Тоше Проески

  • Автор на оваа тема Кате
  • Датум кога е започната темата
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
Автор на оваа тема #1


Биографија:
Првите почетоци на музички план Тоше Проески(роден на 25.01.1981 г.) ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик. Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му донесе два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го одржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.
Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје Фест” (од каде се избира македонскиот претставник на Евровизија) со песната "Солзи прават златен прстен" која, и покрај тоа што победува на теле-воутингот, на крајот го освојува третото место, зад Каролина Гочева и победнициите XXL. Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот Божји" кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како "Немир" (дует со Каролина Гочева), "Во коси да ти спијам", "Излажи ме уште еднаш", како и "Илузија" и "Тајно моја", две песни компонирани од Кире Костов, (со втората го освојува второто место на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, Црна Гора).
Српската продукциска куќа “BK Sound” ги откупува правата за издавање на следниот албум на Тоше на просторот на поранешна Југославија, што пак ќе резултира со Оскар на популарноста на просторот на поранешните југословенски републики за 2000 година, како и со целосно распродани концерти во Скопје и Белград. Во 2001 година Тоше, заедно со неколку други македонски пејачи, отпочнува турнеја низ Австралија.
Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Следи период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.
Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Истанбул, Турција. Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.
Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ списоци во овие земји.
Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.
Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.
Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика. Има напишано неколку песни за себе - Има ли ден за нас?, Слушаш ли?, Малечка и Полско цвеќе. Во 2004, Проески ја компонира и Муза - голем хит за Мартин Вучиќ и наслов на неговиот следен албум. Во едно интервју, Тоше има речено дека има повеќе од 100 искомпонирани и напишани песни за кои чека прав момент за да ги издаде.
Борба против злото, елиминација на непријателите, победа на доброто беа главните црти на стрипот „Супер Тоше“, во кој главниот јунак беше правен според ликот на Тоше Проески. „Супер Тоше“ беше првиот стрип во државава во кој главен протагонист беше популарниот пејач, а сето тоа беше дел од хуманитарната кампања која се одвиваше под мотото „Суперхерој на хуманоста“.
„Во стрипот ги вметнавме сите доблести и карактеристики на Тоше за да изградиме фиктивен суперхерој, кој се надеваме ќе прерасне во идол на младите. Тоше е идеализиран, но на тој начин сакаме да им дадеме верба на младите за победа на доброто над злото“, изјави своевремено Оливер Ромевски, автор на „Супер Тоше“. Задачата на Тоше воопшто не беше лесна. Тој како оружје го имаше својот суперглас со кој се обидуваше да го елиминира злото и да ги победи непријателите, меѓу кои предничеше Мистер Пират, главен во пиратеријата во целиот свет, шверцот со деца, криминалците со дрога и оружје...“
Згодите и незгодите на Супер Тоше беа стокмени на 32 страници во црно-бела техника, а на дел од нив беше сместено и интерактивното катче Супер Тоше фан-клуб, како и хуманитарните содржини наменети за оние што имаат потреба од помош.
На 13 април 2003 година, Тоше Проески победи на првата Беовизија (фестивал на кој од 2004 година се избира српско-црногорскиот, а од 2007 само српскиот претставник на Евровизија). Тоше на Беовизија настапи со песната Чија си, на авторскиот тандем Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ, која на крајот имаше вкупно 75 поени, што беше дури за 29 гласа повеќе од второпласираната композиција.
