Chicago P.D.|2014-

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
16,789
Допаѓања
1,677
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЧИКАГО ПД
Број на епизоди : 130+

Aмериканската полициска серија “Чикаго ПД” е серија за луѓето кои ќе стават се на коцка за да би служеле на законот. На NBC се емитува од 2014та година во досега шест сезони и е дел од франшизата на процедурали за полициските оддели во Чикаго.
Одделот на чикашката полиција се состои од две потполно различни единици – полицајци во униформи кои патролираат по улиците борејќи се против злосторствата и единица на известувачи кои се борат со најтешките криминални дела во градот, како организираниот криминал, препродавањето на дрога и убиства на високи функционери и личности. На чело на овој оддел се наоѓа наредникот Ханк, енигматичен човек кој е подготвен да го заобиколи и законот само за да ја добие правдата. Притисокот на неговото водство може да го издржат само најцврстите и најжилави подредени. И покрај проблематичното минато кое го врзува со шефот, детективот Антонио претендира да стане главен во таа единица. Тој не се предава ниту попушта и покрај секојдневните препирки со Ханк. За полицајците по улиците, чија амбиција е да станат дел од елитната единица, секој ден да се преживее е нов предизвик.

Улоги : Jason Beghe, Jon Seda, Sophia Bush, Jesse Lee Soffer, Patrick Flueger, Marina Squerciati, LaRoyce Hawkins​
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
1,827
Допаѓања
254
Поени
83
#2
Серијава е јака, секоја епизода е добра
Особено синоќешната епизода беше добра, но крајот беше неочекуван и изненадувачки
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
1,827
Допаѓања
254
Поени
83
#3
Како е можно во понеделникот да заврши 2 сезона (ја дадоа последната, 23 епизода од сезоната), а денес да ја дадат 3 епизода од трета сезона, кога треба да е 4, а цела недела одат нови епизоди?

Значи најавата за вчерашната епизода што ја дадоа, беше за епизодата за денеска, а најавата за денешната епизода е за епизодата за во понеделник
Знам дека вчера одеше 2 епизода од 3 сезона, од каде се појави уште една, која играла вторник или среда?
 
Допаѓања: alek

Beauty

Администратор
Мислења
16,789
Допаѓања
1,677
Поени
113
Автор на оваа тема #4
Сите сезони се земени од Чикаго.
За да не викате после Сител земале по сезона две :406389:
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#5
Секогаш ги земаат цели сериите во последно време. Единствено од онаа Кобра не ги земаа бидејќи има милијарда епизоди.
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
1,827
Допаѓања
254
Поени
83
#6
Дании, а заедно со 6тата ли, актуелната сезона во Америка?
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
Мислења
1,501
Допаѓања
53
Поени
48
#7
Јас веќе оваа серија ја имам со македонски титл од fox crime и таму сто пати оди .
 
Мислења
563
Допаѓања
12
Поени
18
#8
Сите сезони се земени од Чикаго.
За да не викате после Сител земале по сезона две :406389:
Подобро да не ги земале.. Chicago PD e серија што треба да се гледа заедно со Chicago Fire, Chicago Med па и со Chicago Justice иако имаше само една сезона од таа серија затоа што се поврзани и имаат во секоја сезона crossover епизоди. Оваа серија како и другите што ги емитуваа во тој термин само ги направија небитни и негледливи. За никаквото емитување no comment, прво ти емитуваат 5 и 6 епизода потоа 1 и 2 па 10 итн...
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,001
Допаѓања
283
Поени
83
#9
Сигурно и тие другите ќе ги емитуваат понатака бидејќи во последно време прајтајм серии земаат само од NBC.
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
1,827
Допаѓања
254
Поени
83
#10
Сител денеска промото што го има за вечерашната епизода го направиле со додавање на текст на македонски
Досега само сцени, никогаш немало текст на македонски
Инаку ова е епизодата што означува fall final од 4 сезона
 

anonimen

Добро-Познат Член
Мислења
1,827
Допаѓања
254
Поени
83
#12
Супер :D

Инаку доста се подобрија во 4тава сезона
Од почетокот беа добри, од 4 сезона уште подобри, но епизодите од 7 (mid season final) се многууу подобри, со подобра содржина