
Композитор: Дарко Димитров
Текстописец: Елена Ристеска
Аранжер: Дарко Димитров

14. Можеби – Андријана Јаневска
Автор: Андријана Јаневска

15. Заборави – Бојан Стојков
Композитор: Љупчо Трајковски Фис
Текстописец: Бојан Стојков
Аранжер: Љупчо Трајковски Фис

16. Имам јас се – Александра Пилева
Композитор: Владимир Дојчиновски
Текстописец: Кристина Арнаудова
Аранжер: Владимир Дојчиновски

17. Кој е крив – Лаура Крлиу
Композитор: Весна Малинова
Текстописец: Весна Малинова
Аранжер: Живоин Глишиќ

18. Не лажи ме – Елена Ристевска
Композитор: Дарко Димитров
Текстописец: Елена Ристевска
Аранжер: Дарко Димитров
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#2
предобро изгледа сцената за Скопски фестивал ,а ме радува тоа што се враќа фестивалов како што треба и доликува

Се надевам дека ќе слушнеме добри текстови и песни ,доста веќе само песни слушаме со "дупцис дупцис" ритами и текстови колку да не биде песната празна...
на времето имало доста добри текстови на песните ,музиката била толку богата со иструменти од оркестар школувани музичари

еве неколку песни кој мене ми се допаѓаат од скопскиот фестивал
ги има уште но доволно се за на форумов
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#4
Треба и студиски песните да бидат со оркестар .Тоа е убавината на песната .
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#5
Иако носталгијата си го направи своето и враќањето на оркестарот доби позитивни критики, сепак повеќето од песните беа со модерен призвук, за кои песни оркестрирањето во живо е инфериорен начин на донесување на песната.
Сепак добро е од друг аспект, песните кои добро звучат и бараат оркестар за изведба на музиката се помакотрпни за правење, ама некои луѓе повеќе уживаат во нив, затоа што звучат подобро од обичните комерцијални поп мелодии, затоа со донесувањето на оркестарот можеби пејачите кои сакаат да се појават на фестивалот затоа што сакаат објективно да се споредат со другите пејачи и објективно да се евалуира нивниот квалитет, ќе почнат да прават такви елаборирани песни.

Но, од друга страна, не знам зошто толку фестивали. Фестивалот како начин за промоција на песни, нови изведувачи и како шоу за забава е одамна застарен формат, единствена намена денес на фестивалите е натпреварувачкиот карактер кој знаеме дека е дебакл.
Затоа не гледам зошто да се протуркува нешто низ тесна врата, ако нема вистинска потреба за тоа, особено кога се работи за финансии кои може да се искористат за приоритетни проблеми. Реално е дека фестивалов нема да има некоја огромна гледаност, нема да има финансиска оправданост.

Денес има многу поевтини и поефектни начини на промоции на песни, пред се интернет, нови начини на промоција на нови таленти, пред се телевизиски реални шоуа во кои и грешките поентираат и не се потрошени минути како грешките на фестивалите.

И може да ги преместите тука моите две мислења за песната на Лаура од темата за МРТ.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#6
Eве годинава како ќе изгледа сцената на Макфест



Секоја песна на „Макфест“ ќе има и визуелна приказна

Сценографијата е направена од неколку монументални дела за подобар визуелен впечаток, светлото и звукот и поставените лед-екрани ќе креираат посебна приказна за секоја песна. Организаторите најавуваат дека фестивалот ќе фати чекор со светската музичка сцена, што најмногу ќе може да се види на телевизиските екрани

ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ФЕСТИВАЛ

Подготовките за 28-то издание на најпопуларниот фестивал на забавна музика „Макфест“ се во завршна фаза. На 11 и 12 месецов публиката во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе слушне 24 нови композиции. Уметничкиот директор Драган Мијалковски ветува дека фестивалот им се враќа на своите корени, а тоа значи дека публиката ќе има можност да слушне повеќе певливи рефрени.
- Годинешниот фестивал е синтеза на искуство и младост и она што можам да ви го ветам е одлична забава и комплетно уживање - вели Мијалковски.

Годинешниот „Макфест“ целосно ќе биде под општинска капа.
- Музиката има долга традиција во Штип, имаме музичко училиште и факултет за музичка уметност, а не треба да заборавиме дека во Штип е изведена и првата опера во Македонија „Палјачи“. Токму затоа мислам дека не е случајно што го имаме и „Макфест“. Гласачите на Интернет го избраа и плакатот „Враќање на корените“, меѓу четирите понудени решенија, а тоа е мотото на годинашниот фестивал. Досега на оваа сцена се изведени над илјада композиции, кои се дел од нашите сеќавања, но и од нашето секојдневие, бидејќи сѐ уште со задоволство се слушани. Се надевам дека многу хитови ќе се пеат и по годинашното издание. Наградите оваа година нема да бидат високи, како и целокупните трошоци за фестивалот, но за идната година планираме нешто посебно, половина од изведувачите да бидат од странство, претежно од Балканот - вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Во чекор со светската сцена

Во домот на културата „Ацо Шопов“ сценаристите Александар Ивановски Карадаре и неговиот помлад колега Зоран Тошевски деновиве ја поставуваат сценографијата за „Макфест“.
- Сакавме, барем што се однесува до сцената, фестивалот да биде подинамичен, да не е премногу натрупан со ситни елементи. Затоа сценографијата е направена од неколку монументални дела за подобар визуелен впечаток. Светлото и звукот ќе ги работи фирмата „Дивиди 5“, а ќе има и лед-екрани. Всушност, секоја песна ќе има своја приказна. Сакавме да бидеме во чекор со светската сцена, што најмногу ќе може да се види на телевизиските екрани - вели Тошевски.

И годинава како автори на песни се јавуваат: Григор Копров, Кристијан Габроски, Ристо Самарџиев, Владимир Дојчиновски, Горан Дојчиновски, Александар Масевски, Горан Милошевски, Јован Јованов, но меѓу изведувачите ќе има вистинска смена на генерации. Водителка и овој пат ќе биде Вера Јанковиќ, но таа ќе има друштво, водител од Македонската телевизија, која директно ќе ги пренесува двете фестивалски вечери. На 11 месецов ќе бидат изведени 24 композиции, а 18 од нив ќе влезат во финалето, 12 ќе избере публиката, а 6 жирито. Сепак, за наградите ќе одлучува само публиката, по што е и познат „Макфест“. Ќе има две шоу-програми, настапува Холанѓанецот Вил Нелеманс, кој живее и работи во Македонија, а втората вечер на финалето ќе го слушнеме бугарско-италијанското трио „Ша-ша“, кое свири блуз, џез и соул-музика. Нема да изостанат и неколку макфестовски песни во нивна изведба - најавува Трајче Јованов од организацискиот тим на „Макфест“.

Фестивалски малер

За жал, деновиве музичарот Игор Шаревски скрши нога, па нема да настапи. Тој требаше да биде 25-от учесник.
- Шаревски мора да мирува и поради тоа решивме да не ја промовираме песната и на тој начин да му излеземе во пресрет - дополни Јованов.

Кристина Арнаудова, Сања Лефкова, Маја Вукичевиќ и Игор Митровиќ се само некои од имињата што ќе настапат на 28. издание на претстојниот „Макфест“, а честа да го отвори фестивалот ќе ја има младата Ивана Миланова од Свети Николе.

Автор: Марија Таушанска -НОВА МАКЕДОНИЈА

А за Скопскиот фестивал кој ќе се одржува на 13 ноември веќе јавно ги објавија објавени насловите на песните и авторите на истите тие песни
Убавина - Драган Вучиќ
Ако ме боли - Лазар Цветковски
Бело знаме - Стевче Грозданов
Библија - Тончи Нулиќ
Чекор по чекор - Ристо Самарџиев
Нема, нема - Филип Тодоровски
Загубено време - Игор Аранасовски
Ќе те чекам јас - Јован Јованов
Месечина - Дејан Георгирвски
Одам пак - Кире Костов
Разбуди се - Гиргор Копров
Што е тоа - Андријана Јаневска
Што си ти - Дарко Димитров
Сонце во очи - Весна Малинова
Тешко е без тебе - Роберт Билбилов
Врати ми го мигот - Салваторе Монети
Врне, врне - Сара Костадиновска
Тука или таму - Стојанче Аврамов
Знаеш ли - Љупчо Трајковски

Скопски фестивал кој ќе се одржи на 13-ти новември во новиот објект на Народниот театар ќе има натпреварувачки карактер и високобуџетни награди.
„За композицијата со најмногу гласови добиени по пат на телевоутинг наградата е 1.200.000 денари, второпласираната песна ќе се награди со 600.000 денари, а третопласираната со 300.000 денари. За трите композиции ќе бидат изработени и видео спотови во продукција на МТВ.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#7
Дополнување на текстот погоре за Макфест

еве ги учесниците и имињата на песните
https://fbcdn-sphotos-b-a.akamaihd.net/ ... 0195_n.jpg

од сите наведени пеачи само Игор Шаревски нема да настапува ,бидејќи имал некоја повреда ,а сите песни нема да бидат техно бидејќи тоа не му доликувало на фестивалот .Песните ќе бидат во модерен стил и шлагери така вели Драган Мијалковски уметничкиот директор на Макфест 2013

извор : Радио 2 Македонско радио
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#8
Изненадувачки слаба заинтересираност од попознатите пејачи за Макфест. Само Кристина Арнаудова и Маја Вукичевиќ се „познати“, а не дека и тие се нешто многу популарни во денешно време.

