Game of Thrones, HBO|2011-

  • Автор на оваа тема Losteech
  • Датум кога е започната темата

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1
ИГРА НА ТРОНОВИ



БРОЈ НА СЕЗОНИ: 4 (засега) | БРОЈ НА ЕПИЗОДИ: 30 |
ОФИЦИЈАЛЕН САЈТ | ВИКИПЕДИЈА | IMDB | TV.COM

Содржина:

Во земја каде летата траат со децении, а зимите може да траат и цел еден живот, неволјите се подготвуваат.

Од југот кој кова завера и дивите источни земји, до замрзнатиот север и древниот Ѕид кој ја штити земјата од мракот кој се наоѓа надвор, две моќни семејства се наоѓаат во смртоносна игра на мачка и глушец за контрола на седумте кралства на Вестерос.

Додека предавството, страста, интригите и натприродните сили ги тресат четирите агли на кралствата, нивната крвава борба за Железниот трон ќе има непредвидливи и далекосежни последици.

Врз основа на бестселер фантастичната серија книги, „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р.Р. Мартин, новата серија ИГРА НА ТРОНОВИ ја започнува својата сезона од десет епизоди во понеделник, на 18 АПРИЛ, ексклузивно на HBO. Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс се извршни продуценти и сценаристи на серијата која беше снимана во студиото „Пејнт хол“ во Белфаст, Северна Ирска, како и на разни места во Северна Ирска и Малта. Продукцијата доби фондови од „Нордерн Ајрлнд Скрин“ и од Филмската комисија на Малта.

ИГРА НА ТРОНОВИ прикажува кралеви и кралици, витези и одметници, лажговци и благородници во нивната борба за власт. На почетокот на серијата, кралот Роберт Баратеон, кој е женет за Керсеи Ланистер од богатото и корумпирано семејство Ланистер, бара лордот Едард „Нед“ Старк да дојде на југ и да му помогне со водењето на кралството по сомнителната смрт на човекот кој му бил десна рака. Во меѓувреме постои закана за тронот од истокот, од страна на прогонетата принцеза Дајенерус, која е тинејџерка, како и од нејзиниот брат, Висерис, чие семејство има владеено со кралствата многу години пред нивното крваво прогонување. А постојат и гласини дека чудни нешта се случуваат на работ на кралствата, северно од Ѕидот, каде Џон Сноу, синот-копиле на Нед, заминува за да стане дел од братството на Ноќната стража, кое се заколнува дека ќе ги штити кралствата.

Трејлер:


Во главните улоги: Mark Addy, Alfie Allen, Sean Bean, Emilia Clarke, Nikolaj Coster-Waldau, Peter Dinklage [...]

Премиера на 18 април на македонското HBO!​
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Зар никој не гледаше?

Јас сум воодушевен. Не знаев што да очекувам дали некоја високо буџетна серија која ќе се вади на ефекти и кинематографија ама со лошо сценарио и глума или нешто одлично. Ова ме воодушеви... Се следат неколку прекрасни паралелни дејстивија - секое претставува обид на некој од ликовите да го освои тронот...

Прекрасна серија... Сценариото одлично (ко по обичај имам мали забелешки но не кажувам бидејќи не заслужува критики ова нешто), од ефекти не видовме којзнае што но какви и да се јас ќе гледам... Костимографија и сценографија неверојатна. Нешто прекрасно... Бев скептичен и иако планирав да ја гледам кога дојде го имав она чувствоно во стомакот абе сеа тоа ќе гледам. Но првите десет минути поминаа и ме освои... Заврши шокантно до некаде и ме интересира што тек сега ќе биде... :)
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #3
Уште на денот на премиерата напишав пост. :)

Јас очекувам серијава да се подобри значително до крајот. Пилотот не беше лош, ама приказната се одвиваше многу споро. Сепак, сега кога се веќе поставени коцките, би требало да имаме поинтересни и поакциони епизоди.
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Те сфаќам и се согласувам. Кабловските си дозволуваат да го градат дејството што е подобро според мене, а другиве се бомбастични уште во прв момент и во прва сезона и потоа втора сезона се паѓа - Heroes пример - катастрофа...

За ова сите очекуваа скапа серија со ефекти и акција и со ликови од типот - млади јунаци, волшебници, стрелци, некои си суштества. А ова е посериозно и серијата си зема време...
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#5
ЛУЃЕ ШТО ВИ Е! Зошто не ја гледате! Повеќето тврдевте дека ќе ја гледате... ОВА Е НЕШТО ПРЕКРАСНО!!! Во секој случај ако очекувате акциона фантазија тогаш не гледате ова е чиста интрига и политикиа... Борба за тронот помеѓу три различни сижетни линии... Прекрасна приказна, прекрасна глума и сценографија...

