Grey's Anatomy|2005-

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


'Вовед во анатомија' е позната американска медицинска телевизиска драма. Дебитираше на телевизијата ABC на 27 март 2005, во терминот по Очајни домаќинки. Главниот лик во серијата е докторката Мередит Греј (Елен Помпео), која започнува да работи како стажист во болницата Сиетл Грејс во Сиетл, Вашингтон. Насловот на серијата е изведен од насловот на познатиот медицински прирачник Анатомија на човечкото тело (Grey's Anatomy). Во Македонија, Вовед во анатомија се емитува на А1 телевизија. Серијата досега два пати освоила „Златен глобус“, за најдобра серија и споредна улога, една „Еми“ награда за најдобра серија. Иако дејството на серијата се случува во Сиетл, сите ентериерни и екстериерни сцени се снимени во Калифорнија во болницата Кер центар.

Број на сезони: 9 (засега)
Број на епизоди: 196

Содржина:

Персоналот на клиниката во Сиетл го сочинуваат Мередит Греј, чија мајка била многу познат хируг, но поради Алцхајмеровата болест е сместена во санаториум, Кристина Јанг, Дерек, со прекар „Мистер Згоден“, Ричард Вебер, Престон Бурк, Џорџ О'Мали, Изабел „Изи“ Стивенс, Адисон жена на Дерек и Миранда Бејли, шефица на персоналот, која поради незгодниот карактер, брзо го стекнува прекарот Нацист. Сите ја имаат хирургијата како специјалност, а со тек на времето, меѓу нив се раѓаат љубовни врски од кои само мал дел ќе се покажат како успешни. Серијата започнува со средбата на Мередит и Дерек во кафе бар. Тие истата вечер завршуваат во кревет, без да знаат дека следното утро ќе се видат како колеги.​
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#2
7х10
Одлична епизода45464,Бејли беше феноменална со нејзиното „откритие“35455.Дерек се обидува да ја спаси Кристина,што ли ќе се случи со неа.Дали Теди навистина ќе се омажи?Марк и Лекси334545,Аризона се врати,но Кели...
Во исчекување на Јануарските продолженија:586438:
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#3
Јас сум до пола шеста сезона. Поплека ја стигам и седмата. Инаку серијата е ослабната во споредба со втора/трета сезона, но сепак е добра. Mercy West ми се закон... Само ќе кажам дека Кели и Аризона ми се одвратни. Не затоа што се заедно, туку посебно како ликови.

Кели уште од почеток ја мразев. Глумицата ич не знае да глуми а мисли дека е пресмешна... Бејли и Јанг од друга страна се врв! Изи и Џорџ многу ФАЛАТ! Особено Изи!
 

Rebellious angel

Глобален модератор
Мислења
696
Допаѓања
0
Поени
16
#4
Леле, да, Кели е ужасна, уште од почеток не ми се допаѓа. :) Инаку, јас си ја чекам сега шестата сезона на FOXlife, не ми се брза, не сум толку навлечена. :)
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #5
Седма сезона е одлична! :ehh:

Само ме нервира ликот на Кристина, западна во криза :off:
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Јас сега ја почнав дури шестата сезона. Ептен сум навлечен на серијата а почнав да ја гледам негде кон крајот на летото. Одлична е. Петата сезоан беше генијална, една од најдобрите. Изи и Карев омилени.
 

Крис

Администратор
Мислења
5,321
Допаѓања
2
Поени
38
#7
Мене Греј ми е омилена, порано и јас ја сакав Изи но сега повеќе Греј, нејзиниот лик ме релаксира, а и целата серија воопшто. Едни од најдобрите!
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#8
Има прекрасни ликови. Од Бејли до Кристина, до Џорџ, па сега овие од Мерси Вест (кој ги знае) Џексон (ми е најомилен лик од цела серија моментално), Ејприл (the virgin:haha:) и Рид (глумицата со кратката коса, која патем ја обожавам уште од Heroes)!

Изи и Џорџ ми се all-time favourite иако и двајцата забегаа во петтата сезона. Ама Кетрин Хајгл ми една од најубавите глумици и премила е така што... Сите се одлични. И пак ќе речам КЕЛИ е најглупав лик на сите времиња и најдосаден и глумицата си нема појма од глумење. Ерика Хан повеќе ја сакав...
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#9
Почнав со седма сезона денес изгледав 4, 5 и 6 епизода! Се обидувам да стигнам пред да почне вторито дел од сезонава иако Вовед се враќа токму денес! Така што можам одма да се надоврзам!

Серијата е деф. послаба и колку и да ги сакам Ејприл и Џексон не можат да се заменат со Џорџ и Изи (и како ликови а и како глумци се светлосни години понапред од новиве)!

Само седмава сезона со исклучок на првата епизода е на исто рамниште со шестата - неиновативно, досадно и повторливо! Кристина беше преинтересна со нејзината опседнатост со хирургијата а сега во криза е!?
 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Леле јас никако да ја почнам шеста. Ова Интернатов ме зарази до јаја:)
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#12
7x11

Одлична епизода:se poklonuva:: За момент се вратив на финалето на шестата сезона.
Кристина се врати:190950: Многу емоции,а посебно делот со студентите во дворот и химната:se poklonuva:: Многу ме интересира како ќе се одвива приказната на Теди со новиот сопруг:neznam:
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#13
LucasScott напиша:
Леле јас никако да ја почнам шеста. Ова Интернатов ме зарази до јаја:)
Кога ќе почнеш ќе се разочараш. Остај ја... најслаба сезона е дефинитивно...

Инаку јас стигнав до 9 епизода! Не ми се верува уште две-три епизоди и ќе гледам паралелно со САД! Откога се даваше кај нас го сакав тоа и сега кога конечно се исполни некако не ми се гледа. Седмава сезона е подобра од шестата, но сепак е слаба во споредба со не знам - втората? Како и да е продолжувам со гледање... :)
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#14
ГИ ОБОЖАВАМ!

Во ниту еден момент не ме разочара серијава,а новата епизода е одлична:jupi:
Старата Кристина,феноменалната Миранда,Мередит која секогаш е позитивна:se poklonuva::
Дали нешто повеќе ќе произлезе од приказната на Тери,јас мислам во тој правец се движи ова:neznam:
За крај сосема неочекувано нешто Кели е бремена од Марк?
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #15
MK_Fan напиша:
За крај сосема неочекувано нешто Кели е бремена од Марк?
И јас се изненадив од ова кога оваа и призна на Аризона.

Иначе и мене ми беше супер најновата епизода, со студентите, се изненадив кога всушност они ги оценувале докторите :haha: Алекс се извади :se poklonuva::
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#16
Оваа половина од сезонава е супер... :jupi: Кристина is back! :jupi::jupi: Кели и Аризона конечно не се знаедно. :jupi::jupi::jupi: И едноставно се поправија работите и Ејприл и Џексон пополека се адаптираа, но сепак не се достојна замена за Изи и Џорџ.

Ликот на Миранда го расипаа малку-малку повеќе. Од принципиелна жена со маж и дете стана изгубено девојче што спие со помлади од нејзе. :povraka::smrk: И колку и да беше изненадувачки тоа со Кели и Аризона - тоа е само доказ дека Шонда нема повеќе иновативност и наместо да прави шокови како во првите сезони (Изи и Дени, докторите на терен да спасуваат жртви од судир на траекти итн.) она најбитните случки на серијата ги сведува на сапунски елементи... :smrk:
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#17
Одлична нова епизода:jupi::jupi:
Вебер:What the hell is a Twitter?:haha::haha::haha:
Кели со бебето исто така беше интересно,а Кристина беше безмилосна оваа епизода:haha::se poklonuva::
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#18
Со нетрпение ја очекувам Музичката епизода на Грејс:jupi:
Се враќа Адисон,а се најавува и како една од најдобрите епизоди на серијата,па очекувам да го видам финалниот производ.

 

LucasScott

Глобален модератор
Мислења
8,011
Допаѓања
0
Поени
0
#19
Јас сум скоро пред крајот на шеста сезона и искрено мене оваа сезона ме замори. Крајно неиновативна и здодевна во секој поглед. Ми фалат оние епизоди кога радо седнував пред ТВ и пуштав Грејс, кога уживав во секоја сцена и реплика, кога зад секој кажан збор се криеше голема иронија или задкулисна шега.
Знам дека сериите во поодминати сезони се претвораат во нешто слично на ова, но вака гледано премногу сериозно и досадно ми дојде.
Искрено не знам каква е седма сезона а од ова сега не знам ни дали сакам да продолжам да гледам.
Затоа одвај чекам да ја почнам PP, полека си ги комплетирам епизодите на ДВД ќе биде маратонско гледање.:mhhh:
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #20
Мене седма ми е поинтересна од шеста, иако има некои досадни епизоди. И да, Private Practice е полоша од првите сезони на Grey's но дефинитивно светлосни години подобра од последниве две-три на Греј :)