Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Arvingerne, DR|2014-2017

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1


Н А С Л Е Д С Т В О
Број на епизоди : 28

Серијата е од творците на "Истрага" (Сител), "Измама" и "Премиерка" (Сител, Телма), но за разлика од другите дански серии, оваа не се занимава со убиства и психолошко откривање на ликовите во светот на политиката и криминалот, туку навлегува длабоко во свеста и раните на модерните семејства во скандинавските земја.
Дејството се одвива на имотот на Гронегарден на југот на островот Фин. Вероника Гронегард е позната уметничка која живее богат и ексцентричен живот уште од шеесетите години на минатиот век. Таа има четири деца, кои живеат сосема различни животи затоа што секое од децата имало различно детство.
Изненадната и неочекувана смрт на Вероника ги собира децата повторно заедно, кои се собираат за да би го поделиле наследството од мајка им. Но, Вероника целиот свој имот го остава на ќерката Сигна, која ја дала на посвојување и која дотогаш не била ни свесна која е, која и е мајка, ниту пак свесна дека е голема богаташка. Тоа е само момент на откривање на мрачните тајни и лаги во семејството.

Улоги : Trine Dyrholm, Jesper Christensen, Marie Bach Hansen, Carsten Bjørnlund, Mikkel Boe Følsgaard​