Изгледа Скопски фестивал годинава ќе ја собере „елитата“, а и ништо чудно. Боли глава од хонорарите и наградите што ги даваат.

Само Макфест и Скопски фестивал останаа со некакво „реноме“ од фестивалите, другите не знам зошто уште постојат. Особено Охрид фест, кој е срамота. Не знам дали некој се сеќава на некоја победничка песна од фестивалот, а Копров упорно го промовира секоја година како балкански Сан ремо.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#9
Охрид фест балкански Сан ремо :haha:

На Макфест не се само Кристина Арнаудова и Маја Вукичевиќ од познативе ,ги има и Боби Мојсовски(кај Вучиќ во емисијата што пееше),Љупка Најдиновска(ако таа од м2 што направи дует со Ламбе),Денис Димовски (детска евровизија),Горан Наумовски (Во Еден Бакнеш на Алфа што пееше),Сања Лефкова(во шоуто на М2 што беше и една песна што има со наслов Пауза па плеј ),ама добро е што не си ги пишал не се некој премногу познати за разлика од Арнаудова и Вукчевиќ.


Годинава е стварно послаб фестивалов Макфест ,но ај да видиме утре како ќе биде.

Дали МРТ ќе врши пренос ? ,на МРТ сајтот не го пишува во програмата.
 

Taki252

Активен Член
Мислења
2,634
Допаѓања
0
Поени
36
#10
Во Штип нема никаква еуфорија за Макфест слично како лани. Посебно што сега е пастрамалијата и сите зборуваат за неа и на неа ќе присуствуваат. Жал ми е за Макфест но градот никако не смееше да си дозвили да ги стави на иста дата и двата настана.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#11
Утре почнува фестивалов или денес ,овие од МРТ не го знаат денот на одржување Макфест :off:

на интернет читам 11 и 12 утре и задутре ,а на МРТ нема никаков пренос денес.


И мене ми е жал за фестивалов што вака е ставен во ист ден со Пастрмајлијадата ,и лани мислам дека беше вака во ист ден двете ама повеќе на радио слушав и на интернет читав за Макфест отколку за Пастрмајлијадата.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#12
Денес ќе биде на собранискиот канал, а утре финалето е на МРТ 1.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#13
Beauty напиша:
Денес ќе биде на собранискиот канал, а утре финалето е на МРТ 1.
На собраниски ? :sto zboris:

Ете се гледа од авион дека фестивалов годинава не е актуелен.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#14
Не ни треба да биде на МРТ 1, кого го интересираат непознатите пејачи за кого мама или тато платиле за да се појави на фестивал
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#15
A кој се дел од огранизаторите План Б продукција и Јованов или?

Лани и годината кога се емитуваше на Канал 5 знам нив ги спонуваа,а и така пишува на јутјуб видеата од настапите.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #16
План Б е организатор, мој познаник е другар со Кристијан од План Б и знам дека деновиве го спремаше Макфест во Штип.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#17
Дали имаше некаков трибјут за Дуле (од Дуле и Коки) на Макфест? Ако немало, навистина срамота со оглед на тоа што дуото двапати има победено на фестивалов.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
Мислења
3,761
Допаѓања
38
Поени
48
#18
^

А меѓу другото и фестивалот се одржува во Штип, од каде потекнува и каде што почива покојниот Душан Љубисављевиќ - Дуле.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Имав напишано едни мислење за тоа колку се фалеа со новите комбиња ама го избришав затоа што сфатив дека ниту фестивалот, ниту МРТ заслужуваат некој коментар.
За неспособноста на МРТ и вработените си имам нашироко кажано на други места. А на претходната страница сум си кажал и за фестивалите. Непотребни трошоци.

Ако некој од овие пејачи наместо да промовира песна на фестивал, се одлучил да ја стави на јутјуб и да ја изрекламира на фејсбук, би поминала далеку поуспешно. Тоа е модерна продукција, а не застарените фестивали како формат за промоција и натпреварување на песни и изведувачи.