Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Gomorra, Sky|2014-2019

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1



Г О М О Р А
Број на епизоди : 48

Нова италијанска криминалистичка серија која е базирана на бестселерот на Роберто Савијано „Гомора“ и се смета за една од најгледаните светски серии продуцирани од кабловски канал. „Гомора“ е приказна за Камора, опасната неаполска криминална организација, раскажана низ очите на 30-годишниот Циро, десната рака на кумот на кланот, Пјетро Савастано. Циро е верен и самоуверен помошник на дон Пјетро чија верност ќе биде ставена на тест откако ќе треба да превземе клучни работи во мафијата. Ако зад дон Пјетро Савастано стојат многу влијателни луѓе од политичкиот и јавен живот, зад Циро стои самиот дон Пјетро кого го смета за соодветен наследник на работата, имајќи предвид дека синот Џенаро не е подготвен да застане на неговото место.
Еден ден, дон Пјетро Савастано завршува во затвор наместен од страна на конкурентскиот клан Конте, а водењето на кланот Савастано и справувањето со ривалските кланови останува во рацете на неговата жена, Има. Додека најмоќниот и најстрашен шеф на наполската Комора е зад решетки, започнува безмислосна војна меѓу Циро и членовите на фамилијата за добивање власт над кланот, но исто така и за превласт над Системот во борбата со другите кланови, како опасниот Конте. Џени се враќа од Хондурас да го превземе фамилијарниот бизнис, но дали Циро ќе го дозволи тоа или е во прашање уште помоќна завера?
Интриги, акции и мафијашки игри на опасните улици на Неапол во возбудливата италијанска мафијашка сага - "Гомора".

Улоги : Marco D'Amore, Fortunato Cerlino, Maria Pia Calzone, Salvatore Esposito, Marco Palvetti, Cristina Donadio, Gianfranco Gallo
 
Последен пат уредено: