Последен слушан цд албум

  • Автор на оваа тема M@RKO
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #1
Темава ја отварам за да дускутираме за цд албум на балкански соло артисти и бендови кој ги имаме слушнато последно а сакаме да го препорачаме и дугите членови на форумов да го преслушаат.


Иако веќе имам пишано во соодветната тема сепак ќе пишам и тука
Последниот албум на Жељко Јоксимовиќ за мене е максимумот од него засега што го има направено, иако скоро сите песни му се балади и многу мал број има такви со брз ритам како што му беа неколкуте песни порано во неговата кариера сепак албумов вреди да се слушне.




Кога се продаваше кај нас по трафикиве се двоумев дали да го купам но откако ги послушав песните доста се изненадив колку се добри ама веќе касно беше го распродале а она најверојатно што им станало го повлекле од продажба па морав пиратско да го симнувам.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#2
Doris Dragovic - Ja vjerujem (2009) - албумов е доста добар,повеќето се балади,но вреди да се ислуша.Има некои предобри балади како што се Ni rici,Teret ljubavi и Ja vjerujem по која песна е наречен албумот.Исто така и Obilanca Malinkonije која е претежно испеана во далматински стил.Албумов го немам,ниту мислам дека го нема ниту по трафикиве,но ги имате сите песни на YouTube на плејлиста па можете да ги слушнете.На љубителите на балади,сигурно ќе им се допаднат песниве,особоно песната Ni rici 334545
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#3
Oliver Dragojevic -Tisina Mora (2013) - го обожувам Оливер како пејач и ми е еден од омилените пејачи од машкиот пол.А,овој албум го потврди тоа.Од скоро дознав дека издал албум во 2013,па решив да го преслушам.Имате плејлиста на YouTube па кој не го е преслушал,обавезно нека го слушне.Ај сега да се задржам на темата.Колку премоќни балади :se poklonuva:: ,ме потсеќаат на оние старите негови од типот на Piva klapa ispo volta и Neka se drugi raduju.Најмногу ме допре Tisina Mora по која е наречен и албумот.Колку само нежни зборови :lilee: .Додека U mom zagrljaju обавезно се слуша,таа е претежно забавна песна,а не балада како и останатите негови во албумот.Ви препорачувам да го слушнете албумов доколку сакате премоќни балади како и мене :) .
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #4
Оливер ми е и мене омилен пеач. Додека не дознав за торенти му ја симнав цела дискографија песна по песна од еден сајт кој сосем случајно го најдов. Го снимив на две цд-а и кога и да одам некаде на одмор, викенд или нешто сличнот со мајка ми, татко ми, брат ми... се слуша Оливер по пат во кола. Човекот е пример за добра поп, шлагер, балади и останат жарн кој го негува.

За Оливер а и за хрватската музика дознав од татко ми. Последен албум слушан ми е оној со Џибони. Албум кој вреди да се слушне.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#5
И кај мене е исто :) Само кај мене се слуша и Дорис која ми е омилена пејачка ,стално сум во далматински ритам :) Кој албум со Џибони го имаш последно слушано,оној новиот Фамилија ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #6
Да Фамилија. Хрватите мислам дека имаат најдоба музика од оние земји кој биле дел од поранешна југославија.

Jaс го симнав и последниот албум од Ватра и имаат добри песни. Ватра се хрватски рок бенд. Иван Дечак е вокалистот кој беше и во жирито на The Voice во Хрватска. За бендов дознав откако им ја слушнав Танго.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#7
Твој коментар за Фамилија ? Јас ги имам слушнато само песните кои беа излезени на Интернет (Онако од ока,Гдје то пише и Среча) другите мислам дека ги нема.Го имаш албумот или ги има некаде на интернет?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #8
Симни преслушај.
http://samosviraj.blogspot.mk/2016/04/o ... a.html?m=1

Овие што ти си ги напишал се и најдобрите од албумот.

И тука имаш добри албуми иако блогот после 2015 не е ажуриран со нови албуми.
http://jasamtuadisiti.ucoz.com/blog/

Исто имаш и на serbianforum.org куп албуми а ако не најдеш нешто на форумот има дел каде може да побараш да ти најде некој.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#9
Ти благодарам многу :) Кога ќе сум во можност,ќе го симнам и ќе го слушам.Ако и останатите се како овие што ги набројав,тогаш нема сомневање дека е многу добар албумот.
Еве ја и Тишина Мора,ако ја сакаш неговата музика оваа без сомнеж ќе ти се допадне.Многу добра балада.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #10
Го имам албумот од Оливер. Добри песни има со доста добри текстови за разлика од некој други кој имаат едни те исти фрази и рими во текстовите.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#11
Овој Тишина Мора го имаш ? Тој го промовирал албумов во ноември 2013 на концертот со Дорис во Скопје,а тогаш за несреќа не бев во можност да отидам на тој концерт во Борис Трајковски.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #12
Да го имам на мобилен MP3. За да дознаваш за албуми најдобро ти е да го посетуваш discogs.com пиши го пеачот, пеачката или групата и ќе ти најде ако има таму акаунт профил направено цела негова дискографија со се синглови, компилации, со се биографија од википедија.

После ќе го бараш албумот на google, по форуми, блогови или ако имаш можност ќе си го купиш оригинално.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#13
Оливер и Џибони добитници на наградата Порин за најдобар поп албум за 2016 :190950: :190950:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #14
Maлку криво ми е што не отидов на концертот ама тоа е ќе има и друг пат ваков интересен концерт.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#15
Јас бев и на концертот и сега ги гледам Порин наградите.Ги обожавам овие луѓе 334545
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #16
Штета немам HRT на МaxTV па немав поима дека денес се одржува Порин. Сега пуштив преку интернет ама веќе при крај е.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#17
Преубава вечер.Завршницата најдобра,Sreca-Oliver & Gibonni :bravobravo: :bravobravo:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #18
Го гледав Оливер и Џибони па после и наградата за најдобар албум.

Нека учат МРТ од HRT па нека им текне еднаш у животот да почнат и они со музички награди какви што треба а не оној бедниот, глуп и никаков МАРС.

Ако можеа да платат Јана да има добра песна и спот за Евровизија можат и за вакво нешто да фрлат пари.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#19
Така е.Треба да поработат на тоа многу,а и треба да има добра поп музика како и Хрватите што имаат.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,655
Допаѓања
81
Поени
48
Автор на оваа тема #20
Доделувањето на музичките хрватски награди Порин 2017 го има цела снимка на hrti.hrt.hr Секоја чест за HRT што се трудат да секоја емисија, повеќето концерти, фестивали, емисии, документарци да бидат достапни на еден сајт.