Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Llovizna, RCTV|1997

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
Автор на оваа тема #1


Љ О В И С Н А
Број на епизоди: 145

"Љовисна" е една од најпопуларните венецуелски теленовели со Скарлет Ортиз во улогата на легендарната Љовисна, храбра девојка која ќе помине низ многу препреки поставени од нејзиниот татко-мафијаш. Серијата е снимена од веќе непостоечката Koral ТВ, а кај нас се прикажуваше на локалните телевизии..

Содржина:
Љовисна е прекрасна 20 годишна девојка која расте со Маруанта Санчез, бивша проститутка и пријателка на дедото на Љовисна, Каруачи дел Рио. Каруачи, бивш затвореник и сопственик на фабрика за железо, ја дал Љовисна како бебе на Маруанта да ја чува со цел да ја заштити. Ќерката на Каруачи се викала Респландор и била убиена мистериозно веднаш по породувањето, во обид да ја скрие својата тајна врска со Пио Ерес, сопственик на мелница за челик. Пио бил бескруполозен човек и единствено сакал син, па затоа Каруачи ја дал Љовисна кај Маруанта и со тоа бил приморан, дедото да ја осуди внуката на сиромашен живот со цел да ја заштити. Така Љовисна расте во сиромашен пансион со нејзината драга Mаруанта која ја смета за мајка и со доста пријатели во паснионот кои цело време ќе и помагаат. По 20 години, Каруачи доживува несреќа во една мелница и на смртната постела, и кажува на Љовисна дека дон Пио пред многу години му го одзел бизнисот со челик, го наместил да го затворат и ја убил нејзината вистинска мајка. И пред да умре, Каруачи ја моли својата внука да го поврати делот кој и припаѓа, а кој пред многу години и е одземен од злобниот Пио. Љовисна решава да го исполни ветувањето дадено кон својот дедо и да му се одмазди на Пио Ерес за сите злодела. За да влезе во фабриката, Љовисна ќе се маскира во маж. Таму ќе се вљуби во Ориноко Фуего, убав, згоден и бунтовен работник. Хесус Ферер е братот на Ориноко и пред многу години ја напуштил сиромашната фамилија и поради својата амбиција, решил да студира и да биде под целосно раководство на Пио Ерес, кој го одгледаа, а за возврат Хесус ќе мора да ги слуша неговите наредби. Заатоа го променил името во Карони, а во куќата на Пио се вработува Нивес, мајката на Хесус и Ориноко за да биде блиску до својот син. По низа интриги, Љовисна го напушта Ориноко и се мажи со Хесус Ферер и се вработува како генерален менаџер во една од мелниците на Пио и Хесус. Тоа го прави за да го спаси животот на Ориноко од злобниот Пио и да ги дознае нелегалните зделки на Пио. Но, на патот на својата среќа со Хесус или Ориноко, постојано ќе и стои амбициозната Дијаманте Ерес, која ќе си игра и со двајцата браќа, а ќе биде соучесник на дон Пио. Љовисна ќе помине многу препреки, неволји, авантури и страдања за да на крајот ја оствари својата љубов со Ориноко и да ги докаже сите злодела на дон Пио. Таа ќе си го поврати наследството од дедото и сето она што и припаѓа, но на самиот крај ќе дознае дека дон Пио е нејзиниот вистински татко и дека цело време се борела против сопствената крв.

Улоги: Скарлет Ортиз, Луис Фернандез, Каридад Канелон, Пабло Мартин, Хавиер Видал, Хуан Карлос Баена, Хенри Кастањеда, Алфонсо Медина​
 
Последен пат уредено:

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#2
Многу ја сакав серијава иако никогаш ја немам гледано комплетната верзија, само онаа скратена која одеше на Едо.

Преубава приказна и многу добра музика има. Би ја гледал пак.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
Автор на оваа тема #3
И јас ја гледав скратената верзија на ЕДО, тогаш одеше Есмералда но јас поради ја одбрав Ѓовисна. :hehe:
Во сите други градови се има давано целата серија, не знам зошто во Скопје само скратената. Љовисна и Ориноко се преубав пар, колку се плашев од Пио и за тоа што им го правеше на Ориноко и Љовисна.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Љовисна одела со македонски превод?

Знам Rosa Salvaje исто одеше во сите градови, освен во Скопје.
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
Автор на оваа тема #5
Еднаш коментиравме за Дивата роза, можеби одела и во Скопје пред Љубовни врски на ТВ Скопје, МТМ или на Едо. Кој би знаел, не се сеќаваш или не си гледал телевизија тогаш?

За Љовисна не знам со каков превод, ама знам дека цела одела секаде.
Најголема грешка на МРТ е што не ја дадоа по Касандра, така направија Србите.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#6
Не сум најсигурен за Скопје, но мислам дека не одела бидејки акоодела ќе ја репризираа потоа, бидејки ТВ скопје и МТМ по 4 пати ги репризираа Врските, Акапулко, Инферно, Страсти... ќе ја репризираа и Розата.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
Мислења
3,608
Допаѓања
51
Поени
48
#7
Јас воопшто не се секавам на ова теленовела (барем ја немаат давано на Визија).... Визија е основана во 2008 а на тој канал ја немаат давано... Или на Телевизија Прилеп или пак на Маркони ја давале...
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,282
Допаѓања
2,969
Поени
113
Автор на оваа тема #8
2008? :haha: Оваа серија беше давана 1999/2000 на локалните, ти ги памтиш само овие од последните години.