Што читате во моментов?

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
Коментари/препорака.​
 

Игор

Нов Член
Мислења
493
Допаѓања
0
Поени
0
#2


Најновата на Мекјуан. Ја добив за подарок и пред некој ден почнав да ја читам. A promising start!

А последната што ја прочитав беше „Индиго Бомбај“. Многу добра книга, вреди да се прочита. Оригинална е, темите што ги обработува се речиси нови во македонската литература, а интересно е и трогателно што добар дел од приказната е вистинит (не одам понатаму за да не давам спојлери).
 

emma-chan

Нов Член
Мислења
85
Допаѓања
0
Поени
0
#3
хари потер првиот дел, а четврток ја враќам и го земам вториот дел
 
Мислења
457
Допаѓања
0
Поени
16
#4
"Последната песна" - Николас Спаркс



Иако веќе ја имам прочитано на англиски јазик, решив да ја земам пред некој ден и на македонски јазик... одлична книга, како и сите други на Спаркс. Лесна е за читање(не е напорна), и за еден ден веќе сум некаде до средина од книгата. Им ја препорачувам на сите љубители на романтични романи, особено оние на Спаркс.
Еве нешто повеќе за "Последната песна":
Последната песна е приказна за Рони Милер, седумнаесетгодишна ќерка на разведени родители. Таа живее со нејзината мајка и помалиот брат во Њујорк, додека нејзиниот татко живее во Северна Каролина. Таа не му зборуваше на нејзиниот татко уште од кога нејзините родители се разведоа, а сега мора таа и нејзиниот десетгодишен брат мора да го поминат целото лето со него. Но, таа не знае зошто мајка и ја натера да оди во Северна Каролина, и дека луѓето кои ќе ги запознае и работите кои ќе се случат таму засекогаш ќе и го променат животот...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Игор напиша:
А последната што ја прочитав беше „Индиго Бомбај“. Многу добра книга, вреди да се прочита. Оригинална е, темите што ги обработува се речиси нови во македонската литература, а интересно е и трогателно што добар дел од приказната е вистинит (не одам понатаму за да не давам спојлери).
Ја имам дома а уште не ми е прочитана, едноставно не може да ме привлече некако. 54656
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,012
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Моментално ја читам;



Роберт Вилсон - Слепиот човек од Севиља.

Последна која ја прочитав беше “Што би правел јас без тебе“ најновата од Жијом Мусо. Здодевно и напорно четиво, неспоредливо со предобрите романи “Затоа што те сакам“ и “А Потоа“.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9


Мислејќи дека е типична чик литература се двоумев дали да ја земам, но сепак за миг се размислив дека сепак според содржината станува збор за една комедија/драма т.е како да гледам една романтична комедија. Приказната е доста моќна иако е доловена на полесен начин и има доста смешни моменти. Се работи за Камрин и нејзината пријателка Адела кои се неразделни но сепак пријателството се уништува кога Камрин дознава дека Адела претходно спиела со нејзиниот свршеник Нејт. Четири години подоцна кога Адела е на смртна постела поради борбата со рак, дознава дека всушност Теган, ќерката на Адела е плод од поминатата ноќ со Нејт. Адела немајќи каде да го освои своето дете, и предложува на Камрин да ја посвои Теган... тешка одлука зар не? Да го посвоиш детето на најдобрата пријателка и твојот поранешен свршеник :)

Одлично четиво! Ужасен превод haha
 

True Religion

Нов Член
Мислења
81
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Божествена Комедија-Данте Алигиери(само Пеколот засега)!Ако се справам со него,одам и со другите делови!
 

Posh Girl

Нов Член
Мислења
233
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Дали некој знае некоја добра страна на нет од кајшто може да се симнуваат книги? Потребна ми е книгата Големата вода на Живко Чинго преведена на англиски. Дали некој зне кај можам на нет да ја најдам?
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Јас се изначитав Шелдон. И многу се разочарав. Се воодушевив од Раскажи ми ги сонишата, која не беше ништо посебно ама интересна беше доста ама другиве му беа глупи. Иако оставаат белег, ама пак. Ја читам Агата Кристи редовно (по And Then There Were None ме улови целосно)... И моментално ја читам Тело во библиотеката на Кристи и Марина на Зафон.

Тоа сакав да ве прашам, случајно дојдов до Марина а знам повеќето го имате читано Зафон. Можете да ми кажете што всушност е книгата. Почнав да ја читам и пријатно се изненадив. Два-три збора барам да знам што всушност пишува Зафон, општо за неговите книги...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Од Шелдон се разочара? Јас скокам како луд кога ќе видам дека има нова книга преведено на македонски. Иначе јас ја имам читано од Агата, само 'Мистеријата на седумте бројчаници' и се откажав. Некако нејзините крими романи воопшто не ме привлекуваат.

Maxime напиша:
Тоа сакав да ве прашам, случајно дојдов до Марина а знам повеќето го имате читано Зафон. Можете да ми кажете што всушност е книгата. Почнав да ја читам и пријатно се изненадив. Два-три збора барам да знам што всушност пишува Зафон, општо за неговите книги...
... Зафон. Во неговите романи ќе ја запознаеш Барселона каква што никогаш не би ја дознал. Премистични романи, задгробни тајни, и преубави описи. Инаку од мене најдобра книга ми е Игра на ангелот, без размислување. Сенка на ветрот, ми беше благо разочарување. А Марина пријатно летно четиво. Инаку не би можел да издвојам кратки црти за да ти објаснам што се случува, продолжи да читаш, дејството ќе добие свој правец, и ќе се воодушевиш, чудно, морбидно, и негова најмрачна книга, а воедно како што кажа на почетните страни "најомилена книга за него".
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,066
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Еден учебник за коловиум. Кога ќе бидите на факултет ќе видите дека нема да имате време за читање друго. Затоа читајте пред да дојдат академските денови.
 

emma-chan

Нов Член
Мислења
85
Допаѓања
0
Поени
0
#15
Повикот на дивината од Џек Лондон (лектира)


Хари Потер и одајата на тајните од Џоан К. Роулинг (од интерес)
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Bobi напиша:
Од Шелдон се разочара? Јас скокам како луд кога ќе видам дека има нова книга преведено на македонски. Иначе јас ја имам читано од Агата, само 'Мистеријата на седумте бројчаници' и се откажав. Некако нејзините крими романи воопшто не ме привлекуваат.

... Зафон. Во неговите романи ќе ја запознаеш Барселона каква што никогаш не би ја дознал. Премистични романи, задгробни тајни, и преубави описи. Инаку од мене најдобра книга ми е Игра на ангелот, без размислување. Сенка на ветрот, ми беше благо разочарување. А Марина пријатно летно четиво. Инаку не би можел да издвојам кратки црти за да ти објаснам што се случува, продолжи да читаш, дејството ќе добие свој правец, и ќе се воодушевиш, чудно, морбидно, и негова најмрачна книга, а воедно како што кажа на почетните страни "најомилена книга за него".
Фала за Зафон, такво и мислење пополека оформувам а после Марина ќе видам дали ќе му ги читам сите... Инаку баш си ја погодил книгата од Агата, таа не и е ништо посебно. Но те сфаќам дека можеби едноставно не те привлекува тој тип на книги. Ама спеак And Then There Were None - најпродаваната мистерија на сите времиња ќе те воодушеви, верувај.

Инаку, Шелдон има убави книги туку само Раскажи ми ги соништата беше толку шокантна. Му ги прочитав и Гнев на Ангелите, Господар на играта, Странец во огледало и најпоследно Голо лице (негов прв роман, премистериозен ама воопшто не ме задоволи крајот)! Ама сепак има некој магнетизам човеков што деновиве пак ќе му читам нешто. Инаку сеа ја барам Девојката со тетоважа на змеј, ти ми ја препорача и морам да ја читам. Ми рече дека била досадна на почеток ама после предобра. Едвај чекам :jupi:!
 
Мислења
217
Допаѓања
0
Поени
0
#17
``Кога лисјата паѓаат`` - Р.Н.Ѓунтекин ја прочитав синоќа :)
Моментално не читам ништо, ама гледам овде добри препораки, па ќе си купам нешто...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #18
yaprak_sonunda напиша:
``Кога лисјата паѓаат`` - Р.Н.Ѓунтекин ја прочитав синоќа :)
Моментално не читам ништо, ама гледам овде добри препораки, па ќе си купам нешто...
И каква е? :)