Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Beverly Hills, 90210|1990-2000

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
Беверли Хилс (Beverly Hills, 90210) е американска телевизискa серија, која премиерно била прикажувана од 4 октомври 1990. до 17 мај 2000 година. Таа била првата тинејџерска сапуница, која стекнала огромен број фанови, а од главните актери направила светски ѕвезди. Серијата го следи животот на младите на Беверли Хилс, ученици во училиштето "West Beverly High School", а подоцна и на и Универзитетот Колумбија.
Серијата зборува за контроверзните теми на општеството, како што се правата на хомосексуалците, алкохолизмот, дрогата, самоубиствата на тинејџерите, сидата и тинејџерската бременост. Серијата ја создал Дерен Стар, а ја продуцирал Арон Спелинг. Иако серијата ја напуштиле многу членови од актерската екипа, и тоа по овој редослед: Шанен Доерти (1994), Лук Пери (1995), Габриел Картерис (1995), Керол Потер и Џејмс Икхаус (1995), Џејсон Присли (1998) и Тифани Тајсен (1998), серијата останала популарна, се до крајот на десеттата сезона (2000). Во последната епизода, се собрале сите членови од екипата, но не и Шенон Доерти. Што се однесува до наградите, серијата е добитник на наградата Златен Глобус.
За време на десетгодишното снимање на серијата, могу познати ѕвезди зеле учество во истата: Ева Лонгорија, Кристина Агилера, Метју Пери и Џесика Алба. Нема ниту еден лик од серијата кој се појавил во сите 296 епизоди. Сепак Тори Спелинг и Џени Гарт се актерките кои биле најприсутни во серијата, појавувајќи се во дури 292 епизоди.

БЕВЕРЛИ ХИЛС - BEVERLY HILLS 90210

Период на оприкажување: 4 Oктомври 1990 - 17 Maj 2000
1. сезона - 21 епизоди
2. сезона - 28 епизоди
3. сезона - 30 епизоди
4. сезона - 31 епизоди
5. сезона - 32 епизоди
6. сезона - 32 епизоди
7. сезона - 32 епизоди
8. сезона - 32 епизоди
9. сезона - 28 епизоди
10. сезона - 27 епизоди

Приказната започнува кога двајцата близнаци, Брендон (Џејсон Присли) и Бренда (Шанен Доерти) Волш, заедно со своите родители Сидни (Керол Потер) и Џим (Џејмс Икхаус), поради работното место на таткото се преселуваат од Минесота во луксузниот Беверли Хилс, Калифорнија. Бројот 90210 кој е во насловот на серијата се однесува на поштенскиот број на Беверли Хилс. На почетокот, близнаците се централни ликови, а подоцна им се придружуваат и нивните пријатели Кели Тејлор (Џени Гарт), Дона Мартин (Тори Спелинг), Дилан МекКеј (Лук Пери), Стив Сандерс (Иан Зајринг), Андреа Закермен (Габриел Картерис) и Дејвид Силвер (Брајан Остин Грин).
Љубов, тинејџерски авантури, сплетки, тајни и вистински пријателства се она што најповеќе ја карактеризираат оваа серија.


Улоги: Шенон Доерти, Џејсон Присли, Џени Гарт, Тори Спелинг, Лук Пери, Иан Зајринг, Брајан Остин Грин, Габриел Картерис, Керол Потер, Џејмс Икхаус, Тифани Тисен, Хилари Свонк и др.​
 
Мислења
119
Допаѓања
0
Поени
16
#4
Re: Beverly Hills, 90201|1990-2000

Еве и јас ке се приклучам во гледањето....
Ова ке биде супер летна серија....:)
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#5
Re: Beverly Hills, 90201|1990-2000

Се приклучам со коментирање колку што се сеќавам, со гледање не верувам
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#6
Re: Beverly Hills, 90201|1990-2000

Многу добра идеја, но мислам понатаму да ја симнувам, сега не.
Убаво е и МТВ да ја даде од почеток и да ја прикаже до крај.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #7
Mulholland напиша:
Јас ќе ја репризирам.:)


nightspy напиша:
Еве и јас ке се приклучам во гледањето....
Ова ке биде супер летна серија....:)
епа ајде заедно ќе коментираме. Пишeте кога ќе ги симнете да почнеме да гледаме паралелно.
 
Мислења
119
Допаѓања
0
Поени
16
#8
Јас веќе ја имам првата сезона така да кажувајте кога почнуваме...
Да си направиме некој распоред..:)
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Па ајде, секој ден нека бие по една епизода.
 

Mulholland

Нов Член
Мислења
382
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Вие слободно можете да почнете од сега, но јас морам да почекам да ми заврши сесијата. :)
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#11
Многу слабо се сеќевам на серијата, само на убавата шпица се сеќевам. Заедно со мајка ми ја гледавме и ми читаше. Се сеќева ли некој од кога до кога се даваше серијата кај нас и во колку часот одеше?
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #13
Последната сезона прикажана на МТВ (шеста) беше давана во недела во рок од 2000 до 2001 година, а претходните сезони одеа во петок во 20 ч.
Ах, тие слатки петоци ги чекав цела недела. :) Времиња.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#14
Jaс иако слабо се сеќевам на серијата, сигурен сум дека е 1000 пати подобра од оваа 90210. Највеќе ги сакав Брендон,Кели и Дејвид. Инаку која година започна Беверли во Македонија? Мислам дека 96'та беше ако не се лажам.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #15
Можно е да почнала тогаш, не памтам која година беше, јас од трета сезона почнав тогаш да ја гледам. Првите две сезони ми беа премиерни кога одеа на ХТВ пред три дгодини. :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#16
И ја најдов серијата за следниот долг период. Беверли Хилс од прва до последна :hehe:
(иако најмногу сакам да ги гледам првиве сезони со Бренда).
Првата епизода е всушност оној филм што го даваат на МТВ често и кој зборува за доаѓањето на Брендон и Бренда во БХ, започнување во школото, запознавање со другите ликови, првите разочарувања за Бренда и Брендон. Веќе во втората епизода се појавува Дилан. Дилан и Бренда омилени ликови. Дона е како глупава, само се влече по Кели и ништо не зборува засега :hehe: Дејвид е многу млад, и му се свиѓа Кели. Нели беа полусестра и брат, сега не знаат ништо за тоа.

Кој сака да се придружи ајде. Знам дека ме чека големо уживање и да знаете дека нема да зажали никој ако ја одбере оваа серија пред новите американски.

:uzivkanje: :uzivkanje: :uzivkanje:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#17
Добра идеја, мене ми е тотално избришана од меморијата :mhhh:

Дани сите ли сезони имаат убави снимки? Од каде ја симнуваш?
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#18
Isohunt. Јас ја почнав со симнување првата сезона и снимката е супер. Само не оди нешто брзо симнувањево како новите серии, но не ми е тоа проблем.
Покрај толку модерни нови серии, оваа серија ќе ми дојде супер, зашто и јас малку се сеќавам. Мислам дека од епизода во епизода ќе биде се подобра. Во почетоков дури малку е и наивно прикажана разгаленоста на Кели и други работи, но имам предвид дека почнала со снимање пред 22 години.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Сега видов и на kat.ph (Kick ass torrent) има доста линкови, тој сајт е навистина добар, го дознав деновиве :off: :hehe:

Дани, доколку не најдам асални линкови за Mad Men може ќе ти се придружам, а инаку таа серија ми е во предност, оваа можеби за летото да ја оставам, ќе видиме :)
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
Фино што си ја почнала да ја гледаш. Јас ја почнав репризо Melrose Place и во првата епизода се појавија Кели, Дона, Стив и Дејвид. Мислам дека MP почнала кога започнала и втората сезона на Береврли, како спин оф.