Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Estrambotica Anastasia, RCTV|2004

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1


А Н А С Т А С И Ј А
Број на епизоди: 146

"Aнастасија" е популарнa венецуелска теленовела која во времето на нејзиното прикажување во Венецуела, бележеше голем рејтинг. Серијата е напишана од Мартин Хан (Анхелика, Јудина жена, Девицата Хуана) кој е познат по тоа што вметнува елементи на мистерија и хорор во своите дела. Така во оваа серија има мистериозен убиец кој се до крајот на приказната не е познат ни за ликовите, а ниту за гледачите. Многу од актерите се познати од учеството во Мојата дебела Валентина, а по успехот на серијава, се појавија и во серијата Во потрага по љубовта.
Серијата ќе остане запаметена и по интересните песни како што се насловната "En Tu Cruz Me Clavaste" испеана од шпанскиот пејач Chenoa, песната на Анастасија и Аурелијано - "Eso" од Axel Fernando и песната на Виолета и Сантјаго - "Luz" од Miguel Nandez.

Содржина:
Анастасија ги придобива сите околу себе, кои ја нарекуваат “Ексцентрична”. Таа е забавна, спонтана, динамична и ги почитува сите. И тоа не е се, таа има две наполно идентични сестри. Три потполно различни личности, кои си ги менуваат местата постојано, дури и никој не може да ги разликува која е која. Анастасија влегла во династијата Боровски со тоа што се омажила со Овидио Боровски, внук на стариот дон Тоњо, главата на богатата и многубројна фамилија. А пред тоа Анстасија живеела мирен сиромашен и спокоен живот заедно со кумата Деметра и со своите сестри: глувонемата Алехандра и откачената Каталина. Но животот на Анастасија се менува откако ќе влезе во семејството на накитот, злобата и лудостите. Боровски е моќно семејство, исполнето со трагикомедии. Тие се посветиле на светот на накитот и имат енормна златарска компанија на високо ниво. И се се врти околу Анастасија, која е поставена во центарот на вниманието. Сите ја сакаат, и сите ја мразат. Не е лесно да се прифати, но таа не припаѓа од таа класа. Поради својата екстравагантност, дон Тоњо ја ангажирал Анастасија како главен промотер на накитот на семејството, а Анастасија ужива во таа улога. Таа постепено ја запознава темната страна од минатото на фамилијата и открива дека постои дијамантски проколнат Ѓердан на соништата кој припаѓал на некоја руска царица и предизвикува смрт на секој што ќе го поседува.
И независно од чудното однесување, Анастасија е многу паметна жена, која ги гледа темните желби на својот сопруг, Овидио Боровски, вистински негативец. Анастасија преживува општи проблем за сите жени: дали да продолжи да живее во таа горчина или да се бори за слободата и да ја извади маската на Овидио, како во истото време да ја открие вистинската љубов кон Аурелијано: крадец на накит, кој сака да го освои нејзиното срце. Можеби заради тоа, таа е чудна/ексцентрична. Анастасија преживува троен живот, во кој најчистата љубов е обвиена со интриги, тајни и мистерии, кои треба да ги разреши. Анастасија ужива во тајната романса со Аурелијано, вонбрачниот син на дон Тоњо, иако знае дека е мажена и дека сестра и Алехандра е вљљубена во Аурелијано. На една прослава во златарата, Алехандра и Анастасија си ги заменуваат местата, Алехандра го става проколнатиот Ѓердан, доживува несреќа и исчезнува. Од тој момент Анастасија решава да се бори против се за да ја открие поврзаноста на ѓерданот, несреќите, минатото на Боровски... Но во таа борба главниот непријател и е Монахот, мистериозен убиец кој започнува да убива за да не се дознаат семејните тајни.
Сите од фамилијата Боровски се осомничени според Анастасија и Аурелијано, кој е серискиот убиец: Тоњо, Овидио, Констанца, Сантјаго, Агрипина, Бромелија, Пиа, Грегорија, Акилес, Теобалдо, Марија Грасија, Клементина, Јадира, Леон или Емилија Боровски. Кој е Монахот и зашто сака да ја убие Анастасија - останува главната дилема до крајот на ова интересна и возбудлива приказна.

Улоги: Норкис Батиста, Хуан Пабло Раба, Мајра Алехандра Родригез, Густаво Родригез, Саул Марин, Хилда Абрахамс, Дора Мацоне, Флавио Кабаљеро, Лудијано Д'Алесандро​
 
Последен пат уредено:

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#2
Не знам уште колку пати ќе прокоментирам дека ова ми беше една од најзабавните серии. А1 ни ја укина, гледаш, и како помал сум имал причина да ги мразам, има тука нешто... :haha:

Норкис Батиста е дефинитивно најубавата латино актерка, но и останатиот дел од оваа актерска екипа ми е драг, сите тие глумеа во Mi Gorda Bella, ги обожавам.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #3
Не да беше забавна :haha: Толку ликови и стајлинзи немало во друга серија. :haha: Имаше многу глупости, но беше интересна за гледање.
А1 ја премести на А1 плус, ама не знам кој го имаше тој канал тогаш.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#4
И јас се нервирав кога ја укинаа/преместија серијата и затоа не ја гледав Циганки:haha:. Одлична серија. Норкис како Каталина ми беше најзабавна. Во секој случај на интернет си изгледав и последните епизоди. Малку повеќе на хорор филм заличуваат ама сепак крајот е одличен и пресмешен
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#5
И кој беше убиецот на крајот? Не знам зошто ја преместија на средина. Летово барав да видам кој беше убиецот, ама мислам дека не најдов.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #6
Убиецот беше Леон докторот

И не ја преместија од средина, туку на 20 епизоди од крајот.
Анастасија :uzivkanje:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Ја обожавав серијава, и баш ми е криво што не ми е догледана до крај. :rolleye:
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#8
Јас не очекував дека тој ќе биде убиецот, а тоа го дознав случајно непосредно по нејзиното прекинување од страна на А1.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #9
Па тој еднаш се преправаше дека Монахот и него го нападнал и тогаш мислев дека он не може да биде. Јас се сомневав дека Каталина е убиецот која немаше никаква улога во серијата освен тоа што беше сестра на Анастасија. :haha:
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#10
Јас во Бромелија еднаш се сомневав, во тој период, Хелена Роза во О, ла, ла имаше ист стил како Бромелија, по тоа ја препознавав. Инаку Марија Грасија ми беше најубава, а Констанса најсмешна, умирав од смеење со неа. Патем, ете зошто не се сомневав во Леон, не очекував дека ќе си ја убие родената сестра, не делуваше како лош човек.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #11
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
Ваква серија еднаш се раѓа :haha:







 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Ич не ја сакав ни ја гледав. Малку само од првата епизода мислам погледнав, многу лошо и аматерско.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #14
Објективно да гледаме, серијата беше лоша, може и една од најлошите прикажани кај нас.
Ама толку ја сакав таа забава во серијата, глупостите, ликовите :hehe:
Уникатна е, како и да е.
Нека не не чуди зошто народот не ги сакал шпанските серии. :hehe:
 

хејтер

Нов Член
Мислења
2,065
Допаѓања
0
Поени
0
#15
Мислам дека ја гледав само заради песната.

http://www.youtube.com/watch?v=fQyQo7Ail0A

И заради мистеријата. Никогаш после Есмералда и тој бран на МРТ немав гледано шпанска сапуница.

Памтам кога ја даваа немав интернет и се вклучив преку dial up за да ја даунлоадирам песната. И мислам дека ми се искучи на пола песна и така после цело време си ја слушав.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#16
Објективно да гледаме, серијата беше лоша, може и една од најлошите прикажани кај нас.
Па затоа и ја укинаа, претпоставувам мизерна гледаност имала. :hehe:
Јас на почетокот почнав да ја гледам, потоа скоро ич. Стварно лоша серија со милион нелогичности. Целата мистерија беше прикажана на најаматерски начин. А песната беше хитче.

Не ми се верува дека од толку квалитетни новели во 2005 оваа беше како црна дупка. Еве кои ми текнува дека се даваа таа година: Куќа на седум жени, Профа, Посилна од судбината, Грдата Бети, Зрела љубов, Вљубени жени, Заводници, Славни, Научи ме да сакам. Се даваа мислам и Циганки и една друга од сабајле на А1, но ретко ги гледав и двете. Првата и покрај добра продукција и содржина имаше лошо дејство а втората поради ужасната главна глумица (Ирак или Иран мислам се викаше) иако содржински и не беше лоша.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
Мислења
3,761
Допаѓања
38
Поени
48
#17
^

Повторно вљубени беше втората серија, во која главните ликови ги толкуваа Иран Кастиљо и Валентино Ланус.

Такви теленовели прави Лусеро Суарез, од типот на Повторно вљубени, Двете лица на Ана, Драга непријателке, но лично на мене ми се допадна Повторно вљубени бидејќи не беше од оние типични теленовели на Телевиса исполнети со романтика и со вечната војна помеѓу доброто и злото, туку беше баш просечна теленовела, а за тие времиња кога Телевиса снимаше секакви циркуси исполнети со романтика и со вечната војна помеѓу доброто и злото, Повторно вљубени доста добро ми дојде како еден вид освестување и оддалечување од останатите циркуси на Телевиса.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Колку бев само лута на А1 што ја прекинаа неколку епизоди пред крај т.е ја префрлија на А2, а ние ја немавме.

Сега брзо ги изгледав на интернет последните епизоди и мислам дека тогаш и покрај тоа што сакав немаше да ги гледам или ќе ми беше страв од сите тие сцени на хорор. Барем на таа возраст. Инаку баш ми беше забавна серијава. Не можам да кажам многу за квалитет кога во тој период ги гледав скоро како сега што прават моиве со турските серии
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #19
Маја Крстиќ нели ни кажуваше дека А1 и самите викале дека ова е најлошата серија која ја давале. :haha: И Љубов и презир беше на исто ниво, но таа ја даваа одсабајле. Но за мене и двете беа едни од најзабавните серии за тоа време.