Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Форумот е затворен за гости!

  • Автор на оваа тема Крис
  • Датум кога е започната темата

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #1
Сите оние што имаат потреба да ги читаат темите на овој форум, или да дебатираат на нив, отсега ќе добиваат пристап само при регистрација. На нашите редовни „гости“ им препорачуваме да си одберат корисничко име и да ни се придружат во дебатите поврзани со телевизијата.


Модераторски тим ТВ Пакет
 
Мислења
589
Допаѓања
1
Поени
18
#2
Како може да се отвори стариот форум, јас сум нов член и немам регистрација на стариот форум ?
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#3
Стариот форум нема можност за нова регистрација ( ако не променил нешто модераторскиот тим) и е затворен за гости. Само членовите што имале акаунт се вклучуваат на него.

@Chris можеби би било добро да се отвори само за читање
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Одлично што е заклучен за гости. Очекувам повеќе форумџии сега. би било фино ако има опција да имаат и одреден број на постови (пример 15) за да можат да читаат позначајни теми.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #5
Миси за стариот форум ли да се отвори за гости?

Јовица ќе ги разгледам можностите за твојата идеја. Иако, сметам дека тука има и лоша страна. Членовите што сакаат да влезат во тие позначајни теми ќе направат се за да добијат пристап, што значи ќе спамираат.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#6
За стариот да. Секако не е дозволено да се пишува, барем да се чита има и повеќе теми и повеќе мислења таму, а еве има и заинтересинани како boris2000. Мислам и Благојче имаше проблем со влез таму

Инаку и мене ми се допаѓа идејата со Лукас со тоа што пример би биле Околу форумот и Забава деловите отворени па и во чат и во игри, анкети и анализи ќе може да се пишува и да се соберат 10-15 мислења
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,330
Допаѓања
245
Поени
63
#7
јас би предложил да се стави линк тука до стариот форум и само да се чита да неможе никој да се регистрира и коментира а тоа да се направи кога ќе биде роденден на тв пакет или некоја годишница од отварањето

исто би предложил да има правила како да се отвараат теми за филмови, серии, телевизии, емисии...
а не кој како ќе му текне да ја отвори темата ,се знае тоа со слика со опис година и се др што нормално следува (нешто слично како на Wikipedia што е напишано )
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,956
Допаѓања
3,792
Поени
113
#8
Кај сериите е запазено тоа правило, се знае каква треба да биде сликата и што треба да има темата. Има неколку новоотворени теми чии слики не се такви (баш сега видов), но ќе гледам да ги средам деновиве.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
Мислења
3,764
Допаѓања
43
Поени
48
#9
Паметен потег беше ова околу затворањето на форумов за гости, гледам веќе вродува со плод, има нови членови на форумов.
 

thebadabing

Нов Член
Мислења
1
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Не ни знаев дека човек може да реплицира како гостин.

Летово три пати пробував да се регистрирам за да пишам некаде и ми викаше дека треба одобрение од администратор. Одобренијата никогаш не стигнаа на мојата мејл адреса. Мило ми е дека конечно успеав да се регистрирам.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Добредојде за тебе и за новите членови
За 10тина дена 30+ нови членови
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,330
Допаѓања
245
Поени
63
#13
Добредојде во тимот обожаватели на телевизијата :) имај убави моменти на форумов ,пишувај и дружи се со нас виртуелно а и се надевам некогаш и реалниот живот :)
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #14
thebadabing напиша:
Летово три пати пробував да се регистрирам за да пишам некаде и ми викаше дека треба одобрение од администратор. Одобренијата никогаш не стигнаа на мојата мејл адреса. Мило ми е дека конечно успеав да се регистрирам.
Последните месеци имавме ставено забрана за нови членови поради технички проблеми, но повеќе не е така. Добредојде.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
Мислења
3,620
Допаѓања
56
Поени
48
#15
Missy напиша:
За стариот да. Секако не е дозволено да се пишува, барем да се чита има и повеќе теми и повеќе мислења таму, а еве има и заинтересинани како boris2000. Мислам и Благојче имаше проблем со влез таму...
Да Крис и јас прашував како да велзам во страиот форум . . . Дали ке направиш да го посетуваат гости? Или ако не пак прати ми ја лозинката која ми е заборавена . . . :D
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #16
Во ред, деновиве ќе го отворам, иако лично сум против, бидејќи таму лупавме многу глупости.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#17
Јас мислам дека е глупост да се затвораат овој и стариот за гости.
Нека бидат отворени да ги чита кој сака, нема биде полесна регистрацијата и ќе има повеќе членови кои ќе бидат заинтересирани за дискусии.
На пример јас пребарував нешто на гугл и така го најдов стариот форум и се регистрирав за да кажам што мислам.
Предлагам да го отвориш повторно за да можат да го читаат гости и да направиш СЕО оптимизација за да биде пребарлив и да излегуваат резултати на гугл.

Искрено ќе кажам што мислам која е причината за малиот број активни членови, прво тешката регистрација, воопшто не пристигнуваат мејлови за активација, после лошиот формат на форумот, знам дека нема шанси да даваш пари и да купуваш некои други формати, на пример Xenforo како на кајгана, ама доживувањето е сосема поинакво, стигнуваат нотификации за одговор и за лајк и се зголемува интеракција, ама овој е премногу тежок и неинтуитивен за употреба што се разбира има последици. И на крај, форумот премногу е ориентиран кон шпански сапуници, односно тековните членови најмногу коментираат во такви теми, а повеќето фанови на вакви серии не користат интернет, а ако се регистрира некој кој е повеќе кон други дискусии, нема голем број соговорници.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Јас баш на стариот се активирав кога се затвори и не можев да читам. А за тоа дали таму има многу глупости или не , сепак е дел од нас и од нашето созревање на некој начин.

Друго на овој форум ептен ги понижуваме турските серии и индиските на некој начин. И јас не гледам ама направивме негативна слика и за тие што гледаат и не верувам дека би коментирале ако некој ( можеби и јас) потоа го критикува нивниот коментар. А по другите форуми баш тука има многу коментари без разлика дали мене/нас ми/ни се допаѓа. Не ми се допагаат и коментари од типот „Да ја гледав серијата“, „(НЕ) Ми се допаѓа“ ама сепак и некој не сака или не може да пишува цели реферати како дел од нас
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
Автор на оваа тема #19
Коментарите од типот дека нема нови членови оти многу се коментира за шпански серии се тотално непотребни. Нови членови немаше затоа што имав ставено забрана, милион пати повторив.

Туку, дај Хејтер ти по ПП прати ми податоци за цените на тие софтвери за форуми, сакам да ги разгледам, доколку имаш.