Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Grey's Anatomy|2005-

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#41
Изгледана седма сезона. Далеку подобра од шестата која беше дно дна.
Сезона која ќе ја зпомнам по многуте емотивни моменти низ кои поминаа ликовите, нешта кои им помогнаа а се развијат и да добијат на јачина. Особено емотивна беше епизодата со операцијата и пораѓајот на Кали, а и бидејки самата епизода беше еден вид music event.
Покрај тоа сезоната ќе биде запомента по новиот пар со огромна хемија Лекси - Ејвори, секси излетите на д-рка Бејли, бракот на Аризона и Кали, лудилото на Кристина, созревањето на Алекс, алцхајмерот на Адел, новото бебе на Дерек и Меридит. Буквално сезона која беше крајно силна и убава за гледање. Чекам од септември подеднакво јака сезона. Браво Шонда Рајмс! :se poklonuva::
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#42
Ми требаат линкови за втора сезона, некој ако може да помогне?
 

Posh Girl

Нов Член
Мислења
233
Допаѓања
0
Поени
0
#43
Мала информација за фановите на доктор О Мајли на форумов. Актерот Т.Р. Најт и се враќа на својата телевизиска кариера со улога во Law and Order: SVU како негативец. Во ова гостување во серијата која за актерот ќе биде прво појавување во серија после Вовед во анатомија, тој ќе глуми сериски силувач.​
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#44
Posh Girl напиша:
Мала информација за фановите на доктор О Мајли на форумов.​
Зарем има такви кои го сакаат тоа одвратно нешто?! Најдоброто нешто што направи беше што замина од серијата.
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#45
Едно време ЛИКОТ (потенцирам) го сакав. Ама после трета сезона не можев да го сварам. А глумецот никогаш не сум го сакал!

Тој како сериски силувач! Ајде! Инаку пред неколку години убаво памтам исто така на Закон и ред глумеше осомничен... :off:

Патем за актер некогаш номиниран за Еми е доста ниско да гостува во една ваква серија... Ама он си знае, веројатно...
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#46
Oдвратен е, ја гнасеше преубавата екипа во Grey's Anatomy додека беше дел од нив. О Мајли како сериски силувач? Па тој не знае ни да си го измава...
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#47
Шонда Рајмс тврди дека осмата сезона нема да биде последна! Иако така се сметаше. Но Патрик Демси и Елен Помпео (Дерек и Мередит) уште одамна најавија дека не планираат да останат повеќе од една сезона.

НО, Патрик Демси пак сега тврди дека не сакал да звучи толку „дефинирачко“ и дека не мора да значи дека ќе му биде последна! Глупости!

Мене серијата ми е расипана и одамна не ја гледам, но можеби и нешто ново ќе излезе. Инаку вака беше со Очајни домаќинки - демек 9 сезона деф. ќе има а еве денес гледаме дека таа завршува следната година... :)
 

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #48
Значи од големите хитови од 2004 останаа уште House и Grey's Anatomy, иако мислам House годинава ќе му биде последна сезона, значи Мередит и компанијата ќе остнаат најдолго. :haha:
 

Maxime

Нов Член
Мислења
261
Допаѓања
0
Поени
0
#49
Bobi напиша:
Значи од големите хитови од 2004 останаа уште House и Grey's Anatomy, иако мислам House годинава ќе му биде последна сезона, значи Мередит и компанијата ќе остнаат најдолго. :haha:
Се извлекоа, а кога почнаа не беа хит како Домаќинките или Хаус, а после станаа...
 

Posh Girl

Нов Член
Мислења
233
Допаѓања
0
Поени
0
#51
Актерот Ерик Дејн конечно се појави откако замина на рехабилитација ова лето. Ѕвездата на серијата Вовед во Анатомија се пријави во центарот за рехабилитација во средината на Јуни поради зависност од пилули против болки. Тој изгледаше среќно, здраво и задоволно затоа што повторно беше во друштво на неговата ќерка Били Пајпер со која заедно шетаа во парк во Лос Анџелес. Ерик и неговата сопруга моментално го очекуваат нивното второ дете.​


 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#52
Конечно нова сезона :uzivkanje:

Одлични две епизоди, доста добри моменти :se poklonuva::

На крај Вебер ја спаси Мередит и таа ја задржа работата, а Дерек и понатаму се однесува лошо спрема неа.

Овен за разлика остана со Кристина до крај и покрај тоа што таа одлучи да го направи.
Април не може да се снајде како шеф, за разлика од Џексон кој се покажа како добар Gunther

Теди и Хенри како и триото Кели, Аризона, Марк се дота симпатични

Одличен момент беше кога Кристина и Алекс и помогнаа на Мередит откако таа ја однесе Зола, но сепак на крај го земаа бебето. Тоа беше навистина емотивна ситуација.
 
Мислења
119
Допаѓања
0
Поени
16
#53
Хмммм..... Може некако ова со спојлер да го регулираме...:) барем првите 3-4 дена одкако серијата е емитувана.....
 

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#54
Регулирано, се надевам следниот пат МК Фан самиот ќе го стори тоа.
 
Мислења
119
Допаѓања
0
Поени
16
#55
Многу слаб почеток на сезоната, сепак ова е една од сериите кои иако се веќе многу време на ТВ екраните сепак сеуште ги гледам и ке ги гледам до крај.

Мер и Дерек се повторно скараа, Шефот се жртвува за Мер, Кристина и Овен се скарани - работи кои што се имаат случено мал милиот пати.
Интересна е Ејприл како се снаоѓа во новата улога, и ми се допаѓа што Бејли му се налути на шефот за преземањето на одговорноста(барем таа остана реална).

Со остатокот од екипата ништо интересно, некои позадински приказни кои што не ми го привлекоа вниманието. Серијата има потреба од некоја свежа приказна или најдобро би била оваа сезона да биде последна.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#56
И мене ми беа многу слаби првиве две епизоди. Се надевам на многу подобро сценарио веќе од оваа недела.
 

Taki252

Активен Член
Мислења
2,634
Допаѓања
0
Поени
36
#57
И оваа сезона многу ми се допаѓа, глумата е повторно на она препознатливо солидно ниво. Единствено нешто што не сакам е што главните ликови се скарани :(.
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#58
8х03 (спојлери)

Сезоната продолжува одлично, оваа епизода беше подобра од премиерата :uzivkanje:

Овен и покрај тоа што ја поддржа во нејзината одлука, сепак односите меѓу нив се напнати. Моментот кога се затруа од кинеска храна :haha: :haha:

Феноменален беше делот со операциите на четворката. Делот со Кристина и Теди кога заборавија основна операција, а сестрата им помогна :hehe:

Дерек: I know you took her to protect her. I know you altered the trial for Adele and Richard. You stood in front of a bullet for me. I know why you do all of it. It's what I love about you.
Meredith: And hate about me. :se poklonuva::
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#59
8x09 Dark was the night

Уште една спектакуларна епизода каква може да смисли само Шонда Р. Секоја секунда од епизодата бев тотално на штрек, плашејки се од најлошото кое за жал дојде.
Не читајте, спојлери.

Цело време стравував дека Хенри ќе умре, и умре. Која незаборавна сцена кога по операцијата на Кристина и кажуваат дека всушност умрел Хенри. Морници ме полазија. Која глума.

Делот кога Овен требаше да и каже на Теди дека умрел Хенри а таа му вели дека тој се спрема за факултет, крајно емоционално.

Одличен клифхенгер на крајот. Кој ќе чека до јануари нова епизода?! :(
 
Мислења
591
Допаѓања
0
Поени
16
#60
Да тоа беше фантастична епизода, како од најдобрите денови. Во целост сезоната е одлична и се надевам ќе продолжат така.