Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Império, Rede Globo|2014/15

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


ИМПЕРИЈА
Од креаторот Агиналдо Силва ('Porto dos Milagres', 'Senhora do Destino', 'Duas Caras')

Старт на емитување: 21 јули 2014
Завршеток:
(национална верзија), (интернационална верзија)

Кратка содржина:

Приказната започнува во 1989. Жозе Алфредо де Мадеирос е момче кој е лудо заљубен во својата јатрва, Елиане, која е постара од него и венчана за неговиот брат, Евалдо. Тие тројца живеает во иста куќа. Кога Евалдо дознава за врската помеѓу Жозе Алфредо и Елиане, двајцата љубовници за да ги избегнат проблемите одлучуваат да побегнат од Рио де Жанеиро. Нивните планови ги спречува Кора, сестрата на Елиане, која успева да ги раздвои, па така тој го напушта градот. Сам, Жозе Алфредо заминува во непознат правец. На тој пат го среќава Себастиао, кој го наговара да му се придружи во потрагата за благородниот камен и го носи во Швајцарија. Таму Жозе Алфредо ја запознава Марија Марта, девојка која поттекнува од угледна фамилија и со која се жени за да може се доближи до високото друштво. Но, тоа не е доволно. За да се пробие до пазарот на благородниот камен, се зближува и со Марија Жоакина, бизнисменка која е на чело на една португалска фирма. Таа ќе го вовлече во шверц со дијамантот, за побрзо до дојде до посакуваните пари. На патот на амбициите, при остварување на својата империја, Жозе Алфредо ќе биде спремен и да убие.

Годините минуваат, Жозе Алфредо сега е веќе разведен од Марија Марта. Нејзината единствена цел е животот на поранешниот маж да му го претвори во пекол. Поради тоа таа сака да ги вработи своите три деца во Жоаљеро Империо, фирмата која Жозе Алфредо ја основал и со чија помош станал милионер. Одмаздничкиот план е со помош на децата да ги пренасочи парите на својот поранешен маж и да му ја доведе фирмата во стечај. Трите деца на разведениот пар се вообразената Марија Клара, амбициозниот Жозе Педро и разгалениот Жоао Лукас. И додека Марија Марта ја спрема својата одмазда, Жозе Алфредо е посветен на објавувањето на својата енциклопедија ширум светот, и состаноците со својата љубовница Марија Исис, нимфоманка од внатрешноста чиј сон е да стане модел. Меѓутоа, нејзината врска со постар маж е всушност “проект“, кој е испланиран од нејзината фамилија за да дојде до парите на Жозе Алфредо.

Империјата на Жозе Алфредо започнува да се руши кога розовиот дијамант од Јужна Африка, симбол на статус и моќ, исчезнува од планината Рораима. Во својата таинствена мисија, Жозе Алфредо верува дека ќе пребара се за да го пронајде својот благороден камен и да се ослободи од лажниот сјај кој останал на неговото место. Ситуацијата станува уште понапната, кога Кора, сестрата на неговата поранешна љубовница повторно влегува во неговиот живот и му открива дека со Елиане има вонбрачна ќерка, Кристина.

( Жозе Алфредо - Александре Неро )



( Марија Марта - Лилиа Кабрал )



( Марија Клара - Андреиа Хорта )



( Жозе Педро - Каио Блат )



( Елиане - Малу Гали )



( Кристина - Леандра Леал )

 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#2
Re: Império, Rede Globo|2014

Името на теленовелата е IMPÉRIO и започнува со емитување недела дена по завршувањето на Светското Првенство
Од снимањата:

Предлог за насловната нумера: :hehe:
https://www.youtube.com/watch?v=ofB4nvQvZPI
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#3
Re: Falso Brilhante, Rede Globo|2014

Двајцава главни беа најлоша карика во Фаворита.
 

DarkAngel

Активен Член
Мислења
2,862
Допаѓања
0
Поени
36
#4
Re: Império, Rede Globo|2014

Во таа серија сите споредни ликови беа промашај.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #8
Соршена е абертурата и нумерата! Иако новелата само по себе воопшто не ме влече.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Новелата бележи најнизок рејтинг во историјата на Реде Глобо за вечерниот термин. Поради тоа, направен е гаф како другите продуценти и автори кои имаа претходно новели во тој термин го закопуваат Агиналдо Силва, авторот на Империја. :)

 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #10
Многу случајно најдов линкови од новелата и се закачив не очекувајки нешто wow. Не ни добив нешто wow (не, ова не е Авенида Бразил, ниту сличните циркуси на Карнеиро), ова е една динамична приказна која и те како те влече да ја гледаш епизода за епизода бидејки потестува на добар роман на Шелдон кој не сакаш да го оставиш.

Веќе трет ден сум навлечен на Царство и изгледав 10 епизоди. :pie kafe:

Првите пет епизоди кога дејствието е во минатото се како филм. И она што изненадува е малиот број на ликови. Нема непотребни ликови од фавели кои ја тупат приказната што е одлично за гледање.

Кора е дефинитивно најаката страна на серијата. Дрика Мораес и те како покажува заби (штета што поради здравствени причини е променета понатака). Во седмата епизода, на смртната посетла на својата сестра и се издерува дека е проста и несмасна откако ќе биде изнервирана бидејки Елијане не сака да и каже на својата ќерка Кристина дека има татко магнат.
Потоа решава да го иземитира ракописот на сестра си и ќе напише писмо во кое кажува чија ќерка е всушност Крситина. Брилијантна Дрика - брилијантна! :se poklonuva::

Продолжувам да гледам.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #11
Новелата навистина има некој шмек, единствена замрека ми е преспорото дејствие. Не можам да речам дека се се врти во круг, но приказните се некако преспори.
Ликот на Кора е навистина најсветлата точка. Дрика Мораес го краде шоуто со својата навидум обична појава, а маестрална глума на негативка.
Зе Алфредо е пресмешен со неговата педантерија и потреба сите кревети насекаде и секогаш да бидат наместени.
Во меѓувреме, Марија Марта ја труе својата фамилја по сознанието дека Кристина е ќерка на Зе Алфредо.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #12
Изгледано до 62 епизода, предобро! :pie kafe:

Нема циркуси, нема шокантни пресврти, но некако новелата тече во еден позитивен правец.

Кристина и Висенте ми се омилени ликови, како и Марија Исис. Марина Барбоса просто зрачи и сигурен сум дека е новата голема надеж на Глобо!

Maрија Марта си најде љубовник. :okokoren: Интересни беa епизодите кога замина во Моравија по тајниот дијамант и наиде на Маурисио, синот на Себастиао. Сцената кога она со Маурисио е во ресторан а истовремено таму се Жосе Алфредо и Исис е предобра.

Од друга страна ликовите на Клаудио и Теодоро како гејови се пресменши. Особено Пауло Бети со тој искарикиран феминизиран глас. :406389: Жосе Мајер е ист како секаде, геј или стрејт тој си е таков, уштиркан.

Бидејки ги гледам епзиодите кои одат на чиеланската Canal 13 стигнав до онаму каде што се и они, што значи од сега ќе морам да гледам епизода за епизода, ден со ден како чилеанците.

Во меѓувреме, Imperio е номинирана за најдобра теленовела за престижните Emmy International Awards. Потсетување дека претходните ве години, наградите заминаа кај Lado a Lado и Joia Rara.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,845
Допаѓања
582
Поени
113
#13
Штом велиш дека е добра,зошто била со лош рејтинг таму во Бразил,или Бразилците се со специфичен вкус?

Мислам дека оваа можеме да ја очекуваме на ХРТ,со оглед на тоа што таму одеа оние кои се номинирани за најдобри теленовели,одеше Lado a lado,а сега оди и Joia rara.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #14
Рејтингот беше лош на почетокот, но од половина значително се подобри. На крајот средишниот беше 31. Што е многу подобро од A Regra da jogo и Babilonia.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#15
TVman напиша:
Мислам дека оваа можеме да ја очекуваме на ХРТ,со оглед на тоа што таму одеа оние кои се номинирани за најдобри теленовели,одеше Lado a lado,а сега оди и Joia rara.
Која сака нека е, само да е бразилска.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #17
До 75 епизода. :uzivkanje:

Продолжува со истото темпо. Без многу интриги, но со голема доза на драма и тензија.

Неочекуван пресврт ми беше дека Висенте ја остави Кристина за да биде со Марија Клара. Сега двете ќерки на Зе Алфредо се борат и за ист маж и за престиж во компанијата на својот татко. Марија Клара одбива да ја прифати Кристина во компанијата.

Сознанието дека Кора е девица ми беше врв. :haha: Али добар е моментот што тоа и го внеле во ликот поради тоа што е одлично објаснуање за нејзиниот карактер и огорченост кон луѓето.

Исис е кукла. 334545 Иако некако нејзината приказна ми е статична, сепак Марина Руј Барбоса е одлична млада актерка и среќен сум што и дале шанса да биде протагонистка во новата новела покрај Фабио Асунсао.

Приказните на ликови како Жужу, Жана, Домингос и сличните побрес до фавела ми се тотално непотребни и не знм зошто не ги исфрлиле од инт. верзија.

:pie kafe:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#18
Изгледа ова иде место Перла на ХРТ.
Каква е, кој тип на бразилска?
Мене не ми прави мерак некако.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #19
Многу спора. Мене ми беше интересна до кај 80 епизода но ја баталив. Има интересни случки, иако.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
#20
Ова било страшно досадно, по коментарите на баба ми. Сега последните недели станало интересно, инаку околу 120 епизоди а може и повеќе ништо не се случувало.
 
Допаѓања: Steff