Episodes, BBC-Showtime|2011-2017

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
Автор на оваа тема #1



ЕПИЗОДИ
Број на епизоди : 41

Веќе никогаш нема да ја гледате телевизијата на ист начин во новата урнебесна комедија на Телма телевизија. "Епизоди" e хумористична серија во 41 продолжение. Во серијата се запознаваме со Шон и Беверли, среќен британски брачен пар кои се успешни творци на британски хит серии. Се чини дека нивниот живот е исполнет, сѐ до моментот кога исклучително моќен и харизматичен сопственик на една американска ТВ куќа не ги убеди да се преселат во Лос Анџелес како би снимале американска верзија на нивната серија. Но, откако Шон и Беверли ќе пристигнат во ЛА, гледаат дека работите не се такви какви што они ги замислуваа.
Се испоставува дека човекот никогаш не ја видел нивната серија и во новиот ТВ проект бара од нив да го променат главниот актер со школованиот комичар Мет Ле Бланк. Двајцата сопружници се згрозени затоа што од нив се бара улогата на мудар и речит директор на елитен интернат за деца да му припадне на Мет, ѕвездата на "Пријатели" и "Џои". Влегувањето на Мет во серијата не само што ќе влијае на професионалната кариера на Шон и Беверли, туку ќе го разниша и нивниот брак.

Улоги : Matt LeBlanc, Stephen Mangan, Tamsin Greig, John Pankow, Kathleen Rose Perkins, Mircea Monroe​