Значењето на победата на Тоше беше голема пресвртница и значаен момент во неговата кариера, особено поради тоа што на фестивалот настапија мошне популарни екс-југословенски ѕвезди, а во стручното жири членуваа истакнати музички дејци. Искачувајќи се на сцената, уште еднаш да ја отпее победничката песна, Тоше Проески не пропушти прилика да ја спомне својата земја, истакнувајќи дека би било убаво доколку Македонија или СЦГ во 2005 ја организираат Евровизија.
Песната Чија си стана еден од најголемите хитови што Тоше ги испеа во целокупната кариера, песна која заедно со Тајно моја ја лансираше македонската мегаѕвезда директно во редот на најпопуларните изведувачи кај нашиот северен сосед и пошироко.
На 49-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, Македонија ја претставуваше нејзината најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше се претстави со песната Life, која всушност беше преработена верзија на оригинално избраната Ангел си ти.
Оваа песна беше избрана на 14 февруари 2004 година, во конкуренција со уште седум други песни од еминентни музички имиња, напишани специјално за Тоше.
Инаку, музиката и аранжманот на песната Ангел си ти се на Јован Јованов, а текстот на Илија Николовски. Оваа композиција беше убедливо најдобра, како според телевоутингот, така и според 11-членото жири, а најмногу му се допадна и на самиот Тоше.
На Изборот за песна на Евровизија, Тоше со својата моќна и енергична изведба како и со придружните вокали кои направија артистично шоу на сцената, успеа да се пласира од полуфиналната на финалната вечер. На финалната вечер, со освоени 47 поени се пласираше на 14-тото место.
Иако Тоше не беше задоволен од својот пласман, поради познатата соседска размена на гласови, како и поради самиот евровизиски концепт кој не бара врвни пејачки квалитети, туку акробации и жонглирање на сцена, сепак Македонците достојно ја пречекаа својата ѕвезда при враќањето од Истанбул во толкава бројност и толкава еуфорија, исто како Тоше да победил на Евровизија.
На 23 јуни 2006 година се случи вториот голем солистички концерт на Тоше, на Градскиот стадион. Спектакуларниот концерт започна со атрактивна танчерска група од Белград и во ритамот на придружниот состав на Тоше, Blue Funky Individuals. Воведните стихови на огромниот хит По тебе ветуваа дека журката на Градски ќе биде незаборавна.
Легендарната Јужна трибина беше преполна, како и тревникот пред бината, што уште повеќе го мотивираше Тоше да го даде својот максимум. Се редеа хитовите од албумот По тебе: Рани на усните, Громови на душа, Кој ли ти гризе образи, Полско цвеќе..., како и песните од претходните изданија: Во коси да ти спијам, Лејди, Излажи ме, Сонце во твоите руси коси, Далеку од мене, Ангел си ти... Секоја од нив беше прифатена еуфорично.
Некаде на половината на концертот, на сцена се појави етно пејачката Биља Крстиќ, која во дует со Тоше ја испеа Јовано, Јованке, а додека Тоше се пресоблекуваше, Биља ја почести публиката со својот голем хит Пуче пушка од филмот Зона Замфирова. Со неверојатна енергија, Тоше беше брилијантен и во другиот дел од концертот, кој официјално заврши длабоко по полноќ.
На бисот уште еднаш ја отпеа По тебе, како и Зајди,зајди. Веднаш после концертот Тоше замина за Будва.
Нa 14 февруари 2007 година, Тоше одржа спектакуларен концерт во српската престолнина - Белград. На неговиот концерт присуствуваа помеѓу 15 и 20 илјади луѓе од сите генерации. Концертот се одржа во Белградската Арена, најубавата сала за концертни, културни и спортски активности на Балканот.
За концертот на Тоше, српските медиуми известуваа неколку дена претходно, респектирајќи го како голем и централен настан во српската метропола. Тоше со своето тричасовно шоу успеа да го докаже тоа. Тој го започна концертот со песната Пратим те (македонска верзија По тебе), а потоа се изнаредија сите негови хитови од српската фаза на неговата кариера, со исклучок на Тајно моја, која публиката на течен македонски ја испеа хорски, од прв до последен збор.
"Ова е најсреќен ден во мојот живот. Првпат ми се случува концертот кој уште да не е почнат, јас се плашам дека ќе заврши" - рече Тоше по неколку испеани песни. На одличен српски јазик, Тоше без проблем комуницираше со својата публика како никогаш до сега. Ерупција од задоволства настана кога најпрво им го честиташе православниот празник Св. Трипун, па меѓународниот Св.Валентин. Фидбекот постојано се враќаше од другата страна, оти фановите ги знаеја сите песни напамет.
Како што забележаа некои медиуми, Тоше на концертот се покажа како одличен гитарист, речиси на самиот старт кога се фати за гитара, во изведба на Лејди. Со него на сцена беа и членовите на неговиот бенд Blue Funky Individuals, диригентот Саша Николовски - Ѓумар, симфониски оркестар, хор... и сите беспрекорно си ја завршија својата работа.
Тоше на концертот имаше и многубројни гости, Биља Крстиќ со која ги испеа македонските народни песни Јовано,Јованке и Море сокол пие, Џана Нанини, со која заедничката песна Арија ја имаше својата светска премиера, Александра Милиќевиќ со која ја испеа песната 1200 Милји (во оригиналната изведба со Гоца Тржан), оркестарот на Срѓан Азировиќ со кој ја исполни Несаница (тема од филмот Ивкова слава) и Танец кои уште еднаш докажаа дека се вистински македонски културни амбасадори.
Крајот на концертот беше вистински делириум, бидејќи за крај беа оставени неговите најголеми хитови - Лагала нас мала, Чија си и Срце није камен. Како специјален подарок од Тоше за неговите фанови, тој ги исполни Fragile од Стинг, Nothing else matters од Металика и Као какао од Леб и сол.
На 12 февруари 2008 година концертот од Белградската арена започна да се продава во ДВД издание. Овој концерт е одлика на неговиот патриотизам и сè она што беше Тоше – велат од неговата матична продукција „Аворд“. На ДВД-то има материјали од хрватскиот Радијски фестивал во Хвар, промоцијата на албумот „Игри без граници“ од Загреб.
Најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески, го продолжи искачувањето кон врвот на балканската музичка сцена со победата на Хрватски радиски фестивал на 9 јуни 2007 година. Тој со песната Veži me za sebe, сосема заслужено освои Гран при во категоријата поп рок и урбана музика, освојувајќи вкупно 16.589 гласови.
Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ поп-ѕвездата Тоше Проески, на 5 октомври 2007 во 19:30 часот, одржа спектакуларен хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, поддржан од организацијата УСАИД. Парите од билетите, кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив ќе бидат реновирани околу 100 училишта во Македонија, ќе се подобри наставната програма и ќе се спроведат образовните реформи. На вeчерната прес-конференција во хотелот „Континентал“, освен Тоше, присуствуваа претставници од УСАИД. Директорот Мајкл Еди, кој се обрати на македонски, рече дека се гордее што работи со ѕвезда од рангот на Проески. Тоше истакна дека „Никола Карев“, училиштето во кое учел во Крушево, забрзано се реновира.
- Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество - изјави Тоше.
Како негови гости настапија Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола. Тоше на прес конференцијата непосредно пред концертот истакна дека секогаш ќе се чувствува како Македонец и никогаш нема да ја напушти својата татковина. - На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам - рече пејачот. Вториот голем солистички концерт на Тоше Проески, на Градскиот стадион, повеќеилјадната публика ќе го памети по неговиот силен и енергичен настап, како и по фактот дека таа ноќ Тоше максимално ѝ се даде на македонската публика. Особено запаметено останува неговото барање: "Сликајте ме со ѕвезденото небо", кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.
По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе. Додека се случуваше сето тоа, небото над Скопје, го осветлуваше величествен огномет во чест на Тоше.
Со специјални материјали, концертот од 5 октомври 2007 година, беше емитуван на Бадник - 6 јануари 2008 година на А1 Телевизија, од 15 до 19 часот.
Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. И двајцата се вон-животна опасност.

Дискографија:
- Некаде во ноќта (1999)
- Синот Божји (2000)
- Ако ме погледнеш во очи (2002)
- Ako me pogledaš u oči (2002)
- Ден за нас (2004)
- Dan za nas (2004)
- По тебе (2005)
- Pratim te (2005)
- Божилак (2006)
- Игри без граници (2007)
- Igra bez granica (2007)
- The hardest Thing (2009)
- Се уште сонувам дека сме заедно (2010)

Веб сајт: http://www.toseproeski.info/
Фан Клуб: http://www.tosefanclubforum.com/
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#2
Убелдиво најголемата и надобрата ѕвезда на Балканот. Младите го гледаа како идол, постарите го почитуваа, се наоѓаа и безделници кои знаеа да кажат лошо за него, но секој ја знаеше и ја знае неговата музика.
Природен и весел на сцена. Пленеше со неговата енергија. Песните редовно ги слушам и се гордеам со тоа што го остави.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#3
Во наште мисли ќе останеш довек како наш најголем ЧОВЕК!!! Ни недостигаш
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#5
Ништо, самите дела кој тој ни ги остави кажуваат се, не треба ние да зборуваме.
 

emma-chan

Нов Член
Мислења
85
Допаѓања
0
Поени
0
#6
многу ми недостига :smrk: секој ден ги слушам неговите песни и секогаш кога ќе одам крушево го посетувам неговиот гроб ама празнината што ја чувствувам никој не можи да ја пополни :'(
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Хитови кои никогаш нема да го изгубат сјајот.
Глас кој секогаш ќе биде покрај нас.
Тоа е Тоше.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Концертот во негова чест оваа година ќе биде на неговиот роденден, нели? Дали можеби се знае локацијата каде ќе се одржи или пак може и воопшто да нема?
 

UchihaBlood

Нов Член
Мислења
42
Допаѓања
0
Поени
0
#9
Нема зборови што можат да го опишат Тоше. Тој секогаш ќе биде жив и присутен за мене во неговите песни, во моите сеќавања...:smrk:
 
Мислења
217
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Нема што да се зборува. Се е кажано. Тој е ТОЈ и никој друг не може да го замени. Точка.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Восочни фигури во спомен-куќата на Тоше

Градежните работи за изградба на спомен-домот се ближат кон крајот, а наскоро ќе почне и ентериерното уредување заедно со изработката на потребната музејска поставка

Две восочни фигури на Тоше Проески во природна големина ќе се најдат во неговата спомен-куќа во Крушево. Едната ќе биде во стоечка позиција, каде што мегаѕвездата е претставена во својот препознатлив став, со микрофон в рака, а другата ќе биде во музичкото студио - седнат на клавир како компонира. Тие ќе бидат ударни елементи, покрај кои ќе може да се фотографираат фановите.

Градежните работи за изградба на спомен-куќата на Проески се ближат кон крајот, а наскоро ќе почне и ентериерното уредување заедно со изработката на потребната музејска поставка. Ако временските услови се погодни, постои шанса таа да биде отворена за посетителите на 25 јануари, денот кога е родена македонската музичка легенда. Фасадата и поставувањето на стаклото од објектот се завршени, се поставува зеленилото на покривот, а интензивно се работи на партерот и во внатрешноста на куќата. Стаклата се во зелена и во сива боја, со апликации - листови направени со посебна технологија. Тие потсетуваат на обвивката од албумот „Игри без граници“, што Проески го промовира пред трагично да го загуби животот во 2007 година. Архитектот Дејан Спасеновски, еден од творците на објектот, нагласува дека содржината на ентериерот има многу симболика и затскриени елементи поврзани со животот и кариерата на Тоше.

- Музејската поставка е осмислена и организирана така што ги претставува животниот пат и музичката кариера на Проески, со сите познати и непознати детали, кои би можеле да бидат интереси за посетителите. Изложбената поставка ќе се одвива на две нивоа, со континуирано ненаметливо движење. Тој вид релаксирана прошетка низ музејот, поделен во неколку целини, овозможува да се помине низ животот на Тоше - вели Спасеновски.

На надворешните ѕидови на објектот ќе има витрини, што преку разни предмети го отсликуваат животот и делото на Проески. Во централниот дел се наоѓа молитвеник со сите верски предмети што Тоше ги поседуваше, заграден со армирани бетонски платна, кои се протегаат на висина на двата ката, на кои се аплицирани ликот и потписот. На аглите се појавуваат стаклени ѕидови, на кои се врежани некои од неговите омилени песни.

- Ќе има и реплика на неговото студио, во кое тој музицираше и компонираше, како и просторија за преслушување на песните. Во комбинација со ентериерот- кој е ненаметлив и е во бела боја, ќе има соодветно осмислен аудио и визуелен амбиент. Низ целиот објект посетителите ќе ги придружува музиката на Тоше, заедно со визуелни ефекти. На ЛЦД-екрани постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда - открива Спасеновски.

Следејќи ги најновите технолошки достигвања, предвидени се неколку инфоточки со екрани чувствителни на допир, каде што ќе може да се добијат интересни информации поврзани со Тоше. Ќе има и таканаречен систем за дигитален отпечаток, кој претставува стаклено платно со димензии 2х2м, исто така чувствително на допир. Тој ќе проектира соодветна интерактивна содржина и информација според желба на посетителот.

Во спомен-домот ќе биде изложена и облеката што Проески ја носеше на своите настапи, наградите, признанијата, но и неговиот автомобил.

Автори на проектот покрај Спасеновски, се и архитектите Илија Божиновски и Дејан Секуловски.

Студот во Крушево ги отежнува градежните работи

Спомен-куќата почна да се гради на иницијатива на Министерството за култура и на Владата на РМ, со цел да се зачува ликот и делото на најголемата македонска музичка легенда Тоше Проески.

- Нејзиното пуштање во употреба пред с` зависи од временските услови. Ако тие се поволни, изградбата ќе напредува поинтензивно и може да биде отворена за посетителите на 25 јануари, денот кога е роден Тоше, што е наша голема желба. Меѓутоа, Крушево е место со изразено студена клима и големи снежни покривки кои се фактори што ги отежнуваат градежните работи - велат од Министерството за култура.

Извор: Дневник
 

Mulholland

Нов Член
Мислења
383
Допаѓања
0
Поени
0
#13
На страна од тоа што беше навистина популарен и што сите ги погоди неговата смрт - јас не го слушав, не му сакав ниедна песна, менував канал кога ќе излезеше на телевизија или на радио. Единствено една на англиски што ја пееше ми се свиѓаше, друга ниедна.
 

M@RKO

Активен Член
Мислења
9,163
Допаѓања
16
Поени
38
#16
треба да се направи концерт во чест негова да има во сите бивши ју простори каде Тоше бил и има соработници и на телевизија да се даваат преноси да има вклучување на пеачи кој ќе пеатда биде слично како LIVE EARTH што се концертите а не како на првиот концерт ептен го дрвеја со зборење за Тоше ,ако почне да зборува така секој крај нема и само ќе се повторуваат
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#17
"Игри без граници", песната што ја отпеа најблескавата македонска музичка легенда Тоше Проески, е избрана за хит на деценијата од слушателите на српското радио С. Слушателите на радиото сами ја предложиле и избрале песната на Тоше. Во силната конкуренција на второ место се нашла песната на Сергеј Ќетковиќ "Погледи у тами", а третопласирана била "Чувам те" на Александра Радовиќ. Изборот за песна на деценијата траел 50 дена.
Vecer.com.mk

Браво Тоше!!! Твоите песни секогаш ќе бидат најголеми хитови.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Од како се запознав со Тоше, се препознавме според љубовта кон музиката и веднаш станавме пријатели. Се дружевме и пред да снимиме заеднички дует. Ни беше идејата еден на друг да отвориме музички пазари - јас нему Хрватска и Словенија, а тој мене Македонија и Србија. И, навистина успеавме! Лагала нас мала беше хит на просторот на цела поранешна Југославија. Продолживме да се дружиме секогаш кога можевме. Тој беше вонсериски пејач и мој пријател. Јас Тоше се уште го сакам и многу ми е тешко да зборувам за него во минато време - изјави за Блиц Тони Цетински со многу емоции во гласот...
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,209
Допаѓања
207
Поени
63
#19
igorao85 напиша:
"Игри без граници", песната што ја отпеа најблескавата македонска музичка легенда Тоше Проески, е избрана за хит на деценијата од слушателите на српското радио С. Слушателите на радиото сами ја предложиле и избрале песната на Тоше. Во силната конкуренција на второ место се нашла песната на Сергеј Ќетковиќ "Погледи у тами", а третопласирана била "Чувам те" на Александра Радовиќ. Изборот за песна на деценијата траел 50 дена.
Vecer.com.mk

Браво Тоше!!! Твоите песни секогаш ќе бидат најголеми хитови.

Подобар избор не можело да се направи. Игри без граници е нешто неповторливо ни во следната деценија.
Погледи у тами исто неповторлива.
 

Sawyer

Нов Член
Мислења
34
Допаѓања
0
Поени
0
#20
Ќе остане легенда засекогаш. Јас искрено ќе кажам дека првите албуми не ги слушав зашто не ми беа нешто посебно. Кариерата сепак му одеше по нагорна линија, последните два албуми многу ми се допаѓаа. Таман созреа како пејач, се случи тоа што се случи...