ТВ Пакет портал

  • Автор на оваа тема Крис
  • Датум кога е започната темата

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #1
Дечки, одреден период нема да имам ни малку време за сајтот затоа што имам некои обврски, доколку некој изјави желба да пишува на него ќе се договориме, ќе ви дадам пермисии.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
#3
Tреба да се најдaт некој што доста гледаат телевизија ,пратат тв серии , ќе пишуваат за нови тв канали ,а не глупа вест
Чистачката на МРТ хит на социјалните мрежи

ај што е глупост ама и нема врска со МРТ .
 

Blagojche

Активен Член
Мислења
3,490
Допаѓања
9
Поени
38
#4
Еве јас можам да продолжам да информирам за индиските серии како и досега... Само што ќе треба Лукас да го додадам на фејзбук ако сака, или доколку не сака да ми даде негов фејзбук нека каже како да стапувам во контакт со него за да му ги пренесувам информациите...
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,785
Допаѓања
676
Поени
113
#5
Јас на LucasScott ќе му ги праќам текстовите, ок?
Гледам дека во последно време затаи.
 

Blagojche

Активен Член
Мислења
3,490
Допаѓања
9
Поени
38
#6
Вака сеа, :) Бјути може да направиш една статија за тоа новата емисија што ќе оди на СкајНет и другите локални телевизии...

Друга информација имам за Арџун и Пурви од „Огнови на љубовта“ - дел од приватниот живот... Доколку може, да го спремам јас текстот и пота објавете го...

И нека се задржи оној формат што го имаше порано а не да има секакви беспотребни и глупави информации... :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,785
Допаѓања
676
Поени
113
#7
Праќај ми ги мене во порака на форумов текстовиве, јас ќе ги средувам со слики и во порака ќе му ги праќам на LucasScott.
 
Мислења
549
Допаѓања
3
Поени
18
#8
Крис тука сум и јас да гледам да биде се во ред со објавите ...Можете и на мене да праќате текстови ..Имам и јас дозвола да објавувам на порталот ..позз
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #9
Темава е отворена токму за да одредени членови да не мора да ми праќаат на мене текстови туку за да можат самите да си ги објават, особено на тебе Дани би ти дал целосно право да управуваш со статиите како што му дадов и на Јовица. Значи велам привремено е јас повторно ќе пишувам кога ќе се ослободам.
 
Мислења
549
Допаѓања
3
Поени
18
#10
Ако може некој да напише еден текст за ЦВЕТНИЦИ 2014 ...го снимив фестивалот и ги уплоадирам настапите ;)
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Значи ве молам не пишувајте за статии сличи на таа од се ближи крајот бла бла, па и песни преведени! Сабајлево на радио не спомнаа за лошото водење на портал во рубриката на Mетрополис 'Кој ... го боли за ова?' Значи губиме репутација и стануваме треш портал само ради тие ваши глупи статии за турски серии!!!
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,785
Допаѓања
676
Поени
113
#12
Што им е чудно на Метрополис, сајтот се вика ТВ пакет :haha: , што очекуваат да прочитаат за македонските телевизии ако не за турски серии и треш емисии и уште од 2010 година постојано се пишува за тие серии, дури порано во многу поголема мера.

Да се читаат содржини и песни од сапуници е смешно за одредена група на луѓе, но статиите за турските серии и турските песни се почитани од било какви вести од телевизијата, културата и забавата што се објавуваат, според бројките на читаност кои ги има на сајтот горе.
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Да, но луѓе сепак моа да постои рестрикција што ќе се објавува што не. Не може секоја глупост да се стави.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#14
А зошто не објавувате ништо за Евровизија? Имаме неколку членови тука кои редовно следат новости за евровизија, може и цела секција да се направи за Евровизија со локални вести и преведени од странски извори.
Посебно сега кога следуваат пробите кои не се воопшто покриени од локалните портали.
 
Мислења
549
Допаѓања
3
Поени
18
#15
Народе не сум добар со пишување на текстови , статии... така да напишете нешто и пратете ми па ќе објавам ... ;)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
#16
LucasScott напиша:
Значи ве молам не пишувајте за статии сличи на таа од се ближи крајот бла бла, па и песни преведени! Сабајлево на радио не спомнаа за лошото водење на портал во рубриката на Mетрополис 'Кој ... го боли за ова?' Значи губиме репутација и стануваме треш портал само ради тие ваши глупи статии за турски серии!!!
И јас го слушнав тоа ,бидејќи редовно ја слушам таа емисија на радио Метрополис ,ништо страшно не им се допаѓа на нив тоа што на ТВ пакет се преведува турска песна од серија .
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,785
Допаѓања
676
Поени
113
#18
Сајтот ми се отвора преку мобилен, но не и пркеу компјутер. Дали некој го има истиов проблем и решение?
 
Мислења
782
Допаѓања
16
Поени
18
#19
Да и мене ми се случува истото. Од компјутер не сака никако да отвори, а од телефон отвара ама многу тешко и споро
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,366
Допаѓања
51
Поени
48
#20
Се пишуваат ли често новости на сајтот?
Одамна го немам посетено, а дури ни на фејсбук немам видено никаква новост од сајтот.