Chernobyl, HBO l 2019

hakuna_matata

Активен Член
Мислења
807
Допаѓања
29
Поени
28
Автор на оваа тема #1

ЧЕРНОБИЛ
Број на сезони: 1
Број на епизоди: 5

„Чернобил“, петоделната кратка серија во копродукција на ХБО и Скај, ја драматизира приказната за нуклеарниот инцидент од 1986 г., една од најголемите катастрофи предизвикани од човек во историјата, како и за направените жртви за да се спаси Европа од незамислива катастрофа. На 26 април 1986 нуклеарниот реактор Чернобил во Украина, Советски Сојуз, претрпе масивна експлозија којашто ослободи радиоактивен материјал низ Белорусија, Русија и Украина, а досегна и до Скандинавија и Западна Европа. Џеред Харис го игра Валериј Легасов, водечки советски нуклеаренфизичар. Како дел од тимот за реакција, тој беше меѓу првите што ги сфатија размерите на огромната катастрофа. Стелан Скарсгард го игра советскиот заменик-министер Борис Шчербина, кој е назначен од Кремљ да ја предводи владината комисија во Чернобил по неколку часа од несреќата. Емили Вотсон ја игра Улана Комијук, советски нуклеарен физичар. која е посветена да ја реши мистеријата околу тоа што довело до катастрофата во Чернобил.

 
Последен пат уредено од модератор:
Мислења
83
Допаѓања
55
Поени
18
#2
Делува јако, само не знам колку веродостојно ќе се држат до историскиот настан.
А и не ми се допаѓа што зборуваат на англиски среде СССР. :)
 

Hook'O

Добро-Познат Член
Мислења
1,423
Допаѓања
53
Поени
48
#3
Корисниците на IMDb ја рангираат на трето место на сите времиња. Во топ 250 серии, Chernobyl е трето место, Breaking Bad петто, а Game of Thrones шесто.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
Мислења
9,818
Допаѓања
97
Поени
48
#4
Интересна серија.
Јас не сум љубител на серии па оваа дека е мини серија и дека е според вистински настани ме привлече да ја изгледам. Исто така и мене не ми допадна што зборуваа англиски.
 
Мислења
83
Допаѓања
55
Поени
18
#5
Одлична и многу морничава серија, која (верувам) веродостојно го прикажува
животот во тогашно време.

Од епизода во епизода се подобрува за на крајот да го достигне врвот.

Иако не сум многу на „ти“ со физиката, сепак на крајот беше толку јасно претставено и
објаснето како дошло до експлозијата, што секој би сфатил, дури и јас. Ми се допадна тоа.

Глумците беа одличен избор, а според фотографии што имам видено по интернетов
во последно време, направени се да изгледаат речиси исто како луѓето што ги глумат.

Критичарите ја оценуваат како најдобра серија на сите времиња.

Како што спомнав и претходно, единствена замерка ми е што зборуваат на англиски,
оти ако беше на руски или украински ќе беше пореалистично.


Како и да е, од мене дефинитивно препорака за тие што не ја гледале. Нема да зажалите.

Дефинитивно една од подобрите серии што сум ги гледал во последно време,
ако не и најдобрата.
 

Beauty

Администратор
Мислења
17,425
Допаѓања
2,180
Поени
113
#6
ОФФФ! Ај и ова да симнам, па дали ова, дали Casa de papel, битно ќе почнам.

И јас слушам многу позитивни критики, но не од оној тип на 'трескање' од земја како што беше случајот со ГОТ.
 
Допаѓања: Steff

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,317
Допаѓања
384
Поени
83
#7
И јас исто ќе и дадам шанса по овие коментари, иако и јас не сум баш на "ти" со физиката. А, и не ми личи на некое преценетo срање како ГОТ.
 
Последен пат уредено:

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
Мислења
3,855
Допаѓања
146
Поени
63
#8
ОФФФ! Ај и ова да симнам, па дали ова, дали Casa de papel, битно ќе почнам.

И јас слушам многу позитивни критики, но не од оној тип на 'трескање' од земја како што беше случајот со ГОТ.
Почнувај Каса де папел, аора мизмо!!!
 
Допаѓања: Steff

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
2,021
Допаѓања
298
Поени
83
#9
Јас и оваа и Каса де папел, ама нека чекаат ред сега засега :D