Добредојде на форумот

Регистрирајте сѐ или логирајте сѐ за да имате целосен пристап на форумот на ТВ Пакет!

Најави се

Lost|2004-2010

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
Мислења
6,690
Допаѓања
0
Поени
0
Автор на оваа тема #1


И З Г У Б Е Н И
Број на сезони: 6
Број на епизоди: 121

'Изгубени' е Американска телевизиска драмска серија креирана од Џефри Либер, Џ.Џ Абрамс и Дејмон Линделоф, која гледачите ги оставаше нерамнодушни од 22 септември 2004, сѐ до епското финале, емитувано на 23 мај 2010. Серијата ги следи животите на група луѓе, преживеаните од авионската несреќа на летот Сидни-Лос Ангелес, чиј удар се случил на мистериозен тропски остров некаде на Јужниот Пацифик. Епизодите воглавно се помешуваат со сеќавања од минатото на некои од ликовите, а исто така и животот на ликовите од друга перспектива. Серијата е добитник на бројни ЕМИ награди, како и други телевизиски награди, меѓу кои се Screen Awards, British Academy Awards и наградата од Hollywood Foreign Press Association. За кратко време серијата стана глобален феномен како во САД, така и во целиот свет, привлекувајќи ги гледачите со своите мистериозни и одлично режирани епизоди.

Кратка содржина:
Серијата започнува со авионската несреќа која се случува на наизглед пустиот остров на сред Јужниот Пацифик. На почетокот дејството на епизодите ги следи преживеаните патници на летот Океаник 815 кои со заеднички сили се борат за чисто преживување. Нивните животи ги загрозуваат мистериозни настани како појава на поларни мечки, чудни звуци кои оддекнуваат од џунглата, како и злокобните жители кои преживеаните ги нарекуваат 'Другите'. Наскоро ја запознаваат Французинката Даниел Русо, која на островот се наоѓа уште пред 16 години од авионската несреќа, а пронаоѓаат и таинствено окно затрупано длабоко под земјата. И додека едната група преживеани ќе се обидат да го отворат окното и да влезат внатре, другата група гради сплав со кој ќе можат да го напуштат островот и да дојдат до цивилизација. За секоја епизода од првата сезона се карактеристични т.н "флешбекови" кои ќе му помогнат на гледачите да се запознаат поединечно со ликовите и причината заради што тие всушност се качиле на кобниот лет.​
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#3
Ми фали исчекувањето за нова сезона за во јануари/февруари. :(
 

Losteech

Администратор
Мислења
711
Допаѓања
0
Поени
0
#4
Burrows напиша:
Ми фали исчекувањето за нова сезона за во јануари/февруари. :(
И мене... а богами и милионите теории кои постојано се појавуваа додека траеше серијата... Дефинитивно еднаш во животот се случува вакво нешто, убаво кажаа продуцентите.
 

igorao85

Нов Член
Мислења
1,784
Допаѓања
0
Поени
0
#7
Ми недостигаат и на мене. Иако им останаа милион прашања не одговорени не верувам дека ќе прдолжат со серијава.
 

LucasScott

Нов Член
Мислења
8,009
Допаѓања
0
Поени
0
#11
Мене серијава ми беше интересна за гледање, но никогаш не се приврзав емоционално за неа. Воопшто не ми недостасува. Рамнодушен сум кога ќе прочитам за неа или кога ќе ја видам на ТВ. Едноставно има толку подобри серии.
 

Burrows

Глобален модератор
Мислења
4,964
Допаѓања
20
Поени
38
#12
Дали некогаш ќе се случи повторно да се рекламира масовно една американска серија, како што тоа се прави со шкарт турските и индиски серии денес?
Реклама од 8.10.2006 во „Неделно Време“ за Изгубени. Мислам дека ова е серија што доби најголема медиумска промоција на А1 на времето.

http://img259.imageshack.us/i/001wiy.jpg/
 

Losteech

Администратор
Мислења
711
Допаѓања
0
Поени
0
#13
Burrows напиша:
Дали некогаш ќе се случи повторно да се рекламира масовно една американска серија, како што тоа се прави со шкарт турските и индиски серии денес?
Реклама од 8.10.2006 во „Неделно Време“ за Изгубени. Мислам дека ова е серија што доби најголема медиумска промоција на А1 на времето.

http://img259.imageshack.us/i/001wiy.jpg/
Уф да, се сеќавам кога се рекламираа Lost, Greys, According to Jim и Sleeper Cell, есента 2006. Тоа беше тотален brainwashing, кој дефинитивно заврши успешно за А1. Мислам дека од тогаш па наваму започна машинеријата на Велија, која успешно менува трендови (кога и како ќе посака).

И да, тоа е доказ дека сериите како Lost тогаш беа и те како гледани. ;)
 

Sawyer

Нов Член
Мислења
34
Допаѓања
0
Поени
0
#14
Најдобра серија досега. И мене ми недостасува, баш ова време исчекував да почне нова сезона. Мислам дека за ниедна друга серија нема толку нестрпливо да ја чекам секоја наредна епизода.
 

$@N!

Нов Член
Мислења
17
Допаѓања
0
Поени
0
#15
Ја симнав и ја изгледам 6-та, последна сезона.. Плачев на последната епизода.. најубава серија што ја имам гледано.. омилена ми е
 

RedDevilGirl

Нов Член
Мислења
4
Допаѓања
0
Поени
0
#17
Единствена серија покрај Sunset Beach која беше популарна на времето која ја гледав,единствена серија која ме остави без здив,за која едвај чекав да започне.Многу возбудувања,неразјаснети работи,тоа е тоа што ми се допага овде.Глумците кој од кој подобро глумеше.