La ronca de oro, Caracol|2014

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
16,055
Допаѓања
925
Поени
113
Автор на оваа тема #1


ЗЛАТЕН ГЛАС
Број на епизоди : 62

Содржина :
50тите години на минатиот век, време на полова дискриминација, време каде жените биле предодредени да имаат повеќе обврски отколку права, а улогите на мајки, сопруги и домаќинки биле над сѐ останато. И во една таква ера, се запознаваме со приказната за Еленита Варгас, млада девојка која мечтае за слобода и права. Таа сонува да стане позната пејачка, а музиката е она што го исполнува нејзиното срце и ја разнежнува душата на оние кои ја слушаат. Нејзините најголеми копнежи и задоволства ги доживува токму преку пеењето, со што сака да ги погази сите предрасуди и препреки кои постојат за жените во тоа општество. Нејзината мајка, конзервативната Хулија е против тоа Еленита да стане пејачка, па затоа ќе ја казнува и ќе ја испрати во интернат. Но, гласот за слобода е посилен од било што друго. Од интернатот, Херман, пријател на нејзиното семејство, ѝ помага да избега и ѝ нуди шанса да стане пејачка, но она што нашата хероина не го знае е дека пеколот со Херман допрва започнува. Патот до успехот е тежок, а борбата против слепата љубов уште потешка.
Еленита станува позната пејачка и се изградува како личност, свесна дека популарната музика не познава родови и граници, не познава класи и разлики, а токму на тој пат, таа ќе биде водена од својот глас. Од златниот глас на телото и умот.

Улоги : Majida Issa, Ana María Estupiñán, Diego Cadavid, Leonardo Acosta, Laura Garcia, Luis Fernando Montoya, Greeicy Rendón
 
Последен пат уредено:
Допаѓања: TVman

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,549
Допаѓања
136
Поени
63
#3
Јас ја имам во план, па во блиска иднина ќе ја гледам.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,055
Допаѓања
925
Поени
113
Автор на оваа тема #4
Фала богу нешто добро. Задоволна од првата епизода - автентичен амбиент на Колумбија во педесетите. Конзервативна средина, конзервативна фамилија од една страна и Еленита која сака да стане пејачка, што е неприфатливо за таа средина. И тоа пејачка на селска (народна, ранчерска) музика што за мајка и и татко и е уште полошо.
Темата е интересна, и вакви приказни дефинитивно колумбиските продукции знаат да ги доловат со нивниот специфичен амбиент, прилично грди глумци но одлични професионалци.

:bravobravo:
 
Последен пат уредено:

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,549
Допаѓања
136
Поени
63
#7
Серијата ја поставуваат на Со превод и на каналот на najubav од форумот на ok.ru. Јас таму ќе ја гледам кога ќе си дојде на ред.
 

Beauty

Администратор
Мислења
16,055
Допаѓања
925
Поени
113
Автор на оваа тема #8
Серијата ја поставуваат на Со превод и на каналот на najubav од форумот на ok.ru. Јас таму ќе ја гледам кога ќе си дојде на ред.
А сега што гледаш, прашањето ми е сега зошто не ја почнуваш?

Инаку на баба ми не и се допаѓа, вели дека навикнала на турски и бразилски продукции, и овие мексикански колумбиски и биле очајни.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,549
Допаѓања
136
Поени
63
#9
Па не наоѓам време. Гледам 3 серии и плус ред други обврски со школо.

Со Intikam сум при крај, за 2-3 недели ја завршувам. Место неа ќе одлучам што ќе гледам, или Ronca или A.S.K. На другите серии не им се гледа крај во скоро време.
 

Blagojche

Активен Член
Мислења
3,503
Допаѓања
17
Поени
38
#10
Овој адвокатот, Херман има задни цели со Еленита или мене така ми се чини?
 

Blagojche

Активен Член
Мислења
3,503
Допаѓања
17
Поени
38
#11
:se poklonuva:::se poklonuva:::se poklonuva::

Не знам кој од вас ја следеше новелава ама... Денес заврши на Визија, какво ремек дело!!! Одамна не сум гледал волку добра новела (можеби Љубовници од RCTV?!) и тоа добра од секој аспект! Кој професионализам, од глума до продукција! Прекрасна вистинска строија, одлична актерска екипа особено возраснатата Еленита! Жената едноставно грмеше на екранот! Која глума, кој став и стас, да гледаш и да не веруваш дека глуми, толку природно и реално ја изнесе улогата, секоја ѝ чест!!! Речиси целата актерска екипа беше и тоа како професионална, никој од ликовите не ме нервираше со глума и слично, сите беа врв! Песните!! Лудила!! Во аспект од пеење подобра беше возрасната Елена, и тоа премногу! Какви беше само епизодата кога умира мажот ѝ на Елена, докторот!! Плачев ненормално, цела епизода, ми пресушија очите!! Со сласт ја гледавме и јас и мајка ми па дури и тетка ми!! Предобра!! Последната епизода исто беше врв! Мислев дека Еленита ќе ја изгуби борбата со животот, но како и секогаш, храбра и воена го победи и тоа! Толку! :):ehh::ehh::uzivkanje::uzivkanje::pie kafe::pie kafe:
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
4,549
Допаѓања
136
Поени
63
#12
Јас ја планирав периодов да ја почнам, ама штом ќе почне Реј ќе ја гледам понатака.