Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Тамара

  • Автор на оваа тема igorao85
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#41
Прекрасна песна, мене делот на Тамара со детскиот глас ми е супер.

И јас не го сваќам добро текстот на песната.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#42
Според статусот, заклучувам дека Тамара рипнала во тавче, но со кого? :neznam: :neznam:


 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#44
Пред некој ден видов слика на нејзиниот профил

Перо Антиќ и Александар двајцата сликани
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater

А сега отварам да видам кој е овој Александар бидејќи слабо пратам кошарка
гледам на неговиот профил честитаат, а некој објавил слика од торта
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater

Епа ај нека им е со среќа :)
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#45
Изненаден сум, секоја чест што ја држела на дистанца врската :)

Честитки!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#46
И јас сум изненаден што до вчера никој не ни имаше објавено дека Тамара е заљубена и има дечко. Знам имам читано едно време дека беше во врска со оној Бертан и дека нејзините биле против таква врска
http://komentar.mk/archives/2631

Од тогаш до вчера немам ништо читано за нејзина врска.
 

alek

Активен Член
Мислења
665
Допаѓања
35
Поени
28
#47
Тамара во стилот на Зорица Брунцлик :) се офарбала црвено. Во општо не и стои :rolleye:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#48
Се офарбала, се здебелила и што е најлошо, се вратила на старото глупирање.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#49
И на скопски и се гледаше малку стомаче

Да не е трудна ?
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#50
Никој не може да ме разубеди дека ова ќе освоеше високо на Евровизија и со ваков сценски настап позади сцената како што имаа Украина во 2011 со сликањето фигури од песок во позадина кое беше презабележителен настап! Песната е исто како босанската "Korake ti znam" од 2011 нема некоја динамика, само оди едно исто темпо, и беше совршено изведена и освои финале! Не може некој да ми кажува дека Даниел е подобро, не е, и ќе си останиме пак во полуфинале, готово!

 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#51
Се согласувам, но мислам дека на прва не ни остави некој си впечаток.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#52
Тамара гола на календарот на Пелистерка :off:
Тамаро, си слушнала ли за вкус, угледај се на колешките Каролина и Елена, ако не друго. И они две се сликаа за Пелистерка, па изгледаа како што изгледаа.

 

Phillip

Активен Член
Мислења
1,796
Допаѓања
14
Поени
38
#54
http://www.telegraf.mk/zabava/estrada/2 ... vo-zemjava

Браво Тамара! :bravobravo:

Свадба во Јуни, концерт наесен, албум во Март(да го видиме конечно и тоа чудо).

Ептен ми се свиѓа Тамара, права ѕвезда е.

Што се однесува до ТЉСП, мислам дека е најголем "регуларен" хит во изминатава деценија. Одлична песна!

А календарот е одличен! Барем малку ја размрда нашата заспиена нација, а дека е подобар од мизеријата на Каролина за Плејбој, тоа секако да.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#55
Според мене воопшто не се однесува како права ѕвезда, премногу емоционално и субјективно реагира на некои работи, а тоа не е симбол за „права ѕвезда“. Иако реално со вакви песни би можело да се пробие и подалеку од Македонија, тука се согласувам.

Не се согласувам ни дека Тажна љубов, среќна песна е најголем хит. Црно и бело е убедливо најголем хит (и бројките го покажуваат тоа), а ако ја тргнеме настрана Евровизија, за „регулиран“ хит мислам дека Две лири засега води. Ќе видиме како хитот на Тамара ќе го помине тестот на времето, ама мислам дека дури и за неа Готово е се' уште е поголем хит.

А со албумот секоја година го кажува истото, се надевам конечно ќе се оствари овој пат. Пред точно 10 години го издаде првиот и последен албум. Многу ме интересира дали и кои стари песни ќе ги става, или ќе извади нешто комплетно ново. Мислам дека е добро да извади еден сосема нов албум, и еден бонус компилациски каде што ќе ги стави најголемите хитови од последните 10 години кои не се ставени на ниеден албум.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#58
Ви текнува на песнава?
https://www.youtube.com/watch?v=-9swxUAkXYU

Своевремено најголемиот хит на Тамара, сега едвај може да се најде на YouTube.
Штета што е заборавена, мислам дека е дефинивно во Топ 3 песни на Тамара. Порано ич не ја сакав, ама сега кога ја открив повторно ептен ми е добра. Звучи хитовски и за денес.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#59
Албумот изгледа Еден ден ќе се вика, промоцијата почнува во Неготино во Хавана.

А ова нова песна некоја со видео спот...

 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,074
Допаѓања
151
Поени
63
#60
Има ли некаде некоја слика од свадбата ?