Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Филмски премиери

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
24 ноември



Бурлеска
Режија: Стив Антин
Улоги: Кристина Агилера, Шер, Ерик Дејн, Стенли Туци, Кристен Бел
мјузикл, драма'

Али Роуз (Кристина Агилера) е убава девојка од длабоката провинција, која доаѓа во космополитскиот Лос Ангелес, каде што судбината ја одведува во кабаре клуб, раководен од бившата танчерка Тес (Шер). Некогаш, клубот бил вистинско место за собирање на осамените, но сега Тес се наоѓа пред сериозни финансиски проблеми. Но, дали новата келнерка Али Роуз, која се докажува со сјаен вокал, ќе ја врати славата на клубот?

Трејлер:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
3 декември



Црниот лебед
Режија: Дарен Аронофски (Requiem for a Dream, The Fountain)
Улоги: Натали Портман, Мила Кунис, Винона Рајдер, Винсент Кесел, Барбара Херши
драма, трилер

Њујоршкиот балет го продуцира балетот Лебедово езеро и режисерот Томас Лерој решава да ја замени прима балерината Бет МекИнтајр (Рајдер) со балерината Нина (Портман). Нина живее со Ерика, нејзината арогантна мајка и поранешна балерина. Но, Нина се соочува со нејзината ривалка, новата танчерка Лили (Кунис). Лебедовото езеро бара балерина која ќе мора да го игра невиниот Бел Лебед кој и е доделен на Нина, и сензуалниот Црн Лебед, кој и е доделен на Лили. Ривалството помеѓу танчерките преминува во бизарно пријателство, и Нина започнува да ја истражува нејзината мрачна страна.

Трејлер:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
10 декември



Туристот
Режија: Флориан Хенкел вон Донерсмак (Das Leben der Anderen)
Улоги: Џони Деп, Анџелина Џоли, Пол Бетани, Тимоти Далтон
драма, трилер

Франк (Џони Деп) е американски турист, кој ја посетува Италија за да го лечи своето рането срце. Елиза (Џоли) е неверојатна жена која му го пресечува патот за свои сопствени цели. Исто така таа трага по својот бивш љубовник Александар, криминалец кој е баран во 14 земји поради крадење пари од гангстер. Најпрвен мисли дека ќе влезе во една романса во Венеција но Франк и Елиза всушност влегуваат во вртлог на манипулации, лаги и дознаваат дека се еден вид на шпиони управувани од невидлив конспиратор.

Трејлер:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #4
10 декември



Тепачот
Режија: Дејвид О. Расел
Улоги: Марк Волберг, Кристијан Бејл, Ејми Адамс
драма, биографија, спортска

Иако најпрвен беше планирано Дарен Аронофски да се појаву како потпишувач на режијата на овој филм, и Мет Дејмон и Бред Пит како главни глумци, сепак Дејвид О. Расел се потруди оваа драма да го направи своето најдобро, а Марк Волберг беше трениран две години за улогата на боксерот од Ирска, Мики Вард, и неговиот животен патопис до освојување на светската титула во полусредна категорија. Достигнувањето до тој успех ќе му биде потпомогнато од неговиот полубрат Дики Екланд (Бејл) бивш боксер а сега негов тренер.

Трејлер:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Re: Филмски новитети

17 декември



Трон: Наследството 3Д
Режија: Џозеф Косински
Улоги: Џеф Бриџис, Герет Хедланд, Оливија Вајлд
научна фантастика, авантура

Во центарот на приказната се наоѓа односот на татко и син, кој се протега низ виртуелен и реален свет. Сем Флин, бунтовен 27-годишник, го прогонува мистериозното исчезнување на неговиот татко Кевин Флин, некогаш најпознат истражувач на виртуелната технологија. Истражувајќи необичен сигнал пратен од лабораторијата на Флин постариот - сигнал кој може да му биде пратен единствено на неговиот татко, Сем ќе биде вовлечен во дигитален свет во кој Кевин е заробен веќе 20 години. Со помош на неплашливата и борбена Квор, таткото и синот тргнуваат на патување низ виртуелен дигитален свет кој го создал Кевин, а со кој владее немилосрдник кој се обидува да го спречи нивното бегство.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
Re: Филмски новитети

[align=center]
17 декември



Зајачка дупка
Режија: Џон Камерон Мичел
Улоги: Никол Кидман, Арон Екхарт, Дајан Вест, Сандра О
драма

Осум месеци по смртта на својот млад син, Дени, Бека и Хауи Коберт продолжуваат да се справат со својата длабока тага. И двајцата започнуваат платонски врски: Бека се зближува со тинејџерот кој всушност го удрил нејзиниот син, а Хауи започнува да пуши канабис заедно со пријателите од друштвото за поддршка.

