Hombres de Honor, Pol-Ka|2005

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,693
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


"Машка чест" е аргентинска политичка драма од продукцијата на Пол-ка која кај нас се прикажуваше во утринскиот термин на најгледаната А1 Телевизија. Серијата е продуцирана од Paula Granica, Carlos Marquez и Jorge Bechara, а се одликува со неверојатна глума, одлични актерски имиња и неверојатни заплети и расплети.
Напишана е од Marcela Guerty и Marcos Carnevale - авторите на мегапопуларната "Отец Корахе" од каде што некои актери се појавуваат и тука. Во центарот на приказната се наоѓаат две мафијашки фамилии и токму мафијата и сите настани поврзани со тој темен свет на убиства, криминал и предавства се темата на оваа посебна и интересна новела.


Hombres de Honor - Машка чест
Број на епизоди: 152

Содржина:
Убиваат заради предавство. Прават бизниси од амбиција. За љубовта се спремни на се. Тоа се двете фамилии – Онорато и Патерностра кои ги заложуваат животите на чесноста.
Дејството се одвива во бурниот Буенос Аирес во 40-те години од 20ти век. Помеѓу политичките и економските бури, семејствата се поврзани со коцкањето, проституацијата и криумчарењето и меѓу нив постои големо ривалство кое е причина за сите лоши работи кои се резултат на таа омраза и желба за одмазда. Нивните првородени деца Лука Онорато и Марија Патер Ностра се вљубени веќе долго време. Силното чувство, кое ги поврзува, згаснува кога Лука е обвинет за неправда, дека го убил чичко и на Марија и затоа е пратен во затвор, а Марија, макар што секогаш го сметала за невин се прашува дали да стави крај на таа љубов. Доаѓа моментот кога Лука повторно е на слобода. Но, тие пет години кои што ги поминал во затвор послужиле нивната љубов да згасне за момент. Нејзиниот татко - моќниот мафијаш дон Карло ја принудува Марија да се сврши за Силвио – неговата десна рака, но љубовта на Марија кон Лука е онаа вистинската која и по толку години не умрела. Марија не смее да му се спротистави на нејзиниот татко кој ја тера да се омажи за идниот сопруг и дозволува татко и да ја решава нејзината судбина.
Откако Лука ќе излезе од затвор, Карло Патер Ностра дознава дека убиецот на брат му не е Лука, туку Лоренсо Онорато - главата на фамилијата Онорато и татко на Лука. Затоа Карло наредува да се убие дон Лоренсо Онорато и со тоа соперништвото меѓу двете фамилии кулминира во голема војна. Заедно со мајка си и браќата, Лука формира мафија Онорато, која ќе војува безмилосно против својот непријател - фамилијата Патерностра. Од страната на Онорато во таа војна се вклучени вдовицата Алберта Онорато, сегашен шеф на фамилијата заедно со нејзините синови и пријатели. Од другата страна се наоѓа дон Карло Патерностра, шеф на другата фамилија, кој има две деца од првиот брак (Марија и Сиро), а сега се жени со младата и опасна Моника која доаѓа да живее во неговата куќа заедно со нејзината злобна и амбициозна мајка Кармела. Во таа горчлива и крвава борба за пари, власт и чест, Лука и Марија се осудени да живеат преку ѕид на вековна омраза и забранети страсти, каде безбројните заплети кои мораат да бидат совладани, ќе ја зацврстат нивната вистинска љубов, изгасната пред неколку години.​
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#2
Имало тема за серијава :jupi::jupi::jupi::jupi::jupi:
Дефинитивно омилена аргентинска теленовела. Не ми се верува колку уживав во секоја епизода и од тогаш се нема погодено серија која толку многу ќе ја сакам како што беше оваа. Стварно се прашувам дали постои серија која ќе ме воодушеви толку многу како оваа и ако постои дали некогаш ќе видам на некоја телевизија таква серија.
Како прво, термините беа катастрофа. Ваква серија во 9 сабајле со реприза некаде кај 12 :off: Без разлика, од прва епизода до последна ми беше извонредна, без ниедна досадна епизода и досадни случки. Сплетки колку сакаш, тајни, помешани деца, крадења и згора на тоа теми кои ги немам видено во друга серија. Лука, Марија, Анхела, Роко, Пио, Алберта, Данило, Сиро :)
Карло, Моника и Кармела ми беа омилени ликови. :haha: Карло и Моника се сменија многу од почетокот, таа стана психопатка, он стана подобар. Единствено знаеше да нервира Ева (Зампини).

Уште еднаш, предобра серија :se poklonuva::
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#3
Сега гледав клипови на youtube да се потсетам на серијата. Дефинитивно МОЈА НАЈОМИЛЕНА ТЕЛЕНОВЕЛА, по Љубовни врски, не делуваше воопшто скапо што е случај со многу аргентински серии, но содржински е ненадминлива. Она што се случува во Vidas robadas во цела серија овде се случуваше во 5-10 епизоди.
Семејна возбудлива серија со милион сплетки и со елементи на хумор :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva::
Навистина сакам да видам друга серија од Полка. :(


Кое е вашето мислење за неа, знам само дека Боби ја следеше и уште една членка од стариот форум.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#4
Навистина одлична аргентинска драма иако ја гледав само првите месец-два потоа заради обврски се поретко. Мене лично повеќе ми се допаѓаат драми како Resistire, Montecristo, Padre Coraje, Botineras итн но и оваа не е за потценување. За оваа некако нелогично ми беше термин во 9 сабајле бидејќи имаше доста тешка содржина, па дури и наликуваше на прајм-тајм серија. Од друга страна пак морам да ги пофалам А1 што со оваа серија и Серанови успеа да ме задржи пред екран во овој термин после мнооогу години бидејќи пред овие две серии даваа неквалитетни телевисини, венецуелски и перуански срања. Порано во овој термин единствено редовно ги гледав Качора, Скриени страсти и Научи ме да сакам и тоа со големо задоволство ги гледав.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#5
Оваа и Серанови не требаа толку рано да ги даваат, за овие две посебно згрешија. Знам само дека баба ми после секоја епизода пиеше лексилиум :hehe:
 

Dexter26

Активен Член
Мислења
3,754
Допаѓања
19
Поени
38
#6
Beauty напиша:
Оваа и Серанови не требаа толку рано да ги даваат, за овие две посебно згрешија.
Потпис!

Никогаш нема да им простам на А1 затоа што ја емитуваа серијата толку рано, прекрасна серија беше, прв пат ја видов во Хрватска кога не носеа на семинар преку факултетот во 2006 или 2007, не помнам точно и 5 дена додека престојувавме во хотелот, се спремаат кои за на журка, кои за на базен вечерта, јас си дремев на рецепција и ги дружев рецепционерите гледајќи ја серијата, можев во собата да ја гледам серијата, но досадно ми беше да ја гледам сам, цимерот мој фати џаде кај неговиот братучед кој живее во градот, па така јас ги дружев рецепционерите, а потоа на билијард бидејќи веќе предоцна беше и за на журка и за на базен.

Е така јас ги поминав тие 5 дена во Хрватска. :haha:

Габриел Корадо, харизматичен, како во Luna Salvaje, така и во Hombres de Honor.

Ми недостига Карина Зампини :plac: , ќе им текне ли некогаш на нашиве телевизии да откупат некоја теленовела со нејзе ?

Оваа година треба да глуми главна улога во Dulce Amor, теленовела фикција на Телефе, дај Боже да им текне на нашинциве да ја откупат и да ја емитуваат. :semolam:
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#7
Карина Зампини ми беше најдобра во Богати и славни. Luna salvaje не ја гледав иако и Габрил и Карина глумеа таму, во оваа серија ме нервираше нејзиниот лик, а за во Профа немам коментар затоа што тоа ми е најлошата аргентинска серија.

Овде ми стана драг нејзиниот лик Ева дури при крајот кога беше војната.
 

Dexter26

Активен Член
Мислења
3,754
Допаѓања
19
Поени
38
#8
Beauty напиша:
Карина Зампини ми беше најдобра во Богати и славни. Luna salvaje не ја гледав иако и Габрил и Карина глумеа таму, во оваа серија ме нервираше нејзиниот лик, а за во Профа немам коментар затоа што тоа ми е најлошата аргентинска серија.

Овде ми стана драг нејзиниот лик Ева дури при крајот кога беше војната.
Потпис!

Профа ама ич не ми се допадна.

Леле, каква беше во Богати и славни како Карла Лусеро.

Уште од самиот почеток кога ја претставуваат како буквално ја искасапува таа затвореничката и вели "Јас сум Карла Лусеро" ја засакав, еден од моите омилени негативци, па после кога ја киднапираше Валерија (Наталија Ореиро), па ја заебаваше, убаини, прекрасно си го одигра ликот, затоа ја обожавам, и како главна улога ми се допаѓа, но кога глуми негативец ја обожавам, оригинално е лукава, и нема рамен.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#9
Ја има ли некаде серијата со превод на англиски или на некој јазик близок на македонскиот ?
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
498
Допаѓања
264
Поени
63
#10
Нешто слично и јас питав на ЕМДТ. Јас ништо не најдов, ниту ни на руски.

Ја имам во план за реприза, единствено таа и Celebridade од моите омилени сапуни сакам да ги репризирам.

И да видим фамозната Ricos y famosos, таа ми делува како Украден на аргентински начин. Ама и таа си има толку со руска синхронизација.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#11
Јас Celebridade никако да ја најдам со превод откако ја блокираа на YouTube. Ти може си налетал ? Оваа сакам да ја гледам и Celebridade бидејќи имаат најдобри критики.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
498
Допаѓања
264
Поени
63
#12
Не, најдов нешто со превод, ама голем дел од епизоди се без превод.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#13
Hombres de honor, Celebridade и Ricos y famosos се во моите топ 5 теленовели. Неповторливи серии со кои плачев, се нервирав, се смеев, живеев.
 
Допаѓања: TVman

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#14
Верувам :) Во поново време ретко таква некоја, на нас помладите (барем на мене) од теленовели таква серија ми беше Совршена, а од турските Лисјата и Украден се вон секоја конкуренција.

Сакам да ги гледам и овие, а ете ги нема со превод. А, без превод нема шанси бидејќи преку сила 10 теленовели имам изгледано. И тоа некои не ми се и до крај изгледани затоа што во последно време не се прават добри теленовели кои би ми легнале и со кои би уживал. Ете можеби VAV е таква, можеби на лето ќе ја ѕирнам, ама секако ја имам во вид.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#15
Не би рамнела Hombres de honor, Ricos y famosos, Lazos de amor, Celebridade, О Clone, Terra nostra, Pueblo chico inferno grande .... и ред други со ниедна турска серија.
Тоа се врвни новели, кои оставиле белег во одреден дел од мојот живот и кои ни на сон не би ги споредила со било која друга серија, а не па со турска.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,777
Допаѓања
187
Поени
63
#16
Мислам за во поново време :) Е да и O Clone ја има во ЕМДТ мултимедијата, така да и нејзе планирам да ја гледам кога малку ќе сум порастеретен со серии.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#17
Ма ни со поново ни со постаро време, не би рамнела вакви серии со турски сапуни. Никако, фуј! Дури ни со Украден пред која се светлосни години понапред овие.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
498
Допаѓања
264
Поени
63
#18
Неповторливи серии со кои плачев, се нервирав, се смеев, живеев.
Така беше и мене со Украден, единствена турска серија која ми е рамо до рамо со најдобрите латино сапуни. Таа, Гран ресерва, Славни, Машка чест, Скриени страсти, Вдовицата на Бланко се според мене серии како Бразилците викаат novelao epico. Во тие серии се беше моќно, атмосфера, музика, ликовите, дејство, ама се'! Неповторливи серии.

Видов малку од Богати и славни, таа ми делува дека е серија во тој стил.
Со оваа сцена серијава ми стана поинтригантна :406389:

 

Beauty

Администратор
Мислења
16,381
Допаѓања
1,255
Поени
113
#19
Која Скриени страсти, од Телевиса или Телемундо? И двете легендарни, точно, но пре би за аргентинските драми. Богати и славни беше прекрасна, интригантна како ретко која друга, исто и Јаго која беше нијанса послаба. Да не ги заборавам и фемили комедиите како Дивиот ангел, Качора, Антонела, Ангели, Топ модели.... ма совршени серии.
RyF беше посапунска од HdH, но и двете ми се подеднакво драги и сакани.
 

Steff

Добро-Познат Член
Мислења
498
Допаѓања
264
Поени
63
#20
Ма од Телемундо, не ми легна таа од Телевиса.

Аргентински воопшто не сакам, единствено Hombres de honor и Padre Coraje ми беа врвни.
А поради тоа што Ricos y famosos е посапунска ми делува дека би ја гледал со душа. :406389: