Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Edith González

  • Автор на оваа тема Taki252
  • Датум кога е започната темата

Taki252

Активен Член
Мислења
2,634
Допаѓања
0
Поени
36
Автор на оваа тема #1

Едит Гонзалес е мексиканска актерка родена на 10 Декември 1964 во Монтереј Мексико. Едит Гонзалес својата актерска кариера ја има започнато од малечка глумејќи главно во мексикански теленовели како и во разни серии, театарски представи и филмови. Својата кариера таа ја надградуваше во најпознатата латино-американска телевизиска куќа Телевиса, за која има снимено голем број на теленовели. Од 17 Октомври 2010 година Едит Гонзалес влезе во редовите на конкурентната телевизиска куќа Ацтека напуштајќи ја Телевиса.​

Теленовели:​
Cielo rojo (2011) - Alma Durán de Encinas
Camaleones (2009-2010) - Francisca Campos
Doña Bárbara (2008-2009) - Bárbara Guaimarán
Palabra de mujer (2007-2008) - Vanesa Noriega de Medina
Mundo de fieras (2006-2007) - Jocelyn Rivas del Castillo de Cervantes-Bravo
Mujer de madera (2004) - Marisa Santibáñez Villalpando
Salomé (2001-2002) - Fernanda 'Salome' Quiñones Lavalle
Cuento de Navidad (1999-2000) - Josefina
Nunca te olvidaré (1999) - Esperanza Gamboa Martel
La jaula de oro (1997) - Oriana/Carolina
La sombra del otro (1996) - Lorna Madrigal
Corazón salvaje (1993-1994) - Mónica de Altamira
En carne propia (1990-1991) - Estefanía Muriel/Natalia de Jesús Ortega
Flor y canela (1988) - Florentina
Rosa salvaje (1987-1988) - Leonela Villarreal
Lista negra (1987) - Mary
Monte calvario (1986) - Ana Rosa
Sí, mi amor (1984) - Susana
Bianca Vidal (1983) - Bianca Vidal
La fiera (1983) - Julie
El hogar que yo robé (1981) - Paulina
Soledad (1980) - Luisa Sánchez Fuentes
Ambición (1980) - Charito
Los ricos también lloran (1979-1980) - María Isabel
Madres egoístas (1979) - Mariela
Lo imperdonable (1975) - Gloria
Mi primer amor (1973) - Lucía
El amor tiene cara de mujer (1971)
Lucía Sombra (1971) - Erika
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#3
Најдобра во улогата на Јоселин :se poklonuva:: Јоселин е една од најзлобните негативки а Едит ја долови предобро и навистина беше кралица во серијата. Кога ја глумеше Есперанса, мислев дека е многу стара актерката за таква улога.
Освен Едит, шпекулациите кажуваат дека во Ацтека преминува и Габриела Спанич која ќе го снима римејкот на венецуелската Емператриз.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Да, Габриела веќе потврди дека е во Ацтека и дека почнува наскоро да ја снима Емператриз.
Едит за почеток ќе глуми во верзијата на Grey's Anatom (ликот на Адисон Шепард) а на пролет во соработка со Глобо, започнува снимање на мексиканската верзија на A Favorita.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#5
Римејкот на Фаворита ќе биде од Ацтека? Глобо најверојатно досега не дозволувал римејкови да се прават од нивните новели. Како успеале за Фаворита да попуштат.
Ацтека навистина во последниве години само римејци прават. И тоа ги поминаа сите аргентински драми, па сега на серии од други земји.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Глобо најверојатно досега не дозволувал римејкови да се прават од нивните новели. Како успеале за Фаворита да попуштат.
Овде грешиш. Моменталната теленовела на Ацтека Entre el Amor y el Deseo е римејк на бразилската Loco Amor, ја снимаат во соработка со Глобо, дури серијата ја има и на страната на Глобо. http://www.globotvinternational.com/prodDet.asp?prodId=152&catId=1
Исто така со Телемундо ја работеа Клон, а наскоро се зборува дека и Телевиса сака да го купи правата за некоја Глобова серија.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#7
Конечно ја најдов теленовелата што со месеци ја барав. Била со Едит Гонзалес и се викаше Есперанса (Nunca te olvidare). Колку само се сеќевав кога еден негативец пукаше во нејзиниот коњ и остана слепа, па и го одврзуваа завојот и она пак слепа :haha:, па кога прогледа отиде на некакво судење, па потоа имаше една сцена каде што беше во пожар со едно бебе... Голема еуфорија имаше тогаш за серијата.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#8
Многу интересна серија и една од најдобрите на Хуан Осорио. Есперанса се напати :haha:
 

Blagojche

Добро-Познат Член
Мислења
3,605
Допаѓања
49
Поени
48
#9
Како е можно толку важен сајт како „ТВ ПАКЕТ“ да нема никаква информација/статија во врска со смртта на мексиканската актерка Едит Гонзалес?!
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#10
Како е можно толку важен сајт како „ТВ ПАКЕТ“ да нема никаква информација/статија во врска со смртта на мексиканската актерка Едит Гонзалес?!
Ќе има. Не сум јас цел ден пред комп :406389:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#12
Ајде, редно е :) цел интернет е преплавен со веста.. Дури и Сител не` претекнаа! :D
Сител е далеку од релевантен и темелен информативен портал. За разлика од ТВ Пакет.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#14
Сигурно им е копирана (превземена) од друг сајт. :D
Oд Република им е таа статија, само копираат од други места.

Еве линк за Едит. Не ми се верува, одлична, прекрасна. Омилена како Јоселин дефинитивно. Незаборавна како Саломе и Есперанса. Дона Барбара сепак не беше мој фаворит, но беше погодена за таа улога.
https://www.tvpaket.com.mk/shok-pocina-akterkata-poznata-kako-esperansa-salome-i-dona-barbara/
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,812
Допаѓања
567
Поени
113
#15
Нека почива во мир. Баш ми е жал, млада жена. Ја имам гледано само како Доња Барбара.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
Мислења
3,605
Допаѓања
49
Поени
48
#16
Одлична актерка, и како протагоинистка и како негативец дефинитивно ќе ја помнам по улогата на Саломе и Јоселин (како од поновите новели кои ги паметам со неа) и „Никогаш нема да те зборавам“ (на која не се сеќавам многу). Нека почива во мир.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,036
Допаѓања
604
Поени
113
#17
Како Јоселин ми беше омилена а и како Барбара беше одлична. Саломе и Есперанса воопшто не ми беа интересни серии ама секако одлична актерка беше. А и во Corazon salvaje беше супер.

Нека почива во мир.
 
Последен пат уредено:

alek

Активен Член
Мислења
666
Допаѓања
36
Поени
28
#18
Ауу одлична актерка нека почива во мир, сите теленовели прикажани во МК со неа ми се гледани, :((:((
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,237
Допаѓања
2,887
Поени
113
#19
Есперанса мене ми е една од најинтересните циркузи+класици, Саломе исто. Зборувам за тоа време кога Телевиса се голташе со задоволство. Исто и Јоселин, иако серијата беше премногу критикувана, мене ми беше преинтересна.

Жално сепак, драга актерка :(( Не можам да поверувам навистина.