Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Los Rey, Azteca|2012-2013

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


ФАМИЛИЈАТА РЕЈ
Број на епизоди : 125

"Фамилијата Реј" е мексиканска ТВ новела, снимена од страна на продукцијата на Ацтека, која ги создаде популарните "Кога ќе бидеш моја" и "Кандидат". Главните улоги им припаднаа на Мишел Браун (ѕвездата на Скриени страсти и Научи ме да сакам) и младата и талентирана Росана Нахера.

Содржина :
Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Живеат на голема хациенда, опкружена со бајковити пејсажи и идила каква што секој би посакал. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства.
Безгрижноста на фамилијата Реј се чини дека ќе биде нарушена од Педро, човекот кој излегува од затвор и започнува да ја открива измамата која одамна му ја направил дон Еверардо Реј. Потполно е скршен и разочаран од сплетките на човекот кој го сметал за свој најдобар пријател, кој не само што го сместил во затвор, туку се оженил и со неговата сакана Ману и му го превзел целото богатство. За Педро доаѓа време на голема одмазда, време на враќање на она што одамна е загубено и вистинска војна со фамилијата Реј.
Воден од несопирливата желба за одмазда, Педро ги убедува своите деца, синот Педро Луис и ќерката Лоренса да ја мразат фамилијата Реј. И додека синот е опседнат со одмаздата кон фамилијата Реј, ќерката Лоренса е на чекор да му зададе удар на татка си каков што никој не можеше да очекува. Лоренса Малвидо е вљубена во Матијас Реј, и двајцата одлучуваат да се борат за својата љубов, и покрај сенките од минатото кои ги следат нивните семејства. Матијас и Лоренса ќе се венчаат и тој ја носи саканата сопруга на хациендата на својата фамилија.
Следува опасна игра на сплетки, ривалство и одмазда. Игра во која само љубовта е онаа што може да ги смири раскараните фамилии и да победи во борбата за моќ и одмазда.

Улоги : Росана Нахера (Лоренца), Мишел Браун (Матијас), Леонардо Гарсија (дон Еверардо), Офелија Медина (Мануела), Хосе Алонсо (Педро), Елизабет Сервантес (Паола), Каролина Миранда (Делфина "Фина"), Ариел Лопез Падиља (Гиљермо "Мемо"), Хуан Алфонсо Баптиста (Педро Луис)​

 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#4
По презимето и актерите ме потсетува на Passion de Gavilanes.
Ми се допаѓа изботот на актери во секој случај. Леонардо Гарсија го имам видено само во едно реално шоу El Principe Azul, не се сеќавам дали во некоја серија го имам гледано
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#5
Јас тој актер го знам од Белинда (не ја имам гледано, но толку многу сакав да ја гледам што во списанија и на интернет само за неа читав еден период) .
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #6
Ау, Даниело. Белинда? :haha: Се смеам бидејки и јас сум таков. Во моментов само за Rosa Diamante читам по форуми, не знам зошто, ми боде очи истално влагам во теми за таа серија. :haha:
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#7
Да, многу ми се свиѓаше содржината и знам дека во Тв Новеле читав секоја епизода што ќе се случува, ги знаев и ликовите и содржината и случките, а не ја гледав :haha:
Роса Дијаманте, Телемундо? :podaleku:
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#8
На Романтика ги даваа(т) овие реални шоу-а
Protagonistas de telenovela 1-2
El Principe Azul
La Cenicienta, си викам точно напишав. Ама Леонардо кратко беше во Принцот, се откажа и потоа негови другари актери исто продолжија до крај.

Промо материјаливе не откриваа ништо па не знам дали оваа серија би била интересна или не.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #9
Сите тие набројани реалити ги гледав. Одвратен беше Леонардо со неговата гринга мајка и надуваниот Андрес Гарсија. Потоа откако го сменија доведоа двајца принца на бели коњи. Едниот беше Малвин Кабрера (Te voy a ensenar a Querer) а другиот беше помалку познат.

Што се однесува до Los Rey како што пишува, теленовелата е римејк на американската Далас.
 

Missy

Нов Член
Мислења
3,189
Допаѓања
0
Поени
0
#10
Другиот е Jose Luis Franco http://www.imdb.com/name/nm0290573/

Кај и да е ќе ги почнам од Далас новите епизоди па ако некогаш дочекаме теленовелата ва ТВ да се дава можи и таа да ја гледам
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,802
Допаѓања
559
Поени
113
#12
Oh yeah, ова се чекаше. Ќе ја гледам на нет од понеделник, да држам чекор со вас што ќе гледате на МТМ и заедно да ја коментираме :)
 
Последен пат уредено:

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#13
И мене ми се допаѓа приказната. Се надевам ќе имам време да ја гледам.
 

Some Special

Добро-Познат Член
Мислења
4,107
Допаѓања
788
Поени
113
#14
Јас нема да можам да ја почнам од понеделник, но сепак ќе ве следам со вашите коментари.
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,802
Допаѓања
559
Поени
113
#16
Не ме зезајте сега, заради вас ќе ја почнам на нет да ја гледаме сите заедно :)
 

Beauty

Администратор
Мислења
18,230
Допаѓања
2,878
Поени
113
#17
Па тоа им е некоја мексиканска традиционална музика, не ме чуди. И Златен глас чинам имаше ваков жанр на музика :406389:
 

TVman

Добро-Познат Член
Мислења
5,802
Допаѓања
559
Поени
113
#19
Па тоа им е некоја мексиканска традиционална музика, не ме чуди. И Златен глас чинам имаше ваков жанр на музика :406389:
Хахах, мислев на тоа што Спешл нема да гледа, и ти што рече дека ќе гледаш да најдеш време. Зар не се гледа обавезно :) ?
 

Some Special

Добро-Познат Член
Мислења
4,107
Допаѓања
788
Поени
113
#20
@Aslan Turkey потврди дека ќе ја поставува веднаш после премиерата на МТМ? Бидејќи само Бјути ќе можи да ја гледа премиерата на ТВ. :D Ние другите не живееме во Скопје, а како што беше кажано, нашите локални подоцна ќе ја почнат.