Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Flor do Caribe, Rede Globo|2013

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1

КАРИПСКИ ЦВЕТ
Број на епизоди: 159 (национална верзија) ; 120 (интернационална верзија)

Бразилска новела која на Глобо започна со емитување на 11 март на местото кое го остави новелата "Lado a Lado" (Рамо до рамо). Под сценарио на Валтер Неграо и под режисерската палка на Жаиме Монжардим (Клон, Живеејки го животот) ова е 81. новела прикажана во терминот од 18 часот. Првобитниот назив на новелата бил Карибите се тука. Со снимање започнале во декември во 2012та година на егзотични локации како Рио Гранде до Норте и Гватемала.

Сторијата започнува во 2006 година во еден мал крајбрежен и колоритен град каде што живее убавата Естер. Естер е во долгогодишна врска со Касијано, кој работи како воен пилот во служба на Бразилската армија.


Алберто е најдобар пријател на Касијано и со години е тајно вљубен во Естер. Заслепен од љубомората која го измачува, Алберто смислува план да ја раздели среќната двојка. Бара од Касијано да пренесе пакет со дијаманти во Гватемала. Она што Касијано не го знае е дека дон Рафаел, човекот на кој треба да му ги предаде дијамантите на Карибите, всушност е шеф на мафија кој го заробува Касијано во еден од рудниците во Гватемалската џунгла, додека во Бразил доаѓа известување дека Касијано е исчезнат. Естер дознава дека очекува дете од саканиот и во тој миг Алберто го спроведува својот план да ја побара за жена за да не биде самохрана мајка. Естер прифаќа.

Седум години подоцна, дејствието се префрлува во денешна доба. Касијано успева да побегне од заробеништвото во Гватемалските џунгли и се враќа во Вила дос Вентос за да ја побара својата сакана, а истовремено да му се одмазди на веќе моќниот Алберто Албукерке. Љубов, страст и многу сплетки следат во возбудливата авантуристичка приказна за "Карипското цвеќе" која освојува со песочните плажи, рајските пејсажи и магијата на една вистинска љубов.

( Естер - Граци Мацафера )



( Касијано - Хенри Кастели )



( Алберто - Игор Рикли )



( Жулиано - Бруно Гисони )



( Таис - Дебора Насименто )



( Амаралина - Стефани Брито )

 
Последен пат уредено од модератор:

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #2
Подоцна ќе напишам вовед во темата, сега сум под импресии и морам да напишам мислење.

Estou apaixonado pela nova novela do Globo! :ehh:

Прво многу ме привлекоа промо материјалите и уште оддамна знаев дека ќе морам да ја погледнам барем првата епизода. И еве ме, полн со убави впечатоци.

Прво пејсажите се на ниво Глобо. Преубави панорамски фотографии и снимки на преубавите бразислки плажи.

Второ музиката, особено ептен ми легна нумерата на Естер и Касијано, препеаната Dreaming of you на Селена, овој пат нормално на португалски. :guskam:

Останатото и најважното е приказната (која морам да признам дека малку ме потсетува на модерен Перл Харбор, но ќе видиме).

Приказната не води низ животот на двајцата најдобри пријатели од детството, Алберто и Касијано. Епизодата започнува кога Касијано (које е воен пилот) се враќа во родниот град со авион, а дедото на Естер (девојката на Касијано) кој е сенилен старец се сеќава како за време на втората светска војна пребегал од Холандија.
Касијано и Естер се во долга врска и се спремаат за венчавка.
Од друга страна пак, Алберто е вљубен во Естер со години, дури во еден флеш бек гледаме како и ја признава својата љубов, но таа решава да биде со Касијано. Очигледно на својот вереник никогаш не му признала што неговиот пријател чуствува за неа.
Дедото на Алберто е богат индустријалец и во Алберто гледа како единствен наследник, но Алберто одбива да биде наследник на империјата Албукерке, бидејки е океанолог и не сака да води затворен живот во канцеларија. Но кога по три години повторноо ќе ја види Естер сфаќа дека никогаш не престанал да ја љуби и ја прифаќа понудата на својот дедо, со цел да остане во градот и да биде крај девојката која ја сака.
Дедо му му дарува дијаманстки прстен кој некогаш и припаѓал на неговата баба.
Во вилата Албукерке се слави примопредавањето од колено на колено.
Алберто пред сите гости ги кани Естер и пријателот Касијано каде што ја објавува јавно нивната веридба. Касијано збунето му вели на својот пријател дека нема веренички прстен и во тој момент, Алберто го вади прстенот на својата баба и му го дава на Касијано. Дедо му шокирано го прашува зошто го сторил тоа а овој одговара дека како добар бизнисмен секогаш со предомисла ги прави чекорите. Му се колне дека еден ден прстенот ќе се врати во фамилијата заедно со Естер.
Крај на првата епизода.

Ма- фантастично! :zaljubena:

Граци Масафера како Естер ми е пресимпатична. Баш е кариспка убавица. Хенри Катели го сакам од порано а и човеков кој го глуми Алберто има харизма.

Одвај чекам нова епизода утре.

:se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva::
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#3
:((
Од каде излезе оваа новела? Во 18 часот е?
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
#2

...откако и официјално беше прогласена веридбата на Касијано и Естер, Алберто го замолува својот пријател да танцува со девојката. Естер му заблагодарува на Берто за убавиот гест со прстенот, несвесна за неговите задни намери.

Мајката на Естер е лута бидејки нејзината ќерка се верила без нејзино присуство и присуство на нејзиниот татко Самуел. Самуел пак (кој е златар по занимање) направил прстен за својата ќерка, па Естер е приморана да го сокрие веречничкиот прстен за татко и да не биде
повреден.

За прв пат се покажаа и Карибите каде што живее една фамилија на пространа хациенда. Не запамтив како се викаат ликовите (сепак беше само една сцена), само се сетив дека девојката требаше првобитно да ја глуми Сандра Ечеверија која одби поради филмска улога. На Карибите, таткото на девојката е некојси тежок мафијаш кој тргува со нелегали работи. Алберто договара со него да ги префрлат дијамантите на Карибите.
Потоа му нуди на Касијано да ги превезе дијамантите со авион. Естер е тажна што ќе мора да биде разделена на кратко од саканиот.

Инаку преубави сцени кога по веридбата Касијано и Естер водеа љубов. Жаиме Монжардим секогаш знае како да вклопи идеално музика, страст и пејсажи. Како подмачкано му оди тоа. Исто беше во Клон, во Viver a vida и сега тука.

Патем, морате да ја чуете преработката на Dreaming of you од Селена. Звучи многу моќно.


Flor do Caribe. :zaljubena:
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
До 12 епизода сум, ги гледам паралелно со бразилците. :mhhh:

Ептен ми се допаѓа како течат настаните, иако сето ова што досега се случува е она раскажаното во сижето, па едвај чекам да премине таа етапа од 7 години и да почне да се случува нешто што нема да знам.

Берто го оствари својот мастер план. Откако го прати Касијано со лажните дијаманти на Кариби и кутриот падна во канџите на дон Рафаел, го затворија во затвор. Дојде до експлозија, Касијано успеа да побегне но го фатија. Во меѓувреме сите во Дос Вентос дознаа за наводната негова смрт. Сцената со погребот беше крајно емоционална, особено делот кога пуштија да летаат авиони над гробиштата, од секогаш ми ежат така моќни моменти. Естер и призна на Беатрис дека е бремена.

Морам уште еднаш да ја пофалам Граци Масафера како одлична млада актерка со преголема харизма. Има голема хемија и со двајцата партнери и Хенри и Игор.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#7
Почнува место Империја на ХРТ идниот месец. По приказната ептен ме привлекува, амбиентот летен така да ќе биде супер за летниве горештини ова. Да не зборам дека е во термин кој летно време супер ми одговара :pie kafe:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#8
И мене одамна ме влече серијава. Плус актерот од Славни, плус има една многу убава музичка нумера ....
само ги снима ли некој се уште сериите од ХРТ ?
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#9
И мене одамна ме влече серијава. Плус актерот од Славни, плус има една многу убава музичка нумера ....
само ги снима ли некој се уште сериите од ХРТ ?
Ги има на сите можни сајтови :)
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#10
Ми се допадна првата епизода. Локациите прекрасни, исто така и главните ми се слатки (посебно главната). Приказната исто така ми се допадна, ме влече да гледам понатака. Овој негативецот веќе почна со сплетките, и тоа во наредната епизода веќе ќе се случи оној главниот заплет од синопсисот. Гледам и понатака :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#11
Ми се допадна првата епизода. Го има тој летен шмек ала Саманта, ја има таа топлина како Joia rara, интересна прва епизода. Панорамските кадри од Бразил и амбиентот 334545

Ми се гледа Глобо, да бидам искрена.
 
Допаѓања: TVman

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#12
Ми се допадна првата епизода. Го има тој летен шмек ала Саманта, ја има таа топлина како Joia rara, интересна прва епизода. Панорамските кадри од Бразил и амбиентот 334545

Ми се гледа Глобо, да бидам искрена.
Летен шмек за на лето, нели :) И мене ми се гледа Глобо, немам гледано ништо од Совршена наваму. Кога го чув португалскиот после подолго време, милина 334545
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#13
Не, не, Совршена беше вон конкуренција.
Оваа веројатно може да ја споредуваме со Totalmente demais, Lado a lado, Joia rara, Porto dos milagres, ....
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#14
Не, не, Совршена беше вон конкуренција.
Оваа веројатно може да ја споредуваме со Totalmente demais, Lado a lado, Joia rara, Porto dos milagres, ....
Да, тоа е најдобрата теленовела која сум ја гледал. Од овие ја гледав Lado a lado и можам да се согласам дека го има истиот шмек како Карибите. Значи шмек на теленовелите од 18 ч. :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#15
И Joia rara исто. Некако на таа исто ме влече, за мене една од омилените теленовели евер.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,815
Допаѓања
567
Поени
113
#16
Ја немам гледано таа, ама може ќе и дадам шанса ако место Карибите не почне нешто што би гледал. Добро е што се ХРТ опамети и не емитува веќе Телевиса.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#17
Па последните од Телевиса им беа дно дна. Мада за баба ми најлошото нешто досега било Империо.
 
Допаѓања: TVman

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,038
Допаѓања
604
Поени
113
#18
Lado a lado и Totalmente demais ми беа доста добри, Porto беше ок ама ништо посебно. Joia rara ми беше многу иритантна и напорна како и оваа.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,238
Допаѓања
2,888
Поени
113
#19
Мене па Joia ми е најомилена од тие. Класика сапун ми беше тоа со многу дешавки и негативци. Затоа и ја сакав.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
1,038
Допаѓања
604
Поени
113
#20
Беше класична да, сакам и јас класични сапуни, ама мене ми таа беше онаа негледлива Телевиса класика со напорни, иритантни ликови. Воопшто не сакам стилот на пишање од тие сценаристки, сите нивни серии ми се исти, наивни и глупави.