Charmed|1998-2006

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


Број на сезони: 8
Број на епизоди: 178

Волшебнички е американска телевизиска серија што се емитувала во осум сезони на телевизијата WB, продуцирана од Арон Спелинг. Во Македонија се прикажуваше на А1 телевизија. Се работи за три сестри кои се најмоќните добри вештерки во светот, во натприродната заедница познати како „Волшебничките“ (The Charmed Ones), но за сите други познати како Халивелови. Секој сестра поседува уникатни магични моќи коишто растат и се развиваат за време на нивните животи. Волшебничките живеат заедно во куќа што ја нарекуваат „поседот“ и ги користат своите натприродни моќи во борба против вештери, демони и други злобни сили што живеат во Сан Франциско, Калифорнија. Во почетокот, оваа серија имала најголем рејтинг на гледаност на таа телевизија, додека не почнала да се емитувала серијата Смолвил, чијашто премиера ја гледале 8,4 милиони гледачи, додека премиерата на Волшебнички ја гледале 7,7 милиони гледачи. Серијата заврши со емитување на 21 мај 2006, кога ја гледале 4,9 милиони гледачи.​
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#2
Никогаш доста од нив, си ги гледам повторно на Алсат, само се изнервирав поради тоа што го пропуштив крајот на третата сезона и кога ја видов Пејџ одеднаш ми дојде глупо.
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
expert напиша:
Сфатив колку глупава серија била.
Имаш некој проблем, buddy. Баш ова е една од подобрите американски серии. Што очекуваш ти реално? Серијата е во жанрот фантастична ако ти е нереална можеби :hmm:
 

emma-chan

Нов Член
Мислења
85
Допаѓања
0
Поени
0
#7
ја обожам :ehh: редовно ја гледав, јас и онака сакам нешто што не е вистинито (баш како ова :ehh: )
 

Taki252

Активен Член
Мислења
2,634
Допаѓања
0
Поени
36
#8
Фантастична серија никогаш доста од неа. Ја гледам на Алсат но и на youtube ја има цели епизоди со босански превод мислам. Само впишете пр. "Charmed episode 100" и веднаш наоѓа.
 

Mulholland

Нов Член
Мислења
383
Допаѓања
0
Поени
0
#9
И јас сум со слично размислување како Expert.
Кога премиерно ја даваа ја изгледав скоро цела, а пред некој ден случајно ја начекав на Алсат, ја погледав 10 минути и заклучив дека ми е досадна и сменив.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Мене ми беше одлична. Сите сезони ми се по неколку пати гледани и пак можам без проблем да ги гледам
 

aleksandarj

Нов Член
Мислења
5
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Доста интересна серија, ја гледав на А1 али сум а заборавил, па во последните неколку месеци ги изгледав сите сезони :)
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Кој што сака нека збори, но после времето со Беверли Хилс, Волшебнички беше најгледана американска серија кај нас. Секој втор ја гледаше. И серијата беше интересна итн. итн. Но можеби не е најдобрата серија на сите времиња.

И на вас што ви станала досадна тоа е поради тоа што по крајот на Волшебнички кај нас, сите почнаа повеќе да гледаат американски серии и после кога ја видоа Волшебнички сите сфаќаат дека имало и подобро, но воопшто не е лоша покрај се...
 

Adolfo

Нов Член
Мислења
63
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Одамна сакам да дадам коментар,т.е. многу голема критика за особата која ја преведува Волшебнички,вие не знаете колку е преводот неточен,бесмислен и смешен!
Срамота!како воопшто ја примиле таа особа и и дозволиле да преведува,КАТАСТРОФА е преводот!
 

darko

Нов Член
Мислења
182
Допаѓања
0
Поени
0
Banned #17
јас не знам зашто на а2 не ги дават старите серии што биле на а1 пред неколку години
(така ке биде различна програма)
туку само истите серии што се сега од а1 на а2
 

Beauty

Администратор
Мислења
15,335
Допаѓања
295
Поени
83
#18
Па немаат право да ги прикажуваат сигурно. Кој не би сакал да гледа стари серии од А1 сега на А2. Изгледа само јас никогаш не ја гледав серијава.
 

darko

Нов Член
Мислења
182
Допаѓања
0
Поени
0
Banned #19
како немат право? на а1 како се емитувале порано
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
darko напиша:
како немат право? на а1 како се емитувале порано
Секоја серија која тие ја купиле си има рок на емитување. Нормално дека ако сакат истата да оди, мора да платат за да ја обноват дозволата на емитување.