Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Register Најави се

Amar a muerte, W Studios-Televisa|2018-2019

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
17,867
Допаѓања
2,485
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЉУБОВ ДО СМРТ
Број на епизоди : 87

Интригантна приказна која од епизода во епизода нѐ води од љубов и страст, преку омраза, одмазда и љубомора, па сѐ до конечна смрт, како и до нов живот по таа смрт. Приказната започнува со смртта на тројца потполни странци чии души ќе добијат шанса за друг живот. Бизнисмен, платен убиец и антрополог го губат својот живот во ист момент, по што нивните души ги менуваат телата и добиваат нова задача - да го прифатат фактот дека и понатаму се живи, но осудени на туѓи животи. Антропологот ја добива душата на платениот убиец Џино кој умрел со електро шокови, а пак во телото на платениот убиец влегува душата на тајкунот Леон.
И сега, Џино живее два живота. Неговото тело мора да бега од оние кои го гонат, а пак неговата душа сака да се врати кај неговото богато семејство, кои во меѓувреме приредуваат погреб за умрениот бизнисмен. Џино, односно Леон, сфаќа дека неговата сопруга Лусија го изневерува со неговиот близок соработник, а коцките почнуваат да се склопуваат и кога ќе сфати кој стои зад убиството. Љубов и дилеми - срцето на Леон е сега затегнато меѓу љубовта кон сопругата и желбата да се одмазди за тоа што му беше направено. Лусија ќе се вљуби во Џино, не знаејќи дека во неговото тело живее нејзиниот сопруг Леон. Патот до среќата нема да биде лесен ни за Лусија. Мислата дека нејзиниот Леон е жив, емоциите кои носат нова љубов и семејството на сопругот кое сака да ја уништи и спречи во превземање на наследството е она со кое мора да се соочи младата девојка и да се избори со сите препреки.

Улоги : Michel Brown, Angelique Boyer, Alejandro Nones, Arturo Barba, Macarena Achaga, Claudia MartínJessica Más​