Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Тамара

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1

Тамара Тодевска, една од нашите најдобри вокали, во музичките води се впушти во 1997 година, со дуетот со сестра и’ Тијана - “Игра луда
Родена е на 01.06.1985 во Скопје. Со пеење се занимава веќе 6 години. Дипломира на Музичката академија во Скопје.

Во Србија стана позната по настапот на фестивалот во Будва со песната “1003”.
Во 2008 година ја претставуваше Македонија со песната „Во име на љубовта” на Евросонг во Белград .


Моќен а истовремено нежен вокал, силна темпераментна женска која е постојано насмеана и расположена.
Нешто повеќе за нејзиниот албум сино
“Првата работа што ќе ви го привлече вниманието кај дебитантското издание на Тамара е буклетот. Албумот е спакуван со црно-бели фотографии, на кои во преден план е ликот на младата македонска ѕвезда. Дизајнот и изборот на фотографии будат чувство на чиста емоција и едноставност, а ефектот од самата замисла е навистина максимален. Остварувањето е наречено Сино и е во издание на Масив скај мјузик. Нуди десет композиции и два ремикса во аренби поп-стил. Музичкиот спектар го сочинуваат Сино, Жешко лето, Солза врела и Најверни пријатели (балади), Молчи, молчи и Љубовна приказна (нумери со средно темпо) и Шетај, А што ако, Немирни илузии и Љуби (брзо нумери). Двата ремикса се направени за песните Шетај и Молчи, молчи. Автор и продуцент на музичкиот материјал кој се подготвуваше една година е Александар Масевски.“


 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
#2
Зашто не пее повеќе :haha: Извади еден албум пред многу години и од тогаш ретко вади песни. Мрзлива е и самата си кажува и сигурно е тоа причина зошто посериозно не се занимава со естрада.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Тамара, моментално е во Њујорк како што вели она да си го исполни долгогодишниот сон и е цимерка таму со Ана Стојановска ( Преживеан) и Кика ( нашиот најпознат и би рекол најубав модел. Која убавина:)
 
Мислења
217
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Со Кика??? Нели е со Катарина Ивановска???
Инаку, ја сакав Тамара, ама многу е препотентна и го срушив филмот за неа баш ми е криво
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Да де Кика === Катарина Ивановска, исти к*р ти е. Да викаш препотентна е баш ме интерсира зашто мислиш така. Јас мислам дека не е баш нешто повеќе лигава од било која останата македонска пејачка
 
Мислења
217
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Па не знам ама мене не ми оставила никогаш кој знае каков впечаток. Ок, не е лигава - точно, ама многу ми е ... не знам, не можам да пронајдам вистински збор за да ја опишам Тамарсон.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #7
"Неодамна се вратив во Америка, каде што минам два месеца и сега се трудам да се видам со сите пријатели што не сум ги видела целиот овој период. Во некое време од денот треба да одам и на фризер, па вечерва настапувам во клубот „69“ со диџеј Маци." Тамара Тодевска, Што прават денеска , Утрински весник
Јас си мислев дека барем ќе се обиде да се пробие во Америка ( колку и да звучи смешно). Ама изгледа ништо
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
#8
Тамара да се пробие? И да може да се пробие некаде, таа нема да се пробие од нејзината незаинтересираност и мрза. Таков однос си има и со нашава естрада. А ете и во приватниот живот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,077
Допаѓања
154
Поени
63
#9
топ е Тамара и се е супер кај неа нетреба секој месец нова песна да има и лабуми да ваѓа нонстоп ,ќе испее она се надевам и надвор од Македонија опасна како што е и опасна и Тијана
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #10
Мислам дека требаше да извадат албум со Александар Митевски. Песните како Шила и Аngels ветуваа дека ќе беше албумот светски а вака остави се незавршено
 

saninova77

Нов Член
Мислења
39
Допаѓања
0
Поени
0
#11
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C5A6C7C608E6A44E957DDE957F8D6B74

Пејачката додала дека многу и недостасувала сестра и Тамара, која живеше извесен период во Њујорк, односно замина на две недели, но толку и се бендисало таму што почнала и да работи во џез-клуб и планира да остане таму. Тамара за празниците е во Скопје за да ги среди документите за визата и да се види со блиските. "Ние две сме многу поврзани и тешко ми е што нема да можеме да се гледаме многу често, но знам дека е многу среќна во Америка", рекла Тијана.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #12


На Србите Тамара им личела на Бритни во стилот:haha: Абе го влече нешо девојчево кон Америка Ви викам ја:se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#13
:off: Тамара е најодвратната личност која моиве очи ја виделе,
те молам не ја споредувај со Бритни. :)
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#15
Нова песна на Тамара:
http://www.youtube.com/watch?v=zQ2rEFiJo4M

Тамара со песна од Дуке Бојаџиев

"Дали знаеш каде" е новата песна на Тамара Тодевска, која ја работеше во Њујорк, во студиото на македонскиот музичар Дуке Бојаџиев. Песната е во модерен диско ритам, и Тамара вели дека $ е голема чест што работела со Бојаџиев, минатото лето, додека беше во Њујорк.
"Подготвувам албум со нов концепт, диско-хаус. На него ќе има сосема нови песни од Пере, Никола Васовски, Дуке Бојаџиев и откачени текстови од Слаткар и Тони Зен. Старите песни кои до сега не се објавени на цеде ќе почекаат за некое 'најдоброто од' издание", ни рече Тамара.
По "Дали знаеш каде", таа ќе ја промовира "Сама", песната од Никола Васовски. Минатиот месец, Тамара заедно со Пере од "Нокаут" и Фиц, поранешниот член на "Студени нозе", ја сними "Трафика мала", песна која зборува за детството на тројцата пејачи кои израснале во исто маало.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#16
Колку е неверојатно добра „Дали знаеш“, последниве денови ми е на repeat ставена. Можеби и најдобра песна на Тамара.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,077
Допаѓања
154
Поени
63
#17
Тамара кога била малечка имала песна со Маријана и Росана

 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,887
Поени
113
#18
Burrows напиша:
Колку е неверојатно добра „Дали знаеш“, последниве денови ми е на repeat ставена. Можеби и најдобра песна на Тамара.
Го тргнале видеото.
И што сега најавува албум со диско хаус? А што е со албумот што го најавуваше на кој ќе беа Готово е, Тешко без тебе и претходните.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,077
Допаѓања
154
Поени
63
#19
Burrows напиша:
Колку е неверојатно добра „Дали знаеш“, последниве денови ми е на repeat ставена. Можеби и најдобра песна на Тамара.
Koja беше песнава ? Знам дека има песна со наслов Дали знам ,ама Дали знаеш не се сеќавам на таква песна.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#20
„Дали знам“ е песна од 2002-ра со која Тамара се проби на естрадата.

„Дали знаеш“ е песна од 2011-та која очигледно беше некој вид експеримент на Тамара. Веќе некое време не може да се најде никаде и ми е многу криво поради тоа, пошто беше предобра. Песната беше нешто како модерна верзија на „Ајде да летаме“ на Каролина.

Тоа со албумот, не знам што и' е филмот, самата не знае што прави со себе и со музиката веќе со години. Последниот албум и' е од пред 9 години, и во меѓувреме направи песни за да пополни и 2 нови албума.