Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Форумот е затворен за гости!

  • Автор на оваа тема Крис
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#41
Eве го, цел подофрум ТЕЛЕНОВЕЛИ ОД ТУРЦИЈА И ИНДИЈА
viewforum.php?f=65

Ко воли, нек изволи, никаде не стои забрана.

Еmdt е балкански форум, Твпакет е македонски. И било која друга екс Ју земја има многу повеќе жители од Македонија и нормално е да има таму повеќе коментари.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#42
Списоциве покажуваат дека гледаме по повеќе серии
viewtopic.php?f=59&t=4816&start=120
viewtopic.php?f=59&t=4581&start=1010

некои од нас и по 10тина и ретко кој коментира некаде во темите од сериите. Од кога се префрливме овде многу теми посебно за постарите серии останаа непрефрлени/неотворени па и се изгуби желбата за коментирање.

Кога ќе видам на Фемина ( се извинувам што давам пример) теми за одредени серии од по 100 или 500 страни, а овде по темите ни се останати со 1, 2, 3 или воопшто без коментари
 

Стефан

Нов Член
Мислења
1,302
Допаѓања
0
Поени
0
#43
Missy напиша:
Кога ќе видам на Фемина ( се извинувам што давам пример) теми за одредени серии од по 100 или 500 страни, а овде по темите ни се останати со 1, 2, 3 или воопшто без коментари
Missy, може на некои форуми има 100 или 500 страници, но таму најчести коментари „многу добра серија“, „убава“ и сл. Барем беше така на неколку до сега што сум ги видел.

И искрено, немам некоја навика да коментирам во темиве, исклучиво само Телевизија (македонсите) и Офф топик.
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#44
На Фемина нема само деца со коментари многу добра серија, туку има и мажени, жени со деца, кои гледаат серии и коментираат на големо за случувањата и ликовите. И не се коментира само за турските серии туку за сите серии, и американски се гледаат и се коментираат. Некако тие членови да ги довлечкаме тука :hehe:
На кајгана не ми се свиѓа, многу истенчен вкус имаат членовите или па се прават дека имаат.

Но на твпакет се ексклузивитетите, да бидеме искрени :mhhh:
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#45
За Госип грл се изначитував на Фемима дури и анализи на гардероба, шминка за Серена и Блер, па и од кој креатор биле, се во детали.
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#46
Почнав да ги викам од Фемина, ќе видиме дали ќе доаѓаат :hehe:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
Мислења
3,765
Допаѓања
44
Поени
48
#48
Beauty напиша:
Почнав да ги викам од Фемина, ќе видиме дали ќе доаѓаат :hehe:
Ги контактираше преку пп, или отворено и јавно на форумот ги покани ?

Ако е ова второво, секоја ти чест Beauty :hehe: , иако останува отворена можноста да ги избришат твоите коментари со кои ги покануваш останатите членови да се зачленат на форумот на ТВ Пакет, бидејќи не им е во корист да губат членови на сметка на ТВ Пакет.
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#49
Пишав во темата на Величествениот, таа најмногу ја коментираат па затоа :hehe: Не ми е избришано уште, ама ако ми го избришат мислењето или не дојдат нови, пак ќе почнам да пишувам. Ќе пробам и со ПП после.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#50
Ако сакате да го промовирате јас предлагам да отворите тема во Филм и ТВ http://forum.femina.mk/film-i-tv/.

Насловот може да биде Специјализирани форуми за телевизија
И таму ќе дадете предлог за овој форум и ќе ставите линкови до некои теми кои се попопуларни.

Сепак не сакам форумов да биде преплавен со празноглави девојчиња со не повеќе од 10 години кои нема да имаат никаков квалитетен придонес и ќе си прават квизови по темите.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#53
На Дани се однесуваше, ама постот на хејтер искочи пред мојот за некоја секунда.:))
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#54
:haha: :haha:

хејтер напиша:
Сепак не сакам форумов да биде преплавен со празноглави девојчиња со не повеќе од 10 години кои нема да имаат никаков квалитетен придонес и ќе си прават квизови по темите.
Не се такви :haha: :haha: :haha:
Мислам има и такви , но повеќето пишуваат издржани мислења, анализа на ликови, облека, се' се коментира. Ќе пробам прво со нагласување во некои теми и пишување ПП, потоа и отварање на таа тема за форуми за телевизија.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#57

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#58
Нема оправдание, во рок од неколку минути ми ја снема темата. Ајде помогни да смислам текст кој ќе им го праќам во порака, ама таков што ќе ги натера навистина да дојдат и да се регистрираат.
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#59
Не знам колку е паметно да се мачиш да праќаш пораки. Ми личи на спамирање. Барем нека биде само на членови со кои си пишувате.

На пример би можело да биде:

ТВПакет е специјализиран форум за телевизија, филмови и серии.
Регистрирај се на форумот за да се вклучиш во дискусиите за најпопуларните серии и да бидеш известена за новостите од телевизиската сфера.

http://forum.tvpaket.com.mk

Делот за теленовели
viewforum.php?f=22
Делот за телевизии
viewforum.php?f=4
 

Beauty

Администратор
Мислења
19,573
Допаѓања
4,474
Поени
113
#60
Немам запамтено ниеден член, ги има премногу. Ќе пробам кај некои што имаат добри мислења напишано.
Да дојдат неколку, потоа е полесно. Им пратив порака на неколку.
Но да не е затворен форумов за регистрација па да дојдат и да не можат да се регистрираат? :haha: Последниот е регистриран на почеток на декември.


Јас мислам да се затвори форумов за гости додека се регистрираат поканетиве. :hehe: