Слаткар

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1

Марко Маринкович - Слаткаристика е роден на 15.08.1986 во Скопје.

Со творење започнува од својата 12 годишна возраст. На 15 години заедно со својот другарк Skeet Skeetara ја оформуваат Хип Хоп групата “Единствена Опција“ и во 2004та година го издаваат албумот “Рап Тврдина“.

Заедно со Пука Козметика, Скеет, Ел Мариачи, Боро Лаказ, Кацар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и ДЈ Димитриј Је Је во 2008ма година ја оформуваат групата “Токсикологија“.

Во 2009та година потпишува договор со продукцијата Јованов Рекордс и го издава својот прв соло албум насловен како “Слаткаристика Будало“ со кој постигна значителен успех и ја најави Хип Хоп Револуцијата во Македонија. Во последнава година покрај повеќето значителни настапи направи концерти во Охрид - Антички театар, Дом на Култура - Штип и Струмица, Спортска сала Младост - Битола и Метрополис Арена - Скопје.


Во Мај 2010та година излегува ДВД изданието од неговиот голем концерт во Метрополис Арена - Скопје. Моментално Слаткаристика работи на својот нов албум.





 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
Јас на почетокот ич не го сакав и баш го доживував како Слаткар. Сега ми е многу Ок детево, некои го сакаат некои не ама никој не е рамнодушен. Си го тера филмот, знае што сака и не се замара. Фаворити ми се Фм, Шопинг, Игра, Да полетам, Нервоза... Можам да заклучам дека има добар страшно добар деби албум. Нешто го нема у поново време или така ми се чини?
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#3
Па јас го знам од пред помалку од 2 години кога излезе Шопинг. Пред тоа не знаев ниедна песна од Слаткар (и сега не знам дали пеел пред тоа, какви песни итн) и од прв момент не ми се допадна. Но веќе по втората песна и веќе целиот албум, навистина Слаткар ми е супер :guskam: И ретко се погодува таков хитовски албум во Македонија. Сепак он самиот, песните, стилот кој го фура го направија своето за да излезе се толку хитовско и добро.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #4
PLAYBOY: Има име од македонската музичка сцена кое би го зеле под ваша капа?

Милошески: Во моментов сме презафатени со промотерски активности, така што воопшто не сме размислувале на оваа тема. Реално ми се допаѓа тоа што го работат Bernaus propaganda, Bei the FIsh и Слаткарот, а имам идеја како може Слаткар да стане навистина голем и како тоа да се материјализира на многу повисоко ниво. Ама, како што реков, во моментов сме презафатени со други работи.

Ептен му одаде ова лигавото створење Милошевски Бобан ( Авалон) признание на Слаткар. Може Слаткар да стане новиот ексклузивец на авалон, не би ме чудело.
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
#5
Добар е Слаткар. Можеме колку сакаме да дебатираме за неговите песни, ама јасно е дека типот успеа да се пробие на пазаров. Не сум многу по рапот, ама му ги знам повеќето песни, едноставно насекаде се пуштаат по забави. А и искрено, подобро Слаткар ќе го слушам отколку некои нафурани раперчиња кои се маваат од земја на фристајл.
 

saninova77

Нов Член
Мислења
39
Допаѓања
0
Поени
0
#6
igorao85 напиша:
PLAYBOY: Има име од македонската музичка сцена кое би го зеле под ваша капа?

Милошески: Во моментов сме презафатени со промотерски активности, така што воопшто не сме размислувале на оваа тема. Реално ми се допаѓа тоа што го работат Bernaus propaganda, Bei the FIsh и Слаткарот, а имам идеја како може Слаткар да стане навистина голем и како тоа да се материјализира на многу повисоко ниво. Ама, како што реков, во моментов сме презафатени со други работи.

Ептен му одаде ова лигавото створење Милошевски Бобан ( Авалон) признание на Слаткар. Може Слаткар да стане новиот ексклузивец на авалон, не би ме чудело.
Зошто вакво мислење за Бобан:neznam:
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#7
Стварно, igor зашто вакво мислење :haha: Затоа кога ќе ја прашаат Каролина кои ти се омилени пејачи/пејачки, веќе подолго време ги кажува Тони Зен и Слаткар обавезно :haha:
Па и време е некој нов да влезе во Авалон. Може 8 години не соработуваат со други пејачи и пејачки.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #8
Нешто ако највише мрзам на свет тогаш тоа е препотентни створења како Бобан. Ми иде на нерви уште ко ја прекинаа соработката со Тоше и подоцна со изјавите што ги даваше. Инаку јас сум за да влезе Слаткар у Авалон ( може ќе му земаат поголем процент од заработените пари) ама мислам дека поасално ќе му ја водат кариерата отколку јованов рекордс. Авалон се машинерија за пари така да мислам дека ќе се најдат некаде на таа бранова должина со Слаткар.
 

saninova77

Нов Член
Мислења
39
Допаѓања
0
Поени
0
#9
igorao85 напиша:
Нешто ако највише мрзам на свет тогаш тоа е препотентни створења како Бобан. Ми иде на нерви уште ко ја прекинаа соработката со Тоше и подоцна со изјавите што ги даваше. Инаку јас сум за да влезе Слаткар у Авалон ( може ќе му земаат поголем процент од заработените пари) ама мислам дека поасално ќе му ја водат кариерата отколку јованов рекордс. Авалон се машинерија за пари така да мислам дека ќе се најдат некаде на таа бранова должина со Слаткар.
Ајде ова е тема за Слаткар не иде да зборуваме за други ,ама за болдираното мислам дека беше обратно
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,229
Допаѓања
26
Поени
48
#10
Слаткар кога беше со Скит како група Единствена опција и кога не беа толку вака познати имаа подобри рап текстови од реалниот живот и имаа смисла а не како сега што му се текстовите за толку небитни ствари ,мада и сега има добри некој песни ама тие се ретки

еве неколку траки за тие што не знаат што рап текстови имаше Слаткар на времето

http://www.youtube.com/watch?v=QK9aE01-E7I&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=XxS6KF5pvyU
http://www.youtube.com/watch?v=N72kPkTLn3Y&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=bx5E8WNbsrk&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=P8aoO1mqZKU&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=XWgMroHe99k&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=2lyexzTFHuA&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=2XmaaKqW2w4&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=ko7Oic053i8
 

Sawyer

Нов Член
Мислења
34
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Аууу, Слаткар.... Искрено, не го поднесувам. Поголем позер - здравје! Порано со Скит правеле по нешто добро, сега јок. Не слушам многу рап, но го почитувам како музички правец, ама оној вистинскиот рап. Ова е само обична комерцијала. Типот се замислува како некој многу јак шизик, а пак ќе речам, не личат на ништо песните негови. Исклучок ми е само „Да полетам“. Ако сакате да слушнете вистински рап, барајте нешто некомерцијално, не ова. Рапот не е само погрдни зборови и навреди. А и мислам дека најголеми обожаватели му се деца од 13-14 години.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #12
Класика новата песна на Слаткар. Напишана директ од Големиот Џеј Џеј . Нели за нашиве македонски рапери ( па воопшто и секаде во светот) тоа е квазираперски потег, зашто раперите сами си ги прават песните.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Абе ова се отиде по ѓаволите на нашава естрада :off: Мислам се убив од смеење кога Јован Јованов пееше на концертот на Влатко Илиевски "За кој к*р сте ме направиле" :haha::haha::haha: Еее Слаткаре на што нема да те натераат парите ццц
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #17
Ај не мие баш по ќеф новата песна на Слаткар.. Не како другите, некако на турбо ми мава
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,229
Допаѓања
26
Поени
48
#18
глупости му е песнава на Слаткар ,незнам како можеше после Класика да напраи нешто покатастрофално