[/align]
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #7
Re: Филмски новитети


22 декември




Вистинска храброст

Режија: Џоел и Итан Коен
Улоги: Џеф Бриџис, Мет Дејмон, Џош Бролин, Хејли Стеинфилд,
вестерн

Четиринаесетгодишната Мети Рос го изгубила својот татко бидејќи ладнокрвно бил убиен од кукавицата Том Чени. Мети е одлучна да го покаже своето вистинско лице за да ја победи неправдата. Тоа се обидува да го направи со помош на Рустер Когбрн, локалниот шериф. Прогонета од желба за правда и одмазда, го следи криминалецот длабоко во индиска територија за да го најде пред тексашкиот ренџер ЛеБуф да го приведе поради убиство на друг човек.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #8
22 декември



Малите Фокерови
Режија: Пол Вајц (American Pie, In Good Company)
Улоги: Бен Стилер, Роберт де Ниро, Овен Вилсон, Дастин Хофман, Тери Поло, Барбара Стрејсенд, Џесика Алба и др.
комедија

Шест години по урнебесната комедија 'Запознајте ги Фокерови', ни доаѓа новата романтична комедија која ќе не донесе во сегашноста каде што Пем и Грег имаат петгодишни близнаци. Приказната продолжува за двојката, која се обидува да се навикне со напорното одгледување на децата. Грег минува низ кризен период и започнува да се сомнева дали воопшто може да биде добар татко и да остварува доволно пари за своето семејство. Но, откако родителите на Пем ќе дојдат на посета, и Џек ќе забежели дека ситуацијата во семејството не е најдобра, битката помеѓу Грег и Џек станува поопасна од кога и да било.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
22 декември



Некаде
Режија: Софија Копола (Lost in Translation, Marie Antoinette)
Улоги: Стивен Дорф, Ел Фенинг, Бенисио дел Торо, Мишел Монаген
драма

По неуспехот со одличното остварување 'Марија Антоанета', Софија Копола се враќа на филмското платно. Па поради тоа се враќа во препознатлив стил, како во Оскаровецот 'Изгубени во преводот', овој пат со филмот Somewhere. Главниот јунак во филмот е проблематичниот глумец Џони Марко кој живее во холивудскиот хотел Шате Chateau Marmont. После неочекуваната посета на својата 11-годишна ќерка, Џони мора да се соочи со многу тешки прашања од својот живот.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #10
25 декември



Гуливеровите патувања
Режија: Роб Летерман (Shark Tale, Monsters vs. Aliens)
Улоги: Џек Блек, Емили Блант, Џејсон Сигел, Аманда Пит
комедија, авантура

„Гуливеровите патувања“ е современо прикажување на класичната истоимена приказна за Гуливер, напишана од Џонатан Свифт во почетокот на 18 век. Гуливер е апсолутен чудак, кој сонува да биде туристички записник за весник во Њујорк. Кога на крајот успева да го напушти градот, поради патувањето од своите соништа, Гуливер наидува на силна бура, која го носи на бреговите на еден чуден островот. Месното население таму се нарекува Лилипут, минијатурни луѓе, високи 15 сантиметри. По запознавањето тој ја преживува авантурат со новите пријатели, на кои им покажува модерни нешта, како музиката, видео игрите и лап топ.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #11
29 декември



Илузионист
Режија: Силвеин Шомет (Paris, je t'aime)
Улоги: Жан Клод Донда, Елид Ранкин, Данкан МекНеил, Пол Бенди
анимација

Во оваа блескава анимација се зборува за волшебник чија работа полека изумира, но сепак и понатаму оди по турнеи и забави. За време на еден настап во Шкотска, го сретнува девојчето Алиса, која верува дека неговите трикови се вистинска магија. Алиса почнува да го следи волшебникот, а тој и купува скапи подароци бидејќи сака да ја одржи нејзината верба во магијата. Сепак, со текот на времето девојчето ќе порасне, ќе ја пронајде љубовта и ќе замине, а волшебникот ја продолжува кариерата како патувачки забавувач.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #12
29 декември



Син Валентајн
Режија: Дерек Сајанфренс
Улоги: Рајан Гослинг, Мишел Вилијамс, Мајк Вогел, Џон Доман
драма

Ова е приказна за пронајдената и изгубената љубов во моментите минато-сегашност. Дејството ги следи Ден и Синди, брачна двојка која поминува една вечер далеку од својата ќерка, за да успеат да го спасат својот брак кој полека пропаѓа.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
29 декември



Бјутифул
Режија: Алехандро Гонзалес Ињариту (Amores Perros, Babel)
Улоги: Хавиер Бардем, Бланка Портиљо, Марисел Алварез
драма

Ињариту снима за прв пат на шпански после своето деби Amores Perros, за кое се здоби и со Оскар наградата. Ова е приказна за маж, кој е вовлечен во подземниост свет и се соочува лице во лице со стар пријател од детството, кој сега е полицаец. Мажот е Аксбоу (Бардем), самохранен татко, кој сака да осигура безопасна иднина на своите деца.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #14
12 јануари



Дилемата
Режија: Рон Хауард (A Beautiful Mind, Da Vinci Code, Angels and Demons)
Улоги: Винс Вон, Кевин Џејмс, Џенифер Конели, Винона Рајдер, Квин Латифа и др.
комедија

Од колеџот па досега, ергенот Рони и среќно оженетиот Ник се заедно и во добро и во зло, а денес се и партнери во фирма за автомобили. Баш кога се на пат да ја подобрат својата кариера со проектот од соништата, свето на Рони се превртува наопаку откако открива непосакувани сознанија за жената на Ник. Часовникот не запира, а притисокот за проектот се зголемува. Рони треба да реши, дали да ја открие вистината, која дефинитивно ќе му го промени животот на својот најдобар пријател.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #15
12 јануари



Зелениот стршлен
Режија: Мајкл Гондри
Улоги: Сет Роџен, Кристоф Волц, Камерон Дијаз, Томас Вилкинсон
акција, комедија

Брит Рејд е милионер, плејбој и позната медиумска личност, но исто така изморен од својот живот, кој е на пат да го промени откако го наследува дневникот 'The Daily Sentinel' од својот татко. Еден ден, Брит го спасува животот на Като, јапонец со исклучително добри борбени вештини. Како знак на благодарност, Като ја претвара колата на Брит во супермоќна 'Црна убавица' која дава големо значење за нечесниот свет во градот. Кога и двајцата стануваат сведоци на еден брутален настан, Брит ја измислува својата нова тајна, земајќи го името од скршената сирена на неговата кола. Зелениот стршлен станува маскиран заштитник на градот, кој користи две специјални, несмртоносни оружја, со кои ги смирува криминалците.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #16
21 јануари



Секс без љубов
Режија: Иван Реитман
Улоги: Ештон Качер, Натали Портман, Кери Елвс, Кевин Клајн
комедија

Ештон Качер и Натали Портман во филмот имаат врска која се темели на секс и за себе не привлекува никакви обврски. Тие всушност не се „дечко и девојка“. Главното прашање на филмот е дали може таквата врска да опстане? Бидејќи после некое време на сите ќе им стане јасно дека помеѓу нив почнуваат да се јавуваат чувства, што всушност ќе ги искомплицира работите.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #17
4 февруари



Цимерката
Режија: Кристијан И. Кристиенсен
Улоги: Минка Кели, Лејтон Мистер, Данел Харис, Алисон Мичалка
хорор

Емоционално нестабилната Ребека е нова студентка. Во факултетот таа е сместена во заедничка соба со друга девојка, Сара. На почетокот и двете се спријателуваат, но подоцна нештата стануваат смртоносно опасни, откако Ребека започнува да ја следи Сара и да има контакт со луѓето од животот на Сара.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #18
11 февруари



Гном и Јулија
Режија: Кели Осбури
Улоги: Џејмс МекАвој, Емили Блант, Мајкл Кеин, Патрик Стјуарт
комедија, анимација

Базирана на Шекспировата драма, Ромео и Јулија, Гном и Јулија ја раскажува приказната за двајца градинарски џуџиња и нивната забранета љубов. Двојката ги доживува последните моменти на среќа, откако ќе бидат осудени на војна помеѓу плавите и црвените градинарски џуџиња чија причина е нивната невозможна љубов.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #19
11 февруари



Лажната жена
Режија: Денис Даган (Big Daddy, Grown Ups)
Улоги: Адам Сендлер, Џенифер Анистон, Никол Кидман (?), Бруклин Декер
комедија

Пластичен хирург се плаши да се впушти во сериозна врска па на својата помлада девојка и вели дека е оженет и дека има деца за да избегне било каква можност за влегување во нешто што не го сака. Меѓутоа, откако девојката се посомнева во неговата искреност, тој ја моли својата колешка од работа, да заедно со своите деца глумат непостоечка фамилија за да докаже дека е во право.

 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
18 февруари



Јас сум број Четири
Режија: Д. Џ. Карусо (Disturbia, Eagle Eye)
Улоги: Алекс Петифер, Тимоти Олифант, Дајана Агрон, Кевин Дјуранд, Тереса Палмер
научна фантастика

Тројца се мртви. Тој е број Четири. Ова е научна фантастика за младото момче Џон Смит, кој константно бега од немилосрдни непријатели пратени да го уништат. Менувајќи го својот идентитет и селејќи од град во град со својот старател Хенри, Џон постојано е ново момче кое нема врска со минатото. Во мал град во Охајо, кој сега го нарекува дом, Џон ќе се соочи со неочекувани настани кои ќе му го сменат животот - својата прва љубов, моќните нови способности и врската со другите кои ја делат неговата неверојатна судбина.