Lethal weapon, 2016-2019

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
16,789
Допаѓања
1,677
Поени
113
Автор на оваа тема #1


СМРТОНОСНО ОРУЖЈЕ
Број на епизоди : 53

“Смртоносно оружје” e амерканска полициска серија на Фокс, снимена на база на истоимениот филмски серијал во кој глумеа фантастичните Мел Гибсон и Дени Главер. Во новата серија ќе се спојат акцијата и драмата со безусловното пријателство и хуморот. Процедурал кој ги прати секојдневните акции на детективското дуо кои се во постојана борба со криминалот на улиците на модерниот Лос Анџелес. Роџер, по инфарктот се враќа на работа со препорака од докторот – нивото на стрес да го доведе до минимум. Тоа нема да биде така едноставно со оглед дека во тимот му се приклучува и новиот партнер, Мартин, кој во ЛА бара нов почеток, откако во Тексас му се убиени сопругата и нероденото дете. Згоди и незгоди на двајцата остроумни детективи во градот на филмската индустрија, криминалот и шоу бизот.

Улоги : Damon Wayans, Clayne Crawford, Jordana Brewster, Keesha Sharp, Kevin Rahm
 
Последен пат уредено: