Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Baywatch, 1989-2001

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЧУВАРИ НА ПЛАЖАТА
Број на епизоди : 242

Прикажувана е од 1989 до 2001 година, а дејството се одвива во Лос Анџелес и ги прати животите на главните јунаци - спасители, кои работат на плажа. Еден од создавачите, Грегори Џ. Бонан, работел како спасувач на лосанџелската плажа и затоа го започнал овој проект, кој поради популарноста, прераснал во телевизиска серија. Поради високата цена на тогашната продукција, по првата сезона, NBC ја укинала серијата, но поради големата популарност било повторно вложено во неа, и тоа од страна на главниот глумец Дејвид Хаселхоф, кој е и извршен продуцент.
Во подоцнежните години, "Baywatch" доживува светска слава и голем успех надвор од Америка, особено од третата сезона кога се појавува Памела Андерсон како една од спасувачките.

По 20 години, серијата повторно во Македонија на Телма телевизија. Мич и неговата екипа ќе се најдат во опасни ситуации, во кои ќе мора да помогнат на колегите и цивилите на плажите на ЛА. Давење во водите, потреси, тонење на бродови, киднапирања, разбојништва, напади од морски кучиња и многу други непредвидливи акции следуваат за вашите омилени чувари на плажата.

Улоги : David Hasselhoff (Мич), Jeremy Jackson (Хоби), Gregory Alan Williams (Гарнер), Parker Stevenson (Крег), Pamela Anderson (Кејси) и др.​
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
10,077
Допаѓања
154
Поени
63
#2
Дали сите сезони ќе ги емитува Телма и дали ќе оди spin off серијата Baywatch night?
 
Последен пат уредено: