Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

La Nina de mis ojos, RCTV|2001

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЗАСЕКОГАШ ТВОЈА
Број на епизоди: 130

"Засекогаш твоја" е венецуелска теленовела со Симон Престана и Лилибет Мориљо во главните улоги која своевремено се прикажуваше маратонски со по неколку епизоди дневно на некогашната ТВ4, а потоа и на сите локални телевизии. Насловната песна "Con ella" ја исполнува Кристијан Кастро.

Содржина:
Марија де ла Луз и Естебан Оливарес како млади биле вљубени еден во друг, меѓутоа една сообраќајна несреќа ги разделува. Естебан го губи сеќавањето, а неговата мајка Росаура која не ја сака идната снаа затоа што е од понижувачка пониска класа, го носи синот во таква состојба во Соединетите Американски Држави каде Естебан ги завршува студиите по инженерство. Естебан е интелегентен и харизматичен човек кој е осуден да не биде среќен затоа што ја загубил меморијата, а со тоа и делови од сопствениот живот и минато. Од друга страна, Марија де ла Луз е чесна, емотивна и великодушна жена, која по несреќата е убедена од Росаура дека Естебан ја напуштил. Таа останува бремена, го раѓа синот Себастијан и неколку години се грижи за него како самохрана мајка. Таа ја има подршката од пријателот Алехандро Рондон, кој е вљубен во Марија де ла Луз и затоа и нуди брак, а воедно и Себастијан го обожува идниот татко Алехандро со кој заедно игра безбол.
На денот на венчавката на Алехандро и Марија де ла Луз, во црквата се венча и друг пар. Се работи за венчавката на Естебан со богатата и разгалена Исабел Диаз Антони. Естебан не се сеќава на Марија де ла Луз што уште повеќе ја разочарува Марија кога ќе го види. Естебан не знае ни дека има син, затоа што е воден последните години од лаги од неговата мајка Росаура. Естебан се сеќава само на очите на една девојка од неговото минато, но не знае која е таа. По венчавките, поминува време и Естебан сфаќа дека се вљубува во Марија де ла Луз, не можејќи да претпостави дека таа е девојката од неговото минато. Постепено започнуваат сплетки, откривање на скриената вистина и лагите од минатото... Естебан си ја враќа меморијата, решен е да се бори за својата сакана Марија и синот. Но, меѓу нивната љубов и таквото остварување на идилата, застануваат многу луќе... Тука се пред се сопругата на Естебан - Исабел, сопругот на Марија - Алехандро, мајката на Естебан - Росаура.
Но нивен главен непријател е главната негативка во серијата - Камила Оливарес, роднина на Естебан. Најголема нејзина цел е Естебан да не го добие наследството од доња Консуело Оливарес, бабата на Камила и Естебан. Затоа ќе прави сплетки за да го задржи тоа наследтво и да се ослободи од сите луѓе кои се поставуваат на тој пат. Меѓу нив се и Естебан, Росаура, Марија де ла Луз, бабата Консуело... Бескруполозната и опасна Камила почнува да ги убива сите свои потенцијални непријатели и ќе прави злосторства до самиот крај... Тешка ќе биде борбата за љубовта која ќе ја водат Естебан и Марија де ла Луз, затоа што сфаќаат дека борбата не ја водат против човек, туку против Камила, која е олицетворение на вистински ѓавол.

Улоги: Лилибет Мориљо, Симон Пестана, Наталија Штрајгнард, Хуан Пабло Раба, Росалинда Сертафи, Маркос Кампос, Иван Тамајо, Викторија Робертс​
 
Последен пат уредено:

Крис

Администратор
Мислења
5,319
Допаѓања
2
Поени
38
#2
Преубава песна имаше серијава, не ја гледав, но ужасно ме потсетува на нешто убаво, сигурно во таков период се емитувала.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
Автор на оваа тема #3
Јас ја гледав и ми е една од најинтересните венецуелски серии. Имаше нешто што потсетува на постарите венецуелски, ама беше и забавна како поновите.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#4
И оваа не ја гледав цела само по некоја епизода од време на време. Сигурно сите така што ги имам гледано во непогоден термин ги давале кога не сум можела ни епизода, ни реприза да зачекам на телевизија. Ја знам содржината во главно и ми се допаѓа