Инаку сите критичари се согласуваат дека Питер (..........) - џуџето МОРАЛ да земе Еми. И јас би се согласил типот ја игра улогата беспрекорно... Иако и Кралицата како и 16 годишната протерана принцеза се извонредни...
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Симнати и двете епизоди, ќе ги гледам во текот на викендот. Очекувам навистина да ме изненади, дури и оние што не се фанови на вакви епски серии им се допаднала. Навистина очекувам премногу па затоа се надевам позитивно ќе ме изненади :ehh:
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Bobi напиша:
Симнати и двете епизоди, ќе ги гледам во текот на викендот. Очекувам навистина да ме изненади, дури и оние што не се фанови на вакви епски серии им се допаднала. Навистина очекувам премногу па затоа се надевам позитивно ќе ме изненади :ehh:
Супер! Да не се повторувам. Не се надевај многу на магии и епски глупости туку на интрига и манипулации и неверојатно силна актерска екипа... :)
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Maxime напиша:
Супер! Да не се повторувам. Не се надевај многу на магии и епски глупости туку на интрига и манипулации и неверојатно силна актерска екипа... :)
Па не се ни надевам, се надевам дека ќе го нема. Туку ми треба само добра и квалитетна драмска серија! :)
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Ма серијата продукциски е над секое ниво, но зошто ова не е за мене? Премногу историски ликови кои не можам да си ги објаснам, а најверојатно поради тоа што немам читано пред тоа ништо ниту за книгата ниту пак за ликовите.

Повеќе сакам драми во стилот на The Killing, или Boardwalk Empire. Ова не е за мене, иако вредеше што ги изгледав пилот епизодите. Предобро... многу ми се допаѓа таа ладна атмосфера, зимата како е прикажана :ehh:
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Bobi напиша:
Ма серијата продукциски е над секое ниво, но зошто ова не е за мене? Премногу историски ликови кои не можам да си ги објаснам, а најверојатно поради тоа што немам читано пред тоа ништо ниту за книгата ниту пак за ликовите.

Повеќе сакам драми во стилот на The Killing, или Boardwalk Empire. Ова не е за мене, иако вредеше што ги изгледав пилот епизодите. Предобро... многу ми се допаѓа таа ладна атмосфера, зимата како е прикажана :ehh:
Епа добро! Важно се гледа дека имаш вкус е сега веќе станува до тоа дали е твој стил серијата или не... Ова е малку подруго од The Killing кое исто така го обожавам и паралелно ги гледам. Еве вечерва и двете си ги гледам... Едвај чекам...
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#12
Неверојатна серија... Спектакуларно е се... Играта на тронови конечно започна во последнава 7 епизода и во наредниве три се надевам ќе се засили...

Само ќе кажам дека ми пречеше тоа буквално преточување на книгата на телевизија. Односно книгата е поделна на околу 60 поглавја секое насловено по некој лик и е раскажувано од гледна точка на тој лик (секој лик има во просек по 3-4 свои поглавја некои повеќе, некои помалку) сега секоја епизода работи по неколку поглавја и се случува следново: при крајот на епизодата да се појави еден лик да каже два збора и крај... Само се снимани работите од книгата без размислување... Ама серијата е преинтересна и џабе што тоа е такво какво што е... И ОГРОМНА штета што форумов не е навлечен а серијата прераснува во хит...
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Јас сум воодушевен од серијава... И ќе напнувам додека некој не ја погледне! :) Се шегувам... Само ќе кажам дека е одлична во секој поглед, премногу ми се допаѓа штета што не ја гледате... Навистина извонредна во секој поглед. Јас се навлеков скроз и книгите почнав да ги читам итн... Одлично!
 

The CW

Нов Член
Мислења
87
Допаѓања
0
Поени
0
#14
OMFG :se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:: толку шокантна епиэода:sto zboris: SPOILER !!! секоја чест НВО серијава им е одлична , ја обожавам 334545
За тие што не ја гледале уште спремете се эа шок !
U Win Or U Die
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Баш кога сум при крај! Ама сепак блазе си им на тие што ја преведуваат!
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #17
Утре е финалето на првата сезона... не ми се верува колку брзо помина. :(
Ако ништо барем, после ова ни следува втората сезона на Boardwalk Empire, како за утеха. После неколку латентни години, HBO пак се број 1, за мене (заедно со забревтаните AMC кои и покрај минатогодишното разочарување со откажувањето на Rubicon, се’ уште ги почитувам, ако ништо барем поради Walking Dead и Breaking Bad).

Нејсе, би коментирал јас за серијава и посебно за последната епизода, ама немаме спојлер тагови на форумов... а глупаво е да го нарушувам големото изненадување. Затоа се’ што ќе кажам е дека деветтата епизода ментално ме „мрдна“, да не речам, со часови не можев да си дојдам на себе си поради шокирачкиот крај... :(
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#18
Losteech напиша:
Утре е финалето на првата сезона... не ми се верува колку брзо помина. :(
Ако ништо барем, после ова ни следува втората сезона на Boardwalk Empire, како за утеха. После неколку латентни години, HBO пак се број 1, за мене (заедно со забревтаните AMC кои и покрај минатогодишното разочарување со откажувањето на Rubicon, се’ уште ги почитувам, ако ништо барем поради Walking Dead и Breaking Bad).

Нејсе, би коментирал јас за серијава и посебно за последната епизода, ама немаме спојлер тагови на форумов... а глупаво е да го нарушувам големото изненадување. Затоа се’ што ќе кажам е дека деветтата епизода ментално ме „мрдна“, да не речам, со часови не можев да си дојдам на себе си поради шокирачкиот крај... :(
:se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::

Премногу ми е мило што и ти ја гледаш... Конечно некој со мене да ја загледа серијава!!! Чекам ОГРОМЕН коментар или овде или на твојот блог (не сум го посетил сега брзо ако имаш веќе напишано однапред извини)!

Инаку крајот на деветата сезона беше нешто што ниту една американска серија до сега се нема осмелено да го направи... Одлично! Јас не се шокирав бидејќи го знаев тоа од книгата... Но пред да се емитува таа епизода на нет ширеа гласини дека продуцентите решиле да го сменат тоа бидејќи се плашат да не изгубат гледачи... СРЕЌА ШТО НЕ ГО НАПРАВИЈА ТОА! Знаев уште од почеток дека ова не се некои скапани Господар на прстените... И ми се исполнија сите очекувања.

Вечерва го гледам финалето! Инаку Лостич сличен „шок“ се случи мислам во 6 или 7 епизода. Кога братот на Дајнирис беше „крунисан“ - одлично беше изведено. Иста така крајот на 7 или 8 епизода кога се случи предавството... Беше стварно добар момент. Едноставно одлична серија!
 

Losteech

Администратор
Мислења
713
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #19
Одлучив блогот да го одмарам во текот на летово, така што со работа се враќам повторно од при крајот на август, и тоа се надевам на далеку подобра платформа од досегашната. :)

Што се однесува до финалето, мене ми беше одлично егзекутирано, само што единствената мана, не само на последната епизода од првата сезона, туку и на целокупната сезона е што истата ми е некако целата направена во вид на сетап за нешто што допрва треба да го видиме... Навистина, имаше многу неочекувани настани и пресврти, ама после 10 епизоди најавување дека "зимата/војната доаѓа" ние сме, реално земено, и покрај сите најави се' уште во очекување на вистинската акција. :)

Сепак, приказната е толку совршено направена што сето ова воопшто не смета и серијата брзо поминува за оние кои знаат да уживаат во истата. Ова е дефитивно мојот омилен "специфичен" проект од Изгубени па навака.
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#20
Финалето беше mind-blowing! НЕВЕРОЈАТНО! Прекрасно! Е сега скроз си во право за лажните „најави“ но за тоа е виновен маркетингот.

Серијалот книги е наречен „A Song of Ice and Fire“ а само првата книга „Game of thrones“ - и колку и да ми се допаѓа насловот повеќе одговара на само првата сезона. Каде се игра „играта“ додека втората книга/сезона - „Clash of Kings“ е всушност тој очекуван судир!

Како и да е! Единствено нешто што мене ми пречеше е што сценаристите здраво за готово ја имаат адаптирано книгата. 80% од сезоната е буквално преточено од книгата - дијалозите се буквално пренесени! 20% се само додадени и јас знаејќи кои се тие додадени сцени можам да кажам дека на моменти сум разочаран од „некреативноста“ на сценаристите.

И уште ова - книгата има 70 и нешто поглавја и секое од нив е насловено по еден лик. Едард има највеќе „свои“ поглавја. Серси и Џејми Ланистер немаат свои поглавја - со таа цел да тие имаат доста поглавја во подоцнежните книги. Е сега во пилотот сцените додадни за нив беа ОК. Но сцената со Серси во финалето WTF! е за сите што ги прочитале книгите. Кој е дечкото со нејзе? Беше ли воопшто потребно!

Инаку Лостич иако сум стварно импресиониран од финалето да те прашам нешто - Што мислиш за змејовите? Во смисол ефектот? Задоволен? Се плашам дека тука може да згрешат - кога змејовите ќе пораснат. Со овие бев задоволен. Ништо посебно во секој случај!