Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Animal kingdom, TNT|2016-

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЖИВОТИНСКО КРАЛСТВО
Број на епизоди : 36+

Американската драмска серија “Животинско кралство” е базирана на истоимениот австралиски филм од 2011 година. Досега се снимени три сезони и вкупно 36 епизоди, а обновена е и за четврта сезона која треба со снимање да започне оваа година.
Оваа крими драма го прати 17 годишниот Џеј кој поради предозирање и смрт на неговата мајка, мора да се пресели во домот на неговата баба и вујковци. Но, бегајќи од една лоша околина тој доаѓа во нова каде исто така не цутаат рози затоа што семејството Коди се занимава со разни криминални дејствија. Глава на ова тн. животинско кралство е Џанин, која покрај сега починатата ќерка, има четворица сина, од кои еден посвоен, а тројца од различни татковци. Таа е за нив Штрумфета, жена за почит и шефица на криминалната група со која имаат блиски и навидум чудни односи.
Баз е посвоениот син и водич на кражбите, Поуп е најстариот син, кој бил во затвор, има ментално растројство и е опсесивно вљубен во девојката на Баз. Крег е средниот од синовите, кој е зависник од дрога и е склон на многу ризици, а најмалиот Дерен е геј и учесник во сите кражби на семејството. Покрај овие ликови, во приказната се вклучуваат уште неколку главни и споредни кои на ваков или онаков начин се врзуваат за криминалот на фамилијата Коди. Џеј ќе мора постепено да се вклучи во злосторничките дејствија на неговото семејство како би успеал да опстои и да се вклопи во новата средина.

Улоги : Ellen Barkin, Scott Speedman, Shawn Hatosy, Ben Robson, Jake Weary, Finn Cole, Daniella Alonso
 
Последен пат уредено:

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,036
Допаѓања
604
Поени
113
#2
Ау ова може да биде добра серија. Интересна приказна.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #3
Одлична беше првата епизода, вчера ја гледав.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #5
Ау, колку е добро ова! :se poklonuva::
И втората епизода фантастична. Сите синови брутални, сите перверзни, сите мистериозни, сите згодни. Ама мајката им е мозокот.
И таман кога помислив дека Баз е можеби единствен кај кој има некакви емоции и верба, крајот на епизодата ме увери во спротивното.

Драмава е за мене дефинитивно, обожавам вакви серии ала Breaking bad која нормално ми е #1.

:pie kafe:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #6
Серијава е ВРВНА! Конечно нешто што ми се допаѓа толку после Breaking bad. Досега е одлично, особено петава епизода. Сите се изопачени, сите се комплексни и едноставни истовремено. И за се' е крива мајката.
Очекувам многу јаки пресврти понатака, особено сега кога се надзира нешто дека полицијата ја истражува фамилијата и ја користи глупавата учителка за тоа.
Џеј се вклопи во семејството. Очекувам девојката да го открие Крег, очекувам афера меѓу Баз и Ники, свашта очекувам.

:pie kafe:

:se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #8
Не ми се верува, со оглед дека добри и се рејтинзите за TNT. Сигурно ќе тера и на 5 сезона.
Мораш да гледаш. Ако сакаш драма, динамика, квалитет, пресврти, перверзии, ова е добитна комбинација. Прекрасна е!
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,036
Допаѓања
604
Поени
113
#9
Секако дека сакам, со твоите коментари ми делува поинтригантна. Ама не можам вака по 10 епизоди на една година.

Breaking bad ми е на листа, сите ми ја фалат, за брзо ќе ја гледам кога фатим време. :pie kafe:
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,812
Допаѓања
567
Поени
113
#10
Секако дека сакам, со твоите коментари ми делува поинтригантна. Ама не можам вака по 10 епизоди на една година.

Breaking bad ми е на листа, сите ми ја фалат, за брзо ќе ја гледам кога фатим време. :pie kafe:
И мене исто за Breaking bad, таа серија и Game of thrones сите ми ја фалат во друштво.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #11
ГОТ пробав два три пати, ама не можам.
А ББ е најдобра евер.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,036
Допаѓања
604
Поени
113
#12
И кај мене, ама GoT ми делува како нека мексиканска сапуњара за богати, не се знае кој е коме мајка, син, ќерка, брат, сестра :406389: секако ќе ја дадам шанса ама BB ми делува поозбилно.

Викинзи, GoT, Once upon a time и BB сите ги сакале кај моето друштво.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #13
GOT мене ми беше преразвлечена, а OUAT ја гледав само прва сезона и ја оставив, добра беше но се гледаше дека оди во правец каде само ќе се додаваат приказни и ликови без врска.
Јас сум дефинитивно за јаки и сериозни крими драми како Breaking bad и Animal kingdom.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,812
Допаѓања
567
Поени
113
#14
Јас на оваа и на ВВ ќе дадам шанса кога ќе најдам време. А, GoT незнам дали да ја почнувам, не ме ни привлекува премногу.
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
2,183
Допаѓања
375
Поени
83
#16
BB и AK, OUAT ги планирам за понатака а GoT ми е едно најобично срање за богаташи и помалку богаташи шо не би го гледал и да ми платат
 
Допаѓања: TVman

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,423
Допаѓања
53
Поени
48
#17
А Better Call Saul гледа некој? Мене ми е на моменти подобра и од Breaking Bad.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,036
Допаѓања
604
Поени
113
#18
И Better call Saul слушнав дека е добра како и BB, неки кажат исто како и ти дека е уште подобра и од BB.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #19
Сол ми беше најнеомилен лик во ББ, па затоа и немам желба за таа серија. :406389: Ама како и да е, има време. Сега сум опседната со Животниве. 334545
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
3,929
Допаѓања
191
Поени
63
#20
Дани, ради тебе ќе ја почнам. Ама после Бегство од затвор. Мора неа прво да ја догледам.