Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Angelica Pecado, RCTV|2000/01

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1


АНХЕЛИКА
Број на епизоди: 160

"Aнхелика" е венецуелска теленовела која во времето на нејзиното прикажување во Венецуела, бележеше голем рејтинг. Серијата е напишана од Мартин Хан (Анастасија, Јудина жена, Во потрага по љубовта) кој е познат по тоа што вметнува елементи на мистерија и хорор во своите дела. Така во оваа серија има мистериозен убиец кој се до крајот на приказната не е познат ни за ликовите, а ниту за гледачите.
Серијата се прикажуваше на локалните телевизии низ земјава.

Содржина:
Дел Авиља е богата и моќна венецуелска фамилија, сопственици на хотелот Вила дел Авиља, располагаат со многу недвижнини, а живеат во голема палата во Каракас. Во семејството има такви кои сакаат да го продадат хотелот поради вредноста на неговото земјиште, но и такви кои се спротиставуваат на таа идеја.
Ноќта кога дон Диего Авиља планира кому да му ја препушти администрацијата и управувањето на хотелот, убиен е Родриго Кордоба дел Авиља, кумчето миленик на дон Диего и воедно можниот иден директор на хотелот. Родриго е убиен од некој член, роднина или пријател на многубројната фамилија поради интерес за контрола на хотелот.
Во таа битка на интереси централно место во приказната добива Анхелика Родригез, млада и сиромашна селанка која работи на еден имот кој е во сопственост на згодниот Марсело дел Авиља, синот на убиениот Родриго. Марсело се вљубува во убавата селанка, а и нејзиното срце е освоено од богатиот бизнисмен. Анхелика и Марсело доживуваат страстна и возбудлива романса на имотот, но Марсело мора да замине во градот за да ја формализира врската со амбициозната Марлена Ваљехо, неговата свршеница. Марсело и ветува на Анхелика дека ќе се врати откако ќе среди некои работи со бизнисот во градот. Анхелика нестрпливо го чека својот сакан да се врати, но него го нема со недели. Открива дека чека негово дете, па затоа заминува во градот за да го побара и дознава дека нејзиниот Марсело се оженил. Марсело не е среќен во бракот затоа што знае дека тој брак е основан на моќ и богатство, а не на вистинска љубов. Во неговото срце живее искрената љубов кон Анхелика, но таа е разочарана од неговата постапка и неочекувана утеха наоѓа во неговиот братучед Ерасмо дел Авиља, кој воедно е сега најсигурниот кандидат за наследник на хотелот дел Авиља и целото богатство. Ерасмо и нуди сигурност на Анхелика и бебето, ја претставува во општеството, и помага да се вклопи во богатиот и моќен свет, а воедно и ја нуди и неговата љубов. Анхелика се мажи со Ерасмо и доаѓа во богатата палата на фамилијата, но убиството на Ерасмо ја обележува нејзината судбина. Сега сите мислат дека детето на Анхелика е на Ерасмо, а воедно тоа дете е и наследникот на хотелот и богатството на семејството. Така Анхелика се соочува со богатото семејство, со луѓето кои гледаат вистинска натрапничка, со луѓе кои и завидуваат, ја мразат и и прават сплетки за да ја уништат. Ребека, Франциска, Натали, Диего, Хуан Марија, Роса Хелена се само дел од фамилијата дел Авиља кои започнуваат крвава битка за да се добие хотелот. Воедно еден од сите роднини и пријатели на дел Авиља е вистинскиот мистериозен убиец кој ги убил Родриго и Ерасмо, а најпотенцијална следна жртва е Анхелика. На патот да се убие Анхелика и да се отстранат сите докази и сведоци, мистериозниот убиец ги убива сите оние кои му стојат на патот.

Улоги: Daniela Alvarado, Simón Pestana, Eileen Abad, Hilda Abrahamz, Javier Vidal, Alba Roversi, Amanda Gutiérrez, Carmen Julia Álvarez, Carlos Villamizar, Jaime Araque, Besabé Duque, Carlos Guillermo Haydón​
 
Последен пат